Крајно сиромашни се 90 милиони луѓе
Женева - Поради рецесијата, речиси 90 милиони луѓе се во состојба на крајна сиромаштија, се вели во извештај на ОН.Светската организација предупреди дека намалувањето на странска помош може да ги засили гладот и болестите.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, изјави дека сиромашните држави најмногу се погодени од економската криза и ги повика богатите држави да не ја намалуваат помошта. На сиромашните земји им е потребна помош за надминување на последиците од кризата, која се очекува годинава да придонесе за намалување на глобалната трговска размена за десет отсто, додаде Бан Ки Мун на отворањето на Конференцијата за помош и развој на трговијата во Женева. Тој истакна дека прекуграничната трговска размена „има огромен потенцијал за одржлив економски развој“.
„Трговијата може и мора да биде составен дел од нашите напори за стимулирање на закрепнување“, потенцира Бан Ки Мун на Конференцијата, чиј организатор е Светската трговска организација (СТО). (МИА)
|