Брoj 2787  понеделник, 15 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ИНТЕРВЈУ

Борбата против корупцијата секогаш носи непријатели

Моника Маковеј, владин советник за борба против корупцијата

Гордана Дувњак

Госпоѓо Маковеј, во Македонија дојдовте со статус на антикорупциска ѕвезда од регионот. Како се случи само по една година Вашите предлози за специјалните истражни мерки да наидат на толку жестока реакција во македонската јавност?

Борбата против корупцијата е процес што треба да се изгради и на тоа работам со националните власти. Доколу борбата против корупцијата е искрена и вистинска, секогаш ќе носи непријатели.Самиот процес на борба против корупцијата е знак на вистински промени. Ако се' е мирно и се одвива во тишина, значи ништо не се случува. Од она што го прочитав во медиумите, пораката што му се испраќа на народот е дека секој може да биде прислушуван, без да се следи коректноста на таа постапка.



Граѓанскиот сектор и експертите Ве обвинија дека Вашите решенија се недемократски и засегаат во човековите права и слободи, бидејќи се нуди широк опсег на специјални истражни мерки и не се води сметка за спецификите на државата, туку се пресликуваат решенија.

Смешен аргумент е дека Македонија не е Романија. Македонија е земја како и сите други земји во регионот, којашто има проблеми со корупцијата. Не само во земјите од регионот туку и во светот, борбата против корупцијата вклучува специјални истражни мерки. Она по што Македонија се разликува од другите земји е тоа што законски специјалните истражни мерки се усвоија многу доцна и почнаа да се имплементираат дури во 2006 година. За кого било што би ја анализирал борбата против корупцијата, а не само за мене, е несфатливо како досега сте се бореле со корупцијата без вакви мери. Загрижува и тоа што слушаме дека прислушувањето, сепак, се вршело, но без законска основа. Доколку зборуваме за заштита на човековите права, во интерес на граѓаните е да се регулира употребата на специјалните истражни мерки. Слушнав аргументи дека овие решенија ги прекршуваат човековите права. Меѓутоа, не слушнав ниту еден национален експерт да се повика на Европскиот суд за човекови права.



Што е спорно во предлозите?

Со измените што ги изработивме во соработка со меѓународни експерти, се прошири примената на посебните истражни мерки, поконкретно прислушувањето, и на случаи на корупција кога не се работи за организиран криминал. Значи, не само кога има организирана група од тројца. Пред овие измени, ако имавме група од тројца луѓе инволвирани во корупција, можеше да се употребат. Меѓутоа, тоа не беше возможно, доколку се двајца. Разликата е што порано можеше да се следи група од тројца, а сега и двајца. Не гледам како со тоа ги кршам човековите права, кога се знае дека кор��пцијата најчесто се врши „еден на еден“. Еден нуди нешто на пратеници, судии, доктори. .., другиот прима. Не знам како можат да се решаваат овие случаи на корупција поинаку.Човековите права се гарантирани со фактот што истражниот судија издава наредба за примена на овие мерки.



Никој не го спори правото на прислушување, туку опсегот, а најмногу фактот што недоволната контрола може да доведе до злоупотреби.

Битно е граѓаните да разберат дека порано овие мерки беа употребувани за кривични дела над четири години затвор, како и за организирана група. А, сега ќе биде покриена и корупцијата. Она што би сакала да го објаснам е дека стравот доаѓа кај оние луѓе кои имаат за што да се плашат, кои земале или дале поткуп.



Примената на истражните мерки и досега различно се толкуваше дури и во рамките на иста институција, а подоцна резултираше и со ослободителни пресуди на Врховен суд поради погрешна примена?

Ако во Македонија постои проблем во спроведувањето на законите, треба да се фокусирате на тој проблеми, како функционира постапката од издавањето на налогот. Сосема друга работа е проширувањето на опсегот. На пример, во Романија најголемите случаи на корупција беа решени со употребата на специјалните истражни мерки, кои во Македонија не би биле возможни доколку не се изменеше законот. Затоа, нагласувам дека гаранцијата лежи во истражниот судија и во неговата совесност да ја проследи постапката. Може да помогнеме во обуката на истражните судии и како транспарентно да ја применуваат таа постапка.



Да, но тоа подразбира независни и силни институции, што не е случај во Македонија. Проблемите не се јавуваат во законите, туку во практиката?

Но, не смеете да усвојувате погрешни закони поради лошата практика. Мора прво да се усвојат правилни мерки, а паралелно на тоа, да се работи на независноста и транспарентноста на судството.



Во колку држави се применуваат вакви решенија?

Работев заедно со италијанскиот експерт од твининг- проектот, кој му дава поддршка на Одделението за организиран криминал во Јавното обвинителство. Нашето искуство говори дека вакви решенија се применуваат во најголем број европски држави.



Како го коментирате тоа што измените беа донесени во скратена процедура, без опозиција и без поширока јавна дебата?

Не бев инволвирана во процесот на донесување, туку само во процесот на подготвување. Во работната група што ги правеше измените, имаше претставници од сите национални институции: обвинител, судии. На првиот состанок присуствуваше и професорот Владо Камбовски. Доколку се осврнеме на тоа што се случило со законот во Собранието и како бил донесен, лично сметам дека недостатокот на јавни расправи во парламентот не е здраво. Парламентот е место каде што треба да се дискутира.Сите - и опозицијата и власта, треба да се вклучат во расправата, што би било знак дека пратениците го прочитале законот и можат да дискутираат.



Зошто се отиде на парцијална промена на ЗКП, кога работна група работи на изработка на нов закон?

Тоа не беше моја одлука. Колку што сум запозната, работните групи што работат на измена на кривичното законодавство, тоа ќе го работат подолго време. Тоа е екстензивна работа што ќе потрае. Уште една причина е тоа што, според упатствата што ги добивме во осумте репери, во една од мерките се препорачува да се направи ревизија на специјалните истражни мерки, поточно во делот на корупција .Исто така, и во извештајот на оценувачката мисија на ЕУ во март беше препорачано да се прошират мерките и во делот на корупцијата.



Со Вашето име се врзува идејата за предвремено пензионирање. Дали некогаш сте му предложиле такво нешто на премиерот или на министерот за правда?

Да, такво нешто прочитав во медиумите. Не, таква препорака не сум дала. Се прашувам само зошто ниту еден новинар не се јави директно во мојата канцеларија и не провери дали е точно тоа.Сепак, сакам да нагласам дека реформата во судството не завршува со формирањето на Судскиот совет. Тоа не покажува дека имате реформиран судски систем.



Во која насока ќе се движат Вашите препораки во борбата против криминалот и корупцијата?

Еден многу важен проект на кој работам е поврзувањето на базите на податоци на институциите, што ќе овозможи проток на информации. Станува збор за електронско поврзување, кое ќе биде компатибилно со стандардите на Европа (ЕУРОПОЛ). Македонија има потреба од поголема с��дска и полициска соработка. Исто така, работам на воведување нов тип криминал во Кривичниот законик - незаконско богатење, што всушност претставува корпорирање на членот 20 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата. Исто така, би сакала да дадам свој коментар и околу измените на Законот за кривична постапка затоа што овој закон е основата за борбата против криминалот и корупцијата и важен инструмент за скратување на судските постапки. Сакам да им помогнам на националните власти подобро да одговорат на барањата и на критиките на Европската комисија.



Каде ги детектиравте главните слабости на македонскиот правен систем?

Македонија воопшто не е различна од другите земји од регионот. Истите проблеми ги имаа и се' уште ги имаат во повеќето земји од регионот, вклучувајќи ги и Романија и Бугарија, кои веќе се во ЕУ. Првиот проблем е што во деведесеттите години судиите не беа ставени на сериозен тест. Не сум сигурна дека судството е самото способно да се раководи на јасен начин. Обично длабоките реформи не доаѓаат однатре и не се иницирани од професионалната категорија. Во човековата природа е да не се менуваме.Тоа значи дека има потреба од надворешна иницијатива на структурално ниво.

Забележав дека не се објавуваат пресудите. Судиите мора да ги објавуваат пресудите, дури и на веб- страница, за да може секому да му биде достапно образложението на пресудата. Исто така, мора да се унифицира и уедначи судската практика, да се скратат процедуралните правила, а со тоа и судските процеси. Што се однесува до интегритетот, мора да се почне со проверка на анкетните листови и пријавувањето имот. Доколку зборуваме за судскиот систем, треба да се погледне во секој од тие анкетни листови и да се постават прашања од каде дошле до некој имот.



Често потенцирате дека судските процеси против политичарите се тест за судството. Зошто е тоа важно?

Издржливоста на правосудниот систем, почнувајќи од истражни судии, обвинители, се гледа токму преку вакви случаи. Значи, никој нема да им се јави на телефон за некој обичен човек. Но, доколку се даде отпор на ваквите притисоци, тоа е одличен знак за независноста на судскиот систем.



Дали сметате дека е искрена битката против корупцијата што се води во Македонија и колку се точни констатациите за селективност?

Да не е така, не би била овде. Од моја гледна точка, мерките што ги предложив беа промовирани. Во исто време и процената што беше направена од ЕУ во март покажа прогрес во борбата против корупцијата. Не можам да дадам оцена дали има селективност.За да биде борбата против криминалот и корупцијата поефикасна, јавните обвинители не би требало да ги интересира за кого станува збор. Најдобри резултати ќе се покажат доколку не тргнуваат од личноста и каде припаѓа таа.

Сепак, мора да ви кажам дека во Романија вакво нешто се случи дури во 2005 година. Тоа значи дека дури тогаш почнаа политичарите да се ставаат под истрага, без разлика дали се во власта или во опозиција. Тоа беше долг процес. Во Македонија можам да слушнам изјави дека се водат политички процеси, но слични изјави има секој ден и во Романија. Во целиот свет секогаш кога ќе се поведе истрага против политичар се тврди дека се работи за политички процес. Важно е секој случај да се разгледа внимателно и да се види дали е основан или не е.



Како го објаснувате тоа што во голем број земји по приемот во ЕУ спласнува ентузијазмот за борба против корупцијата? Тоа се случува и со Бугарија и со Романија,поради што трпат критики...

Многу е лесно да се објасни. Политичарите кои беа ставени под сомневање со сите сили се борат да ги спречат истрагите.Со сите сили се трудат да се заштитат себеси.Пред приемот во ЕУ тие не можеа да бидат многу гласни, а по влегувањето во ЕУ се концентрирани на сопствените интереси.



Дали е точно дека многу од случаите што сте ги иницирале во Романија како министер за правда, доживуваат неуспех во судската постапка?

Доколку зборуваме за политичари од врвот, тоа е точно. Се случи токму тоа што пред малку го објаснив. Прва работа беше тоа што некои судии постојано ги одложуваа сослушувањата, веројатно поради страв да се дојде до пресуда. Потоа, се донесоа некои правни промени, со кои им се додаде имунитет на политичарите. Некои случаи беа донесени во парламентот, за кои се бараше одобрување на истрагата и покрај тоа што веќе беа во судски процеси. Пратениците два-три месеци ги држеа отворени овие случаи, по што се носеше одлука дека не се согласуваат со истрагата. Затоа велам дека политичарите го возвраќаат ударот и доколку ја имаат моќта во свои раце, прават се' за да ги спречат истрагите.


Статијата е прочитана 1025 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 15.09.2008 01:37:12
Monika, ke se zafrknes ovde... ke krahiras... uste ne znaes koi se VMRO-vcinjata i so kogo si fatila rabota...
Од: Nikola Glavanski
Датум: 15.09.2008 04:24:44
Abe ovaa Monika nikako ne mi deluva seriozna i stabilna zena. Kako da si bara tezgi po drzavive. Sto zboruva tuka ne bile politicki procesi, koga gledame samo luge na SDSM se sproveduvaat vo pritvor. Kako bas tie bea najkorumpiranite, demek VMRO-vcite se site cveke za mirisanje. Abe ajde prikaski za deca.
Од: trpe
Датум: 15.09.2008 06:41:08
GospogjoDuvnjak borbata so korupcijata e denonokna i dokolku site se vklucime ke ima uspeh,vo sprotivno ke ne goltne matnata.Ztoa podrzetegi inicijativite za borba protiv hostaplerite borbata mora da se vodi na site nivoa i vo taa borba site nie treba da se vklucime.Aku domati imas pari ili si se steknala so materjalna koris preku devijantni odnesuvanja na tebe ili na drug clen od semejstvoto ne e kasno da se oslobodis preku davanje na istotona siromasite ili na domot za deca bez roditeli(ova e kako predlog pretpostavka).Odgovorite na Gospogja Makovej se odlicni i doprinosot koj go dava za borbata protiv hostaplerite vo Makedonija ke vrodi so golemi rezultati.
Од: набљудувач
Датум: 15.09.2008 08:20:07
За која борба против крупција зборува дичната Советничка?! Што не` мисли, нас во Македонија, дека сме корумпирани Румунци, сите до последниот портир?! Не Госпоѓо! Кај нас се корумпирани во власта и нивните апологети. А, Вие со нив не се бавите, па, тие Ве плаќаат.
Од: vucko 15
Датум: 15.09.2008 08:22:04
ova ti e na ktaj SIJEM TI GA GURO,pocetok bez zavrsnica.Kako vo vicot se trkale dvajca na 100m i dvajcata zalutele Z(ili edniot zalutal drugiot se otkazal)
Од: dosta e
Датум: 15.09.2008 08:29:29
Vo pravo e zenava. Vo borba protiv kriminalot i korupcijata ne treba da se ima milost. Normalno deka sega nekoj profesorcinja i "eksperti" koj najverovatno se na platniot spisok na "mafijata" ke drzat "predavanja" po mediumite kako apsenjata i borbata protiv kriminalcite bila "nedemokratska". Tie izgleda si mislat deka pljackanjeto i proneverite se demokratsko pravo, a sprecuvanjeto e diktatura i teror. Steta sto na izopaceni mozoci im se dozvoluva da go branat kriminalot po mediumite.
Од: jimmy1
Датум: 15.09.2008 08:30:32
Tesko si nas koga imame sovetnik za korupcija, licnost od najkorumpiranta drzava. Po se izgleda zardi toe namesto da se namali korupcijata kaj nas, odi nagore. Ako nemame svoi luge da postavuvame na vakvi mesta, poarno da ne postoime kako drzava. Po nikoja cena ne mozi komsijata da gleda poveke za nasata kuca.
Од: Justicija
Датум: 15.09.2008 09:20:14
Ako golem broj na iniciranite slucai za korupcija vo Romanija doziveale neuspeh poradi obstrukcija vo sudstvoto, togas so koja cel se sproveduvaat ovie procesi i kaj nas.? Zarem misliute deka naseto sudstvo na celo so Manevski, Vrhovniot sud so kumasinot na Pretsedatelot na Parlamentot, Sudskiot soved nacelo so Iseni, site apelacioni sudovi so pretsedateli postaveni po partiska linija , ce bide poefikasno vo realizacija i sudska zavrsnica na iniciranite predmeti? Pa g-dja Makovej zarem ne ja gledate kakva e vistinskata sostojba vo naseto sudstvo?
Од: Aleksandar
Датум: 15.09.2008 09:27:38
Sekoja cest Gospogo no sakam da prasam sto napravivte do sega osven sto ve plakame.Dali nekogo dokazavte deka e vinoven ili so vasata strucna pomos pokazavte kako ,sto i treba ne bidejki vo Makedonia nema zakon.Dali Sportskite oblozovalnici zatvoriva nekoj bidejki e organiziran kriminal nema smetki,fiskalni itn ne .Zatova smetam prvo treba da napravite nesto a ne pamet da ni prodavate na graganite graganite gi interesira realizacija,bidejki ako se sakase nesto da se napravi ke bevme kako Romanija.Tuka edni bedni gradonacalnici ne moze nisto da im se napravi pa ke im se napravi(sto site treba da se proverat bidejki sve e korumpirano)a ne nekoj moknici kakvi takvi leb davat na narodot bidejki rabotat(so ova ne gi opravduvam moknicite samo ja pravam razlikata).Slusame deka nemalo zakon ne stoel koj e vinoven najnovoto so znaminjata za izborite sto uste ne se dignati,nemalo koj da odgovara.Pa kakvi se tie eksperti nasi Pravnici koga ne napisale koj treba da e vinoven.
Од: causesku
Датум: 15.09.2008 10:25:12
kontaktirajte malku so vasite romanski kolegi.....ke vi dadat mnogu pikanterii od vremeto koga Makovej bese na funkcija vo Romanija.Ovde uste se aktuelni vicevite za nea..........Steta sto Makedonija stana deponija za isluzeni i neuspesni politicari od regionov i posiroko.Daleku ke doturkame so vakvi vladini sovetnici
Од: посебни истражни мерки
Датум: 15.09.2008 10:35:19
посебните истражни мерки се воведени многу пред да дојде маковеј во макдеонија. Проблемот во нивното имплементирање е немањето соработка помеѓу усдтвсото и полицијата при нивното користење.
Од: Лавица
Датум: 15.09.2008 11:15:44
Добро дошла во земјата од Вампирите,кај комшиските ВАМПИРИ....дали и ти требеше во МК да кажуваш,зарем има малу правници,политиколози, и др. образувани...не доста е Никола нека не купува луѓе,Букурешт пропадна па нема потреба да се финансира преку Моника Маковеј повеке да лобиро...нема аир и од неа и од Букуреш.Кој не може да не внесе во ЕУ и НАТО,спремен е да си оди од политичката сцена...Вака државата дезорентирано одавно не била...да се проверат сите сметки на богаташите нови,новите олигарси,и тие што имаат патни исправи од другие земји,нека земат само имотот кој ке им се прерачува спечален од платите што ги земале друго ништо,па со се егејци,бугари сите вон од Македонија.Ма��едонија други ке роди ке е ослободат од вас самите.....Македонија е од Македонците,не од политичарите....кој нема успех да се спаси нацијата, со тоа што ке биде побогата посрежна нема потреба повеке да го финансираме,па бил Никола,Бранко кој сака....Патни исправи и во вашите омилени земји.....Позз.
Од: Vesna Sotiroska
Датум: 15.09.2008 11:56:36
Dobra statija, no niti novinarot niti sovetnickata ne go komentiraat nepotizmot i partiskata pripadnost kako glaven uslov za biranje ili napreduvanje na sudiite. Gospodjo Makovej nee korupcija samo ako nekoj nekomu nesto dal za protivusluga. Uste pogolema korupcija e nekogo da go unapredite ili izberete na mesto koe ni od daleku ne go zasluzuva, a od druga strana kvalitetniot kadar da go drzite na dnoto za da ne ja mati vodata. Gospodjo Makovej ste pobarale li da Vi dostavat lista na kandidati za sudii ili za povisoki sudovi, pa da napravite sporedba kakov kadar konkurira, a kakov se bira. Znaete li Vie a i Premierot deka Sudskiot sovet raboti bez nikakvi kriteriumi i deka i clenovite vo nego se sudii so debeli dosiea.... Ako i so ova tvrdite deka se pravi nekakva reforma vo sudstvoto togas neka vi sluzi na cest i Vami a i na tie sto Ve plakaat.
Од: Mainz 05
Датум: 15.09.2008 13:29:32
Po ova se gleda deka ne stoi vladata zad priveduvanjeto na Zaev, tuku deloto i sovetite na Monika Makovej. Zatoa ne gi razbiram rekciite na opozicijata i nekoj mediumi vo zemjava. Makedonija ima svoja oligarhija so golema samodoverba. Neka ja isteraat od zemjava.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Рог за свеќа
Катните гаражи се „изгубија“ во деловните објекти
Претходен број
Зденко
Тоне бродот на старите партнери на Груевски
Атина незадоволна од новото предлог-решение на Нимиц
Некој треба да му каже на Груевски
Славистите од Грција со почит кон почетоците на словенската литературна реч
Осигурителните друштва против интервенционизмот на Владата
Храна за црви (а, „Пиреј“)
„Боинг 737“ на руска авиокомпанија се запалил во воздух, загинаа 88 луѓе
Мето Јовановски лауреат на „Шишков“
Кошаркарите на чекор до Полска
Verbatim