Околу 170 рибарски мрежи долги над 13 километри заплени полицијата во неколкудневната акција во Охридското Езеро. Од почетокот на годинава, припадниците на полициската станица за обезбедување на државната граница „Езерска контрола“, пронашле и одзеле околу 600 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 50 километри, информираат од МВР. Во првите неполни девет месеци, против 6 лица се поднесени 4 пријави поради „незаконит риболов“. (Г.А.)