УЈП ги потсетува граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во туристичките центри и остваруваат приходи од тоа да ги пријават во УЈП.
Пријавувањето може да го направат во надлежните даночни канцеларии на Управата во местото каде што се наоѓа имотот кој се издава. Стапката на оданочување изнесува 10 отсто.
Граѓаните кои нема да поднесат пријава во предвидениот рок ќе треба да платат глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност. (МИА)