Брoj 2787  понеделник, 15 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Руски „Боинг 737“ се запалил во воздух, загинаа 88 луѓе

На 1.800 метри беше прекината радиоврската, по што авионот се урна, а неговите делови беа расфрлени на 10 км

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Недалеку од рускиот град Перм, што се наоѓа на Урал, во неделата во 5,10 часот по локално време, се случи авионска катастрофа во која загинаа 88 луѓе. Се урна „боинг 737-5000“ на компанијата „Аерофлот-норд“, кој полета од московскиот аеродром „Шереметјево 2“, во 1,12 часот. По два часа, во 3,10 по московско време, додека беше на висина од 1.800 метри, беше прекината врската со пилотите. За половина час авионот се урна на земја, а неговите делови беа расфрлени на територија од десет километри.

„Во авионот се наоѓаа 88 луѓе - 82 патници и шест членови екипаж од рускиот град Архангелск. Меѓу загинатите има седум деца. Од 82 патници, 21 се странци, меѓу кои деветмина Азербејџанци, петмина Украинци и по еден Французин, Швајцарец, Латвиец, Американец, Германец, Италијанец и Турчин.

Ретките очевидци тврдат дека „голем факел“ нагло удрил во земјата. Постои сомневање дека авионот се урнал поради дефект на моторот, кој се запалил. Од друга страна, рускиот авиоексперт Олег Пантелеев вели дека постојат точни инструкции што треба да се прави ако се запали мотор. Тој мора да се исклучи, а „боинг“ може да лета и со еден мотор. Пантелеев не исклучува можност да се запалил некој друг витален дел од авионот.

Во испитувањето на причините за несреќата ќе бидат вклучени експерти на руското Министерство за одбрана. Нивна задача, меѓу другото, е да утврдат дали случајно во авионот бил подметнат експлозив, односно дали станува збор за терористичка акција. Вистинската причина за катастрофата ќе се дознае наскоро кога ќе се дешифрираат записите од двете „црни кутии“, кои веќе се пронајдени.

Авионот што се урна во близина на Перм е произведен во 1992 година, а „Аерофлот“ го закупи на 28 јули годинава и требаше да го користи до март 2013 година. Фирмата „Пајнвоч ЛТД“, која и' го даде авионот на „Аерофлот“ на лизинг, има канцеларија во Даблин, Ирска. Истиот авион претходно го користеше кинеска компанија. Последниот целосен сервис на „боингот“ што доживеа катастрофа беше извршен годинава. За секој загинат, „Аерофлот“ ќе плати по два милиона рубли (1 евро е 36 рубли).

Поради тоа што по катастрофата беа оштетени околу 500 метри од пругата, десетина часа беше прекинат сообраќајот на Трансибирската железничка магистрала.

Министерот за вонредни состојби, Сергеј Шојгу, веднаш за несреќата го информира претседателот Дмитриј Медведев, кој потоа му нареди на министерот за сообраќај, Игор Левитин, веднаш да отпатува во Перм и да раководи со комисијата, која ќе ги утврди причините за катастрофата, но и ќе им помогне на семејствата на загинатите.

Ова е најголема к��тастрофа на руските авиокомпании во последните две години. Во август 2006 година патнички авион „ТУ-154“ на компанијата „Пулково“, што леташе од летувалиштето Анапа на Црно Море кон Санкт Петербург, падна 45 км од украинскиот град Доњецк. Тогаш загинаа 160 патници и десет членови на екипажот. Во март 2007 година во Самара, авион доживеа несреќа при слетување и тогаш загинаа шестмина луѓе, а 26 беа повредени.

Меѓу загинатите патници е и рускиот генерал-полковник Генадиј Трошев (68), кој патуваше во Перм. Трошев беше советник на претседателот на Русија, а со години беше командант на руската 58. армија, лоцирана на Кавказ. За војувањето во Чеченија, Генадиј Трошев доби орден за херој. Тој патуваше во Перм на спортски натпревар во „самба“ (самоодбрана), што е комбинација од неколку боречки спортови.

Петмина патници кои веќе купиле билет за тој лет имале среќа, па останаа живи. Тие не поминале на регистрација, па ниту влегле во авионот што доживеа катастрофа. Еден од тројцата патници бил толку пијан што контролата не му дозволила да влезе во авионот на лет кон Перм.


Статијата е прочитана 619 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Рог за свеќа
Катните гаражи се „изгубија“ во деловните објекти
Борбата против корупцијата секогаш носи непријатели
Претходен број
Зденко
Тоне бродот на старите партнери на Груевски
Атина незадоволна од новото предлог-решение на Нимиц
Некој треба да му каже на Груевски
Славистите од Грција со почит кон почетоците на словенската литературна реч
Осигурителните друштва против интервенционизмот на Владата
Храна за црви (а, „Пиреј“)
Мето Јовановски лауреат на „Шишков“
Кошаркарите на чекор до Полска
Verbatim