ДНК со „Спонзоруша“ до нов албум
„Спонзоруша“ е насловот на новата песна на популарното аренби-дуо ДНК на Панчо и Андреј, што воедно е и најава за нивниот нов албум што треба да излезе во мај. За темата што деновиве ќе биде пуштена на радиостаниците, веќе е снимен и провокативен видеозапис. Патем, новиот албум на ДНК ќе содржи 18 песни, меѓу кои ќе се најдат и нивните најголеми хитови: „Полна месечина“, „Таа тоа го крие“, „Навлечен на тебе“, „Змеј“. Продуцент на албумот е Раде Врчаковски- Врчак. |