Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија
Каде исчезнуваат пчелите од Полог

Болестите, пестицидите и предавателите се главни причини за намалување на бројот на пчелите

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Три причини влијаат на намалување на пчелниот фонд во Долни Полог. На прво место се болестите, следува труењето со пестициди што неконтролирано се врши при заштита на овошките. Но, највпечатливо е влијанието на предавателите за електронските медиуми, мобилната телефонија и кабелските телевизии.

„Пчелите имаат моќ да се оддалечат 5-7 километри од пчелното семејство и успешно да се вратат во своите кошнички и сандаци. Но, кога ќе се најдат во близина на предавателите или електричните далноводи, пчелите го губат вродениот инстинкт и не знаат да се вратат во своето семејство. Така, или се губат или умираат“, објаснува Мирче Настоски, претседател на Пчеларскиот сојуз на Македонија, инаку пасиониран пчелар. Решение на овој проблем за пчеларите е да ги поставуваат пчеларниците подалеку од предавателите и далноводите.

Настоски вели дека пчеларството веќе станува значаен извор за егзистенција и не е само хоби на пчеларите. Во нашата земја од пчеларство егзистираат 4.000-5.000 семејства. Тие имаат околу 75.000 пчелни семејства. Во различни периоди бројот на пчелните семејства надминувал и 120.000, но од повеќе причини годинава дошло до намалување.

Јонуз Махмути е претседател на Пчеларскиот сојуз на Тетово. Според негова евиденција, речиси 10 отсто од пчелните семејства во Македонија се од Тетовскиот регион, каде што има извонредни услови за пчеларство. Махмути смета дека над 180 пчелари професионално се занимаваат со оваа дејност.

Пчеларите имаат свои видувања за влијанијата на болестите и пестицидите во уништувањето на пчелниот фонд. Тие велат дека во зима, како најризичен период, недоволно упатените или ��лчни пчелари ги оставаат пчелните семејства без доволно зимски залихи. Во вакви услови не се придржуваат и кон потребата од нектарско прихранување или шеќерен сируп. Сето тоа условува појава на разни болести кои пчеларите не се во состојба да ги надраснат. Во тој период пчелите ги напаѓаат и надворешни болести.

Пчеларите укажуваат и на недоволната соработка со овоштарите за време на цутењето на овошките. Голем број овоштари токму во тој период ги третираат овошките со пестициди, кои се вистински отров за пчелите. Настоски и Махмути сметаат дека заштитата на овошките може да се обезбеди или пред цветање или потоа. Но, ако веќе се одлучат за прскање за време на цветањето, сугерираат на информирање на пчеларите за да ги затворат пчелите во најкритичните денови. Како последица на оваа негрижа и некоординација, забележани се масовни труења на цели пчелни семејства.


Статијата е прочитана 472 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 07.07.2009 00:33:48
Стара Македонска поговорка каде има кражба,лага,разврат оттаму бегаат пчелите и целото семејство.Кога сите пчели ке избегаат,како што почнале од Македонија,тогаш иде тоа најважното.Позз.
Од: Албан
Датум: 07.07.2009 09:21:40
Ova e globalen fenomen za koj imaat pisuvanio site vodecki svetski mediumi. Poveketo go citiraat Einstein koj navodno ima izjaveno deka "dokolku pcelite isceznat od liceto na zemjata, togas na covestvoto mu preostanuvaat uste samo cetire (4) godini zivot. Ako nema pceli, ke nema polinacija, znaci ke nema rastenija, ke nema zivotni, ke go snema covekot".

Најди! во Утрински
Економија
Недостигот од инвестиции ја влошува финансиската сметка
Во градот на текстилот најмал интерес за текстилното училиште
Суфицит со ЦЕФТА од 500 млн. долари
УЈП бара да се пријави приходот од туризмот
Крајно сиромашни се 90 милиони луѓе
Светот и понатаму е во економска криза
Бензините поевтинуваат за 2,5 денари