Рони Вуд
Новата девојка во болница по расправија
Сапуницата за гитаристот на „Ролинг стоунс“ бескрајно продолжува, а во новиот инцидент девојката заврши во болница. Триесетгодишната Ана Арауџо го остави 62-годишниот рокер откако тој побесне зашто ги пронашла сликите на бившата девојка на Рони, руската келнерка Катерина Иванова.
Ана многу се вознемирила во љубоморната расправија и морала да ја повика службата за брза помош, која ја однела во болница. Ова не е прв ваков инцидент на Вуд, но сигурно е прв во кој некое лице поради него заврши во болница. Претходниот месец Ана искина две негови слики и го удри во главата откако откри дека, иако долг период беше на лекување од зависност од алкохол, сепак, продолжил да пие. |