Загина пешак од удар на возило
ТЕТОВО - Бајрам Османи (70) од селото Доброште загинал откако во него удрило возило додека пеш се движел по коловозот на регионалниот пат Тетово - Јажинце. Настанот се случил во вторникот околу 11 часот кога на него налетал неговиот соселанец Ќазим А. (43) со патничко возило „голф“. Според првичните полициски сознанија, до несреќата дошло поради невнимание на Османи при премин на другата страна од коловозната лента. (Г.Е.) |