Расте бројот на скопјани затруени од еклери. Вчера во Клиниката за инфектологија поради повраќање, висока температура, болки во стомакот и дијареја се јавиле уште шест пациенти, со што вкупната бројка на затруени од петокот досега се искачи на приближно 100 лица.
„Хоспитализирани се потешките случаи и нивната здравствена состојба, главно, е добра. Интензивно ги лекуваме тие пациенти и од лекарски аспект се целосно згрижени“, ни изјави д-р Иван Видиниќ од Клиниката за инфективни болести. Првите граѓани на затруеност се пожалиле уште во петокот, а нивната бројка расте од ден на ден. Кај сите нив е пронајдена бактеријата салмонела. Еклерите ги јаделе во локалните продавници во населбата Шуто Оризари. Според Санитарната и Здравствена инспекција, еклерите потекнувале од слаткарницата „Дервен“, која сега е затворена. (Г.А.)
Bev na pazar za avtomobili.Tamu prodavat ribi .na edno kolo krap ima 300 grama muvi (gomnarki)A lugeto kupuvat li kupuvat.Nagradno pra{anje Kol e kriv?
a)prodava~\cot
b)kupuvacot
c)inspekcijata.
P.S.Ako sakam da se otrujam(samoubistvo)ke me sprecis pet pati ama [estiot si odam.
Naravoucenie .Rabotete so edukacija na kupuvacite .inspektori se 100 prodavaci 111100.
Jas bi gi kaznil site tie sto se otrueni od ekleri.zosto kupuvat od tamu kade nesmeat.
A so kazni za prodavacite ne postignuvame mnogu(moe mislenje)