Брoj 2787  понеделник, 15 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонски состојби

Некој треба да му каже на Груевски

Манчо Митевски

Преку извртени тези, неповолните трендови се трансформираат во позитивни

Македонската власт, поточно премиерот и неколкумина министри, потпомогнати од нивните платени мегафони во повеќе медиуми, ја доведоа речиси до филигранство стратегијата преку полувистини, извртени тези, па и невистини, неповолните трендови во државата да ги трансформираат во позитивни и со тоа да собираат поени и да билдаат рејтинг.

Една од најескплоатираните тези гласи: Македонија може и сама да се развива, и без НАТО и без ЕУ, ако веќе Грција решила по секоја цена да го опструира нашето асоцирање, барајќи да го смениме нашето име и да се откажеме од нашиот национален идентитет. Погрешна теза. Македонија со ваква политика влегува во висока зона на непредвидливи егзистенцијални и безбедносни ризици и излегува од природните текови на регионот, влегувајќи во самоизолација. Поради ваквите ризици, претседателот Буш на секој начин сака да не' внесе во НАТО, па макар и со сила! Не случајно амбасадорката Миловановиќ, која ни стана искрен поддржувач, на одење ни порача: „Не мислам дека постои каква било иднина за Македонија која би била позитивна, без влез во НАТО, и тоа без влез во НАТО набрзо“. Советникот на Груевски од Германија, угледниот Тео Вајгл, на оваа тема вели: „Сметам дека патот кон Европа е нешто што ја одржува земјата како целина“.

Втората теза е дека Македонија остварила 75 отсто од осумте одредници кои ги испорача еврокомесарот Рен. Според нашиот дописник, од Брисел се чудат како успеала Владата да пресмета дека е остварен тој процент. „Како се утврдува дека сте оствариле 75 отсто од независноста на судството, од непартизација на администрацијата и слично, се прашуваат во ЕУ, оценувајќи дека е дискутабилен и начинот на кој беа усвоени над стоте закони со кои владата се пофали во Брисел“. Јас би додал дека во седиштето на ЕУ не го забораваат деветтиот услов, нашиот „деветти круг“, крвавите јулски предвремени избори, кои Владата веќе ги заборави.

Третата теза која станува се' поприсутна како алиби пред годинашниот извештај на ЕУ и се' поизвесното повторно недобивање датум за преговори, е дека за ваквата состојба сите се виновни освен Владата - и Грција, која ја попречува евроинтеграцијата на Македонија со постојани закани со вето, барајќи промена на уставното име и на идентитетот, и ЕУ, бидејќи е заложник на Грција и на нејзините барања, во земјата опозицијата, некои интелектуални кругови и некои медиуми кои ја опструират власта во реформите, односно залагајќи се за компромис, предавнички се однесуваат кон името и идентитетот. Тука се надоврзува и повикот на премиерот со ��еза за единство на сите за стратегиските интереси. Тука станува збор за една извртена теза и за еден само декларативен повик. Имено, еден од виновниците за ваквата положба на земјата е Владата која нема завршено голем дел од обврските за евтоинтеграциите - веќе ЕУ не верува во чесен збор на некој министер и во формално, надве-натри донесени закони, туку во имплементирани реформи и видливи процеси, посебно во поглед на политичкиот дијалог во земјата. Повикот на Груевски за единство може да се интерпретира како цинизам, бидејќи тој беше факторот кој кога сите други бараа единствен став и настап во Букурешт, тој беше против. Отиде на самитот со став за име, но не и' кажа на јавноста, а потоа ги обвини сите за опструкции. Кога сите од него бараа остварување на деветте бенчмаркси, тој закажа вонредни избори, кои му ја продолжија власта, но ја уназадија земјата.

Некој треба да му каже на Груевски како да ги чита пораките што му доаѓаат од добронамерните од земјата и од странство, но и да го потсети дека, како и да се одвиваат настаните, тој ќе биде губитникот. Ако Македонија не биде примена во НАТО и во ЕУ, за изолацијата со текот на времето ќе биде обвинета неговата власт. Ако се дојде до компромис и Македонија се интегрира, тој ќе мора да го потпише компромисното решение, со што ќе биде запишан во историјата и за приемот, но и за некоја додавка во името.


Статијата е прочитана 2862 пати.

Испрати коментар

Од: Darko
Датум: 15.09.2008 00:18:05
Prvo opozicijata bese precka i opravdanie za da ideme napred... Sega e Grcija. Koj znae sto sledi.
Од: milco
Датум: 15.09.2008 01:10:14
premierot ili bilo koj izbran od narofot gi zastapuva isklucivo interesite na narodot a cii interesi zastapuvate vie gos.
Од: goran
Датум: 15.09.2008 01:19:21
Eh Manco, Manco.... sreka sto tebe ne te slusaat!!!
Од: kole
Датум: 15.09.2008 01:35:13
Neka pomine godina dve, pa Makedonskiot narod ke svati koj e nasiot Grujica i tajfata okolu nego...katastrofa za Makedonija... ama kasno ke bide... Grujo neka bilda rejting od glupavite makedoncinja, ama koga ke go svatat toa ke vidat deka kasno ke bide... togas neka jadat bumbari i neka go citaat Latas... Fuere ubavo mu kaza na Grujica kade e krivicata... ama Grujo ne slusnal, imal da pusta fiskulturna sala vo Belimbegovo... Prerodbata unistuva...
Од: seat zirovnica
Датум: 15.09.2008 02:09:49
tesko na nasava drsava so takvi patrioti kako nasiot milosevic grujo so bugarski pasos saka dane danese site da prosime na ulica zaradi izjavi taka nema dati dozvolime grujo da prosime na ulici ne vise so tvoite lagiiiii grujo patriote narodot neka umira za korka lepppp
Од: koki
Датум: 15.09.2008 03:18:31
se soglasuvam potpolno!
Од: Aleks
Датум: 15.09.2008 04:31:39
Mislam za vasha zal deka samo 2-3% od Makedonskata populacija ke se soglasat so ovie vashi avanturisticki izjavi gospodine Mitevski.Neznam sto da dodadam osven deka tekstov vi e promashena investicija-najseriozno i najodgovorno vi go kazuvam ova.Posle sekoe naredno popushtanje-juznite sosedi baraat novi zakacki so nas i na sekoj nacin ne ponizuvaat.Jas sum 1 000 000% siguren deka ako popushtime vo sporot so imeto-prasanjeto na Egejcite nikogas nema da bide reseno i povtorno od nas ke se baraat raznorazni otstapki i gluposti.Za zal nie vo Makedonija nemame izgradena nacionalna svest i edinstvo kako sto imaat nasite juzni sosedi.Za zal g-din Mitevski!
Од: od branko
Датум: 15.09.2008 05:40:15
Mnogu e daleku a sepak ne e nitu sigurno dali Cevenkovski ke se vrati na vlast so cel takvite kako tebe da vidat i raberat a uste poveke go osetat vladeejneto na SDSM. Vo denesni uslovi tie bi se "zagubile", ne oti VMRO ne pravi gluposti tuku zatoa sto nema potresi, skandali i krazbi.Zastitniot znak na SDFSM e kradejneto i samo kradejneto. Ako sakate da go eliminirate Gruevski trgnete po lov na kriminal i korupcija.
Од: vrves
Датум: 15.09.2008 06:16:52
Dali ti samiot se citas ili mislis deka toastokegonapises i e taka.Na pocetok kazuvas deka nekoj so nevistini go bilda rejtingot na vladata,deka vo stvarnost nie se naogjame vo funkcionalna kriza zatoa stone sme bile del od NATO.Vo Nato nesme zatoa stoGrcija ne saka ili sakas da si go smenime identitetot.Toj predlog na predvremenite izbori bese porazen, Vie gospodine ziveete so parite od makedoncite a ne od drugi,zatoa eden den se nadevam ke ostanite na ulica i za leb ke stradvite.Zosto go velam ova zatoa sto makedonskata kletva ke te stigni a ke gi stigni i site oni koi se trudat da ja unistat makedonskata samobitnos.Odi malce na internet citaj malce grcki vesnici aku togas ne ti se podigne makedonskata sves togas ti si anacionalen i nekorisen za makedonskoto opsestvo.Da zivee R.Makedonija i gospod da ja blagoslovi makedonskata nacija!
Од: ??
Датум: 15.09.2008 08:12:52
Манчо, ти да беше човек што користи аргументи па да има полза човек да дискутира со тебе, вака, како што зборуваш за инает се јавувам само за да не мислиш дека ти верувам (се согласувам). (Затоа што молчење е одобрување - рече некој) Европјаните се дволични и работат како им одговара. Јасно е веќе, откако ги примија Бугарија и Романија во ЕУ, а да не спомнувам Бадентер, Лисабон и сл. Јас сакам критериуми и сакам влез во ЕУ но НИКОГАШ како НЕМАКЕДОНЕЦ. Владата само ја следи изразената воља на народот на демократски избори. (сигурно нема да спориш дека мандатите се валидни?) А тоа што имало насилство на изборите е сосема нерелевантно, се решава во суд. Најбитно е мандатите да се валидни. Чија воља ти следиш и промовираш, е тоа е прашање. Можеби твоја. И да е така, пак си во малцинство. Колку што јас знам нема многу кои би пристанале на промена на името/идентитетот.
Од: гледач на Вистината
Датум: 15.09.2008 08:14:51
Море, луѓе. Ги читам анализите, размислувањата како во овој текст, па и коментари од читатели кои ја разбрале поентата. Се` е така. Не само од Брисел, вистината се гледа и од Марс. Но, проблемот е во бројките, односно во бројот на оние кои ја гледаат вистината! Вистината ја гледаат неколку проценти од населението. Најголемиот број, со своето незнаење, му го градат Рејтингот и го поставуваат на власт.
Од: jovan
Датум: 15.09.2008 08:37:00
Propagandnata masinerija vo momentov e mnogu silna. Poveke od polovina od oligarsite i starite strukturi se zastiteni tokmu od VMRO-DPMNE. Zatoa i nemame opozicija. Skoro site onie oligarsi i tranziciski mafijasi koj do vcera go finansiraa SDSM sega se vo taborot na VMRO-DPMNE. Ostanaa da se sprotistavuvaat na ovaa Vlada samo nekoj osameni intelektualci koj i onaka nikoj ne gi slusa. Del od onie koj "laat" protiv Vladata laat so namera da im se frli i nim nekoja koska za da molcat. Situacijava vo drzavava ni e katastrofalna na site polinja.
Од: jimmy1
Датум: 15.09.2008 08:48:52
Ova sto go pisuvas nema nikakva vrska. Imeto nie Makedonija i nisto drugo. Dali mozi da mi odgovorite cii interesi gi zastapuvate? Vie sto se pravite sveznalici nastojuvate da promenime ime na drzava a Grcija ne saka da promeni ime na pokraina.
Од: jordan
Датум: 15.09.2008 08:51:07
Tolku e providna cela rabota sto veke na site im e jasno.Za sto se raboti?Se raboti za toa sto nasi politicari koi cvrsto veruvam deka rabotat za tugi interesi.Tie porano gi narekuvaa kodosi sega neznam kako.Poglednete vo serija kako izleguvaat i go napagaat Premierot na sekoj mozen nacin.Predlagam da se napravi lista na tie luge t.e. da se vika CRNA LISTA na kodosi.Pa i bi nabrojal spored mene nekolku od taa lista: 01.Kiro Gligorov 02.Branko Crvenkovski 03.Ljubomir Frckovski 04.Stojan Andov 05.Denko Malevski 06.Tito Petkovski 07.Zoran Zaev 08.Radmila Sekerinska 09.Jani Makraduli 10.Vlado Buckovski Gi ima uste i predlagam koga ke im pomine mandatot da im se sudi.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 15.09.2008 08:51:25
Dogovori sredba so Premierot i kazi mu gi instrukciite na tvoite rabotodavci. Sram da ti e, ti nikogas ne prestanuvas. Zasluzi mesto i vo Ednooki, cestito.
Од: Prilepcanec
Датум: 15.09.2008 08:51:37
Na premierot nikoj nisto ne mu kazuva:toj se znae.Toa e prvo,a vtoro-procentite mu gi presmetuval Amdi Bajram.Se sekavate na ona sto eden i tn. Znaenjeto na premierot i smetacot na Bajram ne vodat vo svetla idnina Ovde nekoj rece:sreka sto tebe (novinarot,n.b.) nikoj ne te slusa. Nesreka e sto nikoj nikogo ne slusa,posebno sto vladatelite nemaat sluh za komentarite na novinarite,posebno onie sto ja izgradile svojata kariera vo tek na decenii,sto ne se od vcera-kako premierot sto e vo politikata,pa so narodot i drzavata se odnesuva posesivno kako malo dete so igracka. Trebe gospodinot premier,ili nekoj zadolzen,da gi cita i analizira i ovie kazuvanja-zasto site sme narod,i ona sto ni go podgotvuva vlasta se odnesuva na site nas.A nie mu dadovme doverba da vladee,zatoa sto znae-a se pokaza deka znaenjeto mu e slaba strana.
Од: Стале
Датум: 15.09.2008 10:14:39
До сите ВеМеРО-вци: Обачета, ај одете и читајте си Вечер.Таму се` е подредено на вашата вистина и премиерот ви е безгрешен.Оставете не` нас слободно да мислиме. Нам не ни е потребен некој кој ќе ни кажува што треба да јадам, или како да се облечам претпочитаме сами да одлучиме за тоа.
Од: realen
Датум: 15.09.2008 10:17:13
Ogovor zaJimmy. Jimmy, ti ili si naturiliziran Australijanec ili Makedonec so Bugarski pasos. E kako tebe ima eden kup ^Makedonski patrioti^ koi lajat od nadvor. Neka dojdat neka ja vidat Makedonija kako tone vo Balkanska kal. Edna Albanija ne pretekna. Ne zaboravaj prosecna realna Makedonska plata e 80-100 evra. Ako ostaneme von NATO i EU ke imame prosecna plata 20-30 evra. A mozebi za eden golem inaet ke ostaneme i bez Makedonija.
Од: споредба
Датум: 15.09.2008 10:22:23
Во друга статија од денешниот утрински пишува „...Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од грчкото Министерство за надворешни работи, објави дека Атина е „сериозно загрижена“ по последните предлози од Нимиц. Загриженоста на грчката страна е најмногу поради вклучувањето на прашањата за македонскиот јазикот и нацијата во пакетот идеи...“ ТОГАШ МОЖЕТЕ ЛИ ДА ЗАМИСЛИТЕ КАКВИ БИЛЕ ПРЕТХОДНИТЕ ПРЕДЛОЗИ НА нимиц, што овој „новинар“ и неговите поддржувачи инсистират да ги прифатиме како отстапка. Ако дури сега се воведува како предлог ЈАЗИКОТ И НАЦИЈАТА, неможам ни да замислам што се ќе сме прифателе ако ги слушавме овие „експерти“ како пишувачот на текстот и слични на него.
Од: Natasha Gjorgjievska
Датум: 15.09.2008 10:23:11
mnogu e lesno da komentirate tug trud i boraba.Zar spored vas sakate da se vikame i bilo kako samo da odite vo nato i Evropa , pa od 1 januari ke vi bidat otvoreni granicite pa odete nadvor i bidete i Amerikanci i Azejberdzanci kako sakate.Ako ste tolku pametni ajde vie soberete se i donesete poinakvo resenie i nie ke ve slusame
Од: Strizenje na golo
Датум: 15.09.2008 10:32:20
Do Aleks: Kako dojdovte do taa matematika g-dine Aleks od sam 2-3%. A kolkav e procentot vo Makedonija koi ja sakaat da ja vidat vakva, zatvorena kako trlo, "crna dupka" vo Evropa, izolirana , osiromasena i besperspektivna ne samo na ekonomski no i na bezbednosen plan i so zagrozen nejzin opstanok, se zaradi nekakvi romaticarsko -anticki, hunzirani vizii na vladeeckata struktura, koja svesno saka" selo bez kucina" pa da pravi se sto saka, bez nikkvi ogranicuvanja. Pa koga se fatil Grujo za referendum, ajde i neka go raspise, no so korektno prasanje: Koje e za vlez vo Nato i Eu , so promena na imeto vo Severna Makedonija, a zacuvuvanje na nacionalniot identitet( makedonski jazik i makedonska nacija) a koj e protiv, pa ce vidime kako stojat rabotite. No se dodeka ima ludje so takvi mislenja kako tvoeto,ili potocno se dodeka ima ovci za strizenje ce ima i volna
Од: д-р Јунг
Датум: 15.09.2008 10:48:27
Толку малку народ, а толку, при очи слепци, нема никаде! Македонија од ден на ден, се повеќе ми наликува на ПСИХИЈАТРИЈА ВО ПРИРОДА!
Од: razocarana
Датум: 15.09.2008 10:52:11
neznam do koga ovoj narod ke se laze?sve ste vo pravo gospodine mitevski.ama na kogo ke mu kazete ostavete gi ovcite ke se osvestat za nekoja godina.ke se lincuva grujo isto kako i milosevic vo srbija.sreka srbite se osvestija ama nie ne veruvam nikogas?mislat makedoncite deka imaat golem patriot ,ke si go vidite i samite koga ke dojde vreme.
Од: silvester
Датум: 15.09.2008 11:46:45
Edno zapametete. Postoi SAMO INTERES I NISTO DRUGO. Makedonija e mala i neatraktivna na pazarot od vrednosti. Bez razlika na emocii i patriotizam realnosta e taa. Anglija nema prijateli, ima samo interes - Churchill.
Од: jas
Датум: 15.09.2008 11:47:25
Можеби овој или оној ни е крив, а што е со претходните 15 години и оние кои не работеле ама баш ништо за тоа време ??? Се донесуваат системски промени во рок од 2 години што требало да се сработат во тие пропуштени 15 години господине. Зошто не ги критикуваш оние мегафони кои промовираат само крадење на имотот на граѓаните ??? Па нормално, доколку ги донеле законите немало да можат да крадат. Е тоа време заврши, а што се однесува до постоењето на Македонија, таа нема да постои доколку повеќето од нас размислуваат како вас а не што можат да направат да им биде животот поубав. Почнаа да се движат работите во Македонија па на некои луѓе им пречи. Што може да се очекува од моменталната опозиција која не може да се организира а камоли да ја организира државава?? Одговорете на овие прашања ако одговорот е политички подобен!!! :))
Од: demokrat
Датум: 15.09.2008 11:51:13
За текстот и за новинарот немам коментар.КОга на некој комунизмот од рани години ќе му влезе во мозок тоа е.Манчо ако денес за ручек дома не ти спремиле да знаеш Груевски е крив.Како и да е, денес е празник.Бранков-ден.Па 15-ти септември е.Честит празник!!!
Од: zoki
Датум: 15.09.2008 13:05:19
potpolno se soglasuvam so Kole
Од: bobi_sk
Датум: 15.09.2008 13:15:58
makedonija mora sto pobrzo da bide primena vo nato i eu a pod koe ime toa e najmalku vazno zasto narodot ne moze poveke da ceka i da osiromasuva doeka gruevski i tie okulu nego do den na den se poveke se bogatat a nie neli sme si makedonci a drzavata neka se vika bilo kako samo neka bideme del od civilizirana evropa i svetot oti vo sprotivno ke se raskazuvaat prikazni za fyrom isto kako i za anticka makedonija a i ovie antickive makedonci dosadni se veke ete im ja grcija ako gi primat neka odat tamu neka uzivaat vo egejska makedonija
Од: Vecna mu slava Ivan Sapteski! Koj e Kiro Grigorov?
Датум: 15.09.2008 13:35:03
Dobro napisano Manco, se nadevam ova ne e protivpartiska kolumna. A na Gruevski i Branko i Kiro Gligorov jas im kazuvam vie ste nikoj i nisto vo sporedba so dedo mi koj se borel vo vtorata svetska vojna za da tie denes imaat funkcija, plata, i dobar zivot vo svoja nezavisna drzava. Tie se isto taka nikoj i nisto vo sporedba so herojot brat na dedo mi koj go dal svojot zivot vo vojnata. Zosto? Za da denes vie gospoda funkcioneri ja brisite slobodata, dostoinstvoto, postoenjeto na Makedoncite so vasite pregovori so Grcija!! Nikola svesti se site mladi ja napustaat makedonija, a ti si pregovaras za imeto. Na kraj ti ke izgubis, i gubis veke i toa od Albancite zasto sam so niv ke ostanis, jas ja napustiv Makedonija, narodot ja napusta Vladata i Predsedatelot. Vie ste bedni predsedateli i ex predsedateli na Mk , premieri, ministri itn....
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 15.09.2008 13:51:09
Во услови на егзистенцијална несигурност наодот го бира силниот а не паметниот. Груевски глуми сила и почнува да наликува на Милошевиќ, првин ги палеше србите, им викаше сите се лоши на страна, сами ке тераме против ЕУ и НАТО и накрајот шиптарите го добија Косово. И јас не ја сакам Америка и некои од западна Европа ама мораш со нив ако сакаш да опстанеш и да победиш, тие се сила сега во светот. Историски гледано тие што биле со актуелната империја опстанувале, тие што биле против се губат како нација.
Од: Стојан
Датум: 15.09.2008 14:26:29
Тешко е да му објасниш дека греши на новинар кој цел живот бил на едната страна од политиката. Но тој самиот пред огледало нека си одговори: каков ке беше коментарот во овој весник за истите случувања до колку премиер беше Бранко? Ќе му кажеше дека тој ништо не разбира!? Колку што ме држи сеќавањето, и во потешки ситуации за РМ таков коментар немало. Толку!!!
Од: To.St.
Датум: 15.09.2008 14:43:41
E Gorane, Gorane. Dali ke odis da ja branis makedonija koga ke ni se povtori 2001? Ova natamu vodi. Novinarot ne izmisluva tuku so fakti kazuva deka ovaa vlada e sobir na diletanti i politicki neznalici koi na kraj ke ja dovedat Makedonija do izolacija i raspad. Ova e vistina i nemoj da gledas preku svoite portokalovi naocari. Si cul li deka se formirala vlada na republika ilirida ili toa nisto ne ti kazuva. Sramota za tebe i tvojata licnost ako ovaa statija ja svatis na "tvojot" nacin.
Од: goran
Датум: 15.09.2008 14:48:45
gi citam komentarite i nemozam da se nacudam kolku glupi luge ima vo nasata makedonija ednite gi branat VMRO drugite pak SDSM tie bile podobri abe luge svestete se ednas i tie i tie se isti kriminalci kako mozete da go falite grujo kako ploiticar vi se molam pa toj neznae da odi a ne politika da vodi koj bil politicar od negovoto semejstvo tatkomu dedomu koj nikoj vleze vcera vo politika i toj ke vodi narod ama moze takvi kako vas koi mislat samo so maliot mozok a branko ne kradel mnogu sve sto imase da se ukrade e vo nivni race a vija sonuvajte za makedonija i eu nato ama koga koga ke se raspadne ovciiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii
Од: po skopski
Датум: 15.09.2008 17:13:48
Do bobi_sk, a be bobi da te prassam nessto, ti stvarno misliss ako MK vleze vo EU se kke bide vo red? Eve ti primer Grcija e vo EU 30tina godini pa sepak so standardna plata od 1/4 od sredan plata vo razvienite evropski zemji. Ak MK vleze vo Eu za nekolku godini mozzno e platite da se pokaccat za 100-200 evra. Epa sega kazzi mi: toa li e tvojata cena da si go prodadess identitetot. Luge, EU ne e preduslov za razviena ekonomija i podobar zzivot, naprotiv.....
Од: asterix
Датум: 15.09.2008 17:53:32
Da se nadovrzam na Darko NARODOT E SLEDEN!!!!!!
Од: karolina
Датум: 15.09.2008 19:08:56
abre narode sto sakate vie uste od gruevski.dobro toj si ja tera rabotata pa fatete se malku za rabota sakate meseno obeseno.
Од: ucitel
Датум: 15.09.2008 21:04:04
Г-не имате проблем со ставовите. Глупостите во МКД почнаа со Киро, продолжија со Бранко и Љупчо и ете ги имаме и сега. Сериозен човек кога пишува напис во весник треба да се апстрахира од дневната политика и да направи анализа. Во сппротивно некој треба да Ви каже дека правите невидена штета кого се обидувате да не убедите дека глупостите се од вчера. Не го заборавајте 15-ти септември, АЛФА-с, ТАТ, Џамаданче, приватизацијата, семејството Пановски и ред нешта кои пред се и над се се заслуга на државникот Б.Ц. Секако како заслуга на Б.Ц. и неговата камарила е и уништувањето на македонскиот образовен систем. Но изгледа дека за ваква анализа не сте ниту вие, ниту нарачателите на горниот текст способни. Единствено нешто за што мои најмили колумнисти сте способни за слепо следење на партиската патека. Се надевам дека ова еднаш ќе се смени, а додогаш нека му е Господ на помош на граѓаните на РМ. Аирлија нека ни е ПОФАЛБАТА НА ГЛУПОСТА.
Од: devicanecot
Датум: 15.09.2008 21:26:06
Manco, bre.. Svesen li si sto pisuvas... Kakov razvoj so NATO... Ako ima nekakov razvoj so EU, sto e i toa pod znak prasanje, no kakov so NATO??? Kolku godini e Nato vo Kosovo??? I sto razvi?? Trgovija so lugje, droga, prostitucija. Koi demokratski institucii NATO gi razvi na Kosovo?? ILi vo IRAK??? Ako imas argumenti, bi sakal da gi cujam.
Од: Zoki
Датум: 15.09.2008 21:47:05
Dobro be lugje,do koga be vaka,na se sto e dobro da plukame i da barame zadni nameri vo toa!!!!!!do sega imam milioni pricini da veruvam vo ovaa vlada,a stotina da ne veruvam!!Kako i da e podobro e!Ima nekoj socijalni merki sto treba da se pozdravat! Grcite ne baraaat samo dodavka vo imeto.kako sto vikas,baraaat se!Identitet,jazik,pa za se da popustame,Makedonija postoela i kje postoi,Radovis(primer samo) da ostane od MakedoniJA, MAKEDONIJA KJE SE VIKA!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Рог за свеќа
Катните гаражи се „изгубија“ во деловните објекти
Борбата против корупцијата секогаш носи непријатели
Претходен број
Зденко
Тоне бродот на старите партнери на Груевски
Атина незадоволна од новото предлог-решение на Нимиц
Славистите од Грција со почит кон почетоците на словенската литературна реч
Осигурителните друштва против интервенционизмот на Владата
Храна за црви (а, „Пиреј“)
„Боинг 737“ на руска авиокомпанија се запалил во воздух, загинаа 88 луѓе
Мето Јовановски лауреат на „Шишков“
Кошаркарите на чекор до Полска
Verbatim