Суфицит со ЦЕФТА од 500 млн. долари
Белград – Србија во првите пет месеци од годината остварила суфицит од 497,7 милиони долари во трговската размена со земјите-членки на ЦЕФТА.
Ваквиот резултат најмногу се должи на извозот на земјоделски производи и пијалаци, објави Српскиот завод за статистика.
Србија во периодот јануари - мај остварила извоз од 918,9 милиони долари во регионот на ЦЕФТА, додека увезла продукти во вредност од 421,2 милиона долари.
Покриеноста на увозот со извоз достигнала 218,2 отсто. (Макфакс)
|