ТЕТОВО - Компјутери, апарати, ѕидни часовници, кабли и пари се ограбени од простории на Здравствениот дом во Тетово. Непознатите арамии во вторникот, три часа по полноќ, насилно влегле во неколку простории. По кражбата, насилниците се премислиле и сите украдени предмети ги оставиле зад објектот на Детскиот диспанзер во близина на левиот брег на реката Пена. Според СВР - Тетово, најверојатно, истите крадци низ приземен прозорец влегле и во просториите на Диспанзерот за училишна медицина од каде однеле техничка стока вредна 60.000 денари. (Г.Е.)