Укинувањето на визите за македонските граѓани нема да го олесни барањето работа во Европската унија
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Укинувањето на визниот режим идната година ги исправа македонските граѓани пред ново искушение - да си ја пробаат среќата во странство или не, барајќи вработување во земјите-членки на Европската унија? Последните истражувања на „Балкан галуп“ покажаа дека една третина од граѓаните би сакале да заминат, а дури две третини се незадоволни од внатрешните состојби и од нивото на стандард што го имаат.
Ќе и' се случи ли на Македонија голем иселенички бран и дали безвизниот режим ќе ги одвлече квалитетните кадри од земјата, како што тоа им се случи на Бугарија и на Романија?
Искуствата на имигрантите во земјите-членки на ЕУ, а особено во Белгија, покажуваат дека, со или без визен режим, границите се' повеќе се затвораат за имигрантите и дека којзнае што нема да се смени за граѓаните од Македонија, бидејќи од 1 јануари ќе се укинат само туристичките визи до три месеци, а за секој подолг престој и со друга намена повторно ќе треба да се чека пред амбасадите или пред други странски институции.
Иако секоја од земјите-членки на ЕУ има специфичности во политиката кон странската работна сила, генерално, сите ја искомплицираа до перфекција процедурата за добивање работна виза, додека илегалниот престој станува тешко изводлива операција, а во најдрастичен случај и кривично дело (Италија), при што депортирањето ќе стане наша честа реалност, зашто со визниот режим оди и договорот за реадмисија.
Моментно во ЕУ само пет отсто од вработените се илегалци, односно 20 милиона од 410 милиони работоспособни жители, а новите мерки на Брисел, со кои се предвидени сериозни казни за работодавците на црно, дополнително ќе ја намалaт таа бројка.
За разлика од времето кога Бугарите и Романците навалија во земјите-членки на ЕУ да бараат работа, сега атмосферата драстично е сменета, како резултат на економската криза, намалувањето на бројот на работните места, непријателскиот однос кон имигрантите, па и протестите во неколку земји поради увозот на работници , што принуди дел од источноевропските граѓани да го сменат правецот и да се враќаат дома. Во Велика Британија, која инаку е најотворена за странци, бројот на источноевропски имигранти годинава е за 36 отсто помал од претходната година, поради отпуштањата на вработените и слабата фунта.
Дали, сепак, може да се најде можност и легална рамка со која нашите граѓани ќе можат да дојдат и да работат во ЕУ, освен традиционалните опции со венчавка или обединување на семејствата? Иако регулативите не се идентични од земја во земја, сепак, примерот на Белгија може да даде добра слика на состојбата во Унијата.
Искуствата на имигрантите кои живеат тука се дека укинувањето на визниот режим најмногу ќе го искористат студентите, кои по две години учење можат да добијат дозвола за престој без која не е можно да се работи во ЕУ, освен илегално. Белгиските закони предвидуваат странец да може да добие предност во вработувањето само ако има дефицитарна професија, а во најголем број случаи тоа се сведува на високообразовани кадри. Инженерите, лекарите и информатичарите се на тој список.
И компаниите повеќе се заинтересирани да вработат домашен кадар, бидејќи процедурата за добивање работна дозвола за странец е ем скапа, ем трае од два до три месеци, па без голем мотив никој не би ја ни започнал. Според белгиските регулативи, не може секакво вработување и секаква плата да обезбедат работна дозвола, а со тоа и дозвола за престој, бидејќи минимумот треба да биде 2.450 евра, што е стартна плата за високообразован почетник, од која потоа мора да се плаќа данок и здравствено осигурување. Помалку од тоа (плата на нискообразован почетник) не е референца за добивање дозвола за престој и за работа, па сите од таа категорија што ќе сакаат да ја пробаат среќата ќе мора најверојатно да работат илегално. И добивањето дозвола за работа во една фирма не обезбедува работа потоа во друга компанија, бидејќи почетната работна дозвола е лимитирана само на компанијата што гарантирала и само за една година. Македонија е на списокот на земји кои имаат потпишано договор со ЕУ, со кој сите наши граѓани кои ќе работат легално на територијата на Унијата треба да имаат еднакви работни услови, што значи и во привилегиите, но и во плаќањето на придонесите ќе се третираат како граѓаните во државите во кои имигрирале во моментот.
За разлика од Бугарите и од Романците, кои како граѓани на ЕУ имаат право да бараат работа во повеќето земји-членки (во некои од нив, како Германија, се' уште вратата им е затворена), македонските граѓани, сепак, не се во таква ситуација и нема да бидат уште долго, па добивањето статус во земјите-членки на ЕУ за нив ќе биде сизифовска операција. Како илустрација, неколку милиони Бугари и Романци заминаа да работат и да живеат во Шпанија пред укинувањето на визите, а со директен договор на владите, односно на таков начин заминаа и Полјаците во неколку земји, но кај нас не може да се повтори таков масовен бран бидејќи нема такви договори, при што има многу повеќе бариери за македонските граѓани. Нашите граѓани сега ќе можат да дојдат како туристи и да се обидат да најдат работодавец кој е заинтересиран да ги вработи, но ако не успеат тоа да го сторат во рок од три месеци, ќе мора да излегуваат и да влегуваат во ЕУ повеќе пати. Работата на црно е нереална опција на долг рок, бидејќи институциите се ажурни во контролата на странците со нерегулиран престој, а секој што така ќе се затекне добива забрана за влез во ЕУ на подолг рок. Дури и отворањето фирма не е лесно остварлива опција, зашто тоа чини околу десет илјади евра банкарски гаранции и други давачки, а ако првата година не се покаже профит не се смета за валидна, па квазифирмите не можат да опстанат подолго од тој рок.
Едноставно кажано, шенген визата беше голема бариера, но само за влез а не за работа, бидејќи и досега ако имаше некој заинтересиран за високообразован кадар од Македонија можеше да му обезбеди работна дозвола, а со тоа и престој. Укинувањето на визите не значи дека се олеснува којзнае колку наоѓањето работа во странство, освен можноста тие што знаат, што умеат и што можат финансиски да се издржуваат на подолг рок, да излезат лесно од земјата и да си ја пробаат среќата. Притоа, битно е дека европските земји се штитат од увоз на криминал и девијантни личности, па работна дозвола не може да добие никој ако не докаже дека не е осудуван за престапи, па и дека е физички и ментално здрав.
Апсурдно, но сите оние што немаат работа и им треба најмногу заминување во странство нема да можат да добијат работна дозвола ако не докажат дека веќе имаат здравствено осигурување во нашата држава или си платиле таква привилегија во земјата во која се иселуваат.
Од сето ова произлегува дека најреални шанси да заминат од Македонија имаат оние што чии роднини се наоѓаат во земјите на ЕУ, што имаат материјални можности да издржат подолг период без приход, што се атрактивни како кадар, а најлесно е ако се студенти кои можат и да учат, и да работат, и да обезбедат стипендии, а и да се здобијат со образование кое се бара во европските земји.
Сите наведени услови важат за многу очекуваната „сина карта“ на ЕУ, која беше најавена како нешто слично на американската „зелена карта“, но таа ќе стартува дури наредните две години и освен волјата да се примат повеќе странци со високо образование наместо нискоквалификувани, нема да ја отвори којзнае колку вратата на ЕУ за имигрантите.
Mnogu luge kaj nas mislat deka na zapad e med i mleko,se dodeka ne probat,ako ne znaes jazik ako ne vozis i ako nemas rodnini ne ni pokusavaj pa i rodninite ne mozat da te nosat na tovar site si imaat svoi obvrski ,imam iskustvo so mnogu nasi luge koi se lutaat ako ne im se pomogne i ne obvinuvaat deka sme sebicni,a kaznite se i po 10 iljadi dolari pa sega razmisli podobro da mu dadam 500 dolari nepovratno otkolku da go zaposlam.A sto ako se povredi koj ke go leci a na crno raboti na zapad nema vujko vujko e dolarot ili Evroto.
Од: Petre
Датум: 12.07.2009 23:40:53
jas mislam ova ke Viznata liberalizacija bide mec so 2 ostrici...ke emigrira mal % od nevrabotenite no golem procent od najsposobnite kadri koj sto se negirani na svoeto rabotno mesto.. isto taka ke ima i odlev na domasen kapital, jas predviduvam deka mnogumina namesto garsonjera vo Ohrid ke kupat apartmance na Halkidiki
...
Од: Никола
Датум: 13.07.2009 00:20:57
Со други зборови, тие што најмногу плачат во Македонија заради сиромаштија и немање работа, ќе имаат најмала можност да се вработат во ЕУ. Некоја маѓија ќе да им фрлил некој.
Од: vasco beleski
Датум: 13.07.2009 00:30:53
se soglasuvam do avtorot na textov deka ke ima dvizenje na emigracija i toa sekako toa ke se datira kaj nasite koi imaat rodnini vo stranstvo. Najverovatno od Makedonija najpovke ke se iselat (barem privremeno) makedonskite albanci koi se i najzastapeni vo zapadna evropa pa odtuka se pokazuvaat kako tocni tvdenjata na eden nas analiticar koj zvrdese deka poleka no sigurno albancite ke pocnat so rasprodavanjeto na zemja (mladite ke se selat a starite se nemokni za rabota). Sekako deka evropa gi sledi ovie dvizenja i svoevremeno gi zgolemi i kaznite za rabota na crno pa mislam deka tesko koj ke se osudi da zaposli nekogo na crno a ako nemas rabota nemozes ni da emigriras, zatoa ednostavno se doaga do zaklucokot deka samo onie koi imaat nekogo (ke imaat kade da ziveat) ke mozat da mu ja zduvnat vo stranstvo, sepak kako najgolem protivnik ke bide momentalnata kriza....pozdrav
Од: Makedonec vo EU
Датум: 13.07.2009 00:42:20
Zarem nekoj navistina veruva edna obicna viza moze da gi spreci oni sto navistina vredat? Vizata e obicna igracka vo sporedna so beneficiite sto zapadnite kompanii im gi davaat na kvalitetnite kadri. A tie se vekje odamna nadvor od FYROM.
Од: Nino
Датум: 13.07.2009 00:45:09
Многу тенденциозен текст, крајно песимистичен. Нормално дека кој не успее за три месеци да се снајде, подобро ич да не поаѓал. Но многумина и ке успеат, тоа ќе ја растерети државата.
Од: Mihajlov-Basel
Датум: 13.07.2009 01:12:44
Rabota vo Zapadot mozhat da najdat samo visokokfalificiranite. Edna od prichinite e ekonomskata kriza, a vtorata i ushte pogolemata e globalizacijata. Zaradi evtinata rabotna raka, kapitalot bega vo Kina i Indija. Zapadna Evropa mozhe da konkurira samo visoka tehnologija, so malku no visokokfalificirani rabotnici.
Од: mitko za realnite ocekuvanja
Датум: 13.07.2009 02:46:42
Dolga statija i dosadna, edna misla se povtoruva sto pati vo nea. A toa e deka Makedoncite nema da mozat da ostanat da rabotat vo zemjite od EU. Vrska nemate so zivotot, Makedoncite ke se snajdat na milioni nacini za da ostanat tamu. Prvo ke odat da rabotat na polinjata, zarem tamu se raboti so rabotni dozvoli, pa potoa mnogu polesno e da se najde rabota koga si na samoto mesto otkolku ako ja baras od tuka. Makedonija najverojatno ke se isprazni za nekolku stotici iljadi luge. Bezvizniot rezim najmnogu ke vlijae vrz namaluvanjeto na nevrabotenosta, mnogu poveke od stranskite investicii koi gi ocekuvate od VMRO.
Од: Jon
Датум: 13.07.2009 02:48:59
Vladata i opozicijata da ne kukaat kako kukavici zatoa sto tie go podrzat i pomognaa branot na iseluvanjeto
isprakaa studenti vo stransvo koi nikogas ne se vrakaat ,energicno se borat za bezvizen rezim a katastrofalno ke se odrazi vrz demogravskata slika ,kako moze ovie stetni pojavi da se narekuvaat triumf ova e prav i klasicen opurtunizam
Од: drdoljko
Датум: 13.07.2009 03:42:46
Vie novinarite samo da se napise nesto a dali ima vska so narodot ne e nitu malku bitno,vo MK ima 50 000 bugarski pasosi pa nitu eden ne otide vo stransvo odnosno vo EU.I sga vie mislite i ja nabivate situacijata deka site ke se iselat vo stransvo kako tamu da ima mnogo sto da se sraboti za pari treba da e svesen narodot deka i tamu nema rabota deka nema ja taa zarabotuvacka kako nekogas.Savet podobro doma so familija nego vo EU bez familija i bez pari.
Од: beko
Датум: 13.07.2009 06:40:05
gledam deka statijata doovoj moment e procitana recisi 1.000pati, a toa e golem pokazatel kolku gradjanitena r.makekedonija se zainteresirani okolu simnuvanjeto na sengen barierata..po moe mislenje prviot bran na onie sto ke letnat nakaj zapad, mislejki deka treba samo da otidat, soberat zelembaci i se vratat vo stil na ptici preselnic prolet..esen ke bide zastrasuvacki gledajki procentualno..sepak rabotite ke si legnat na svoe vednaga posle 3..4 meseci i mnogumina od onie koi sto mectaat za zivot i rabota na zapad ke vostanovat deka naseto ovosje i zelencuk se se poubav vkus, a ona dome slatki dome ke ja spomnuvaat vo sebe mnogu pati..ne velam deka nema da ima pridobivki, zatoa sto so odlevanjeto na rabotnata raka novopecenite robovladeteli..mislam na rabotodavacite ovdesni..ke gi cini i ke moraat svoite vraboteni da gi vrednuvaat malku poveke...simnuvanjeto na sengen barierata bi trebalo da bide dobar znak deka zemjata vo nekoe dogledno vreme so brzi cekori ke se blizi kon clenstvoto
Од: Dejan zvani Brzi
Датум: 13.07.2009 06:55:13
Ja prv idam.
Jas nemozam ovde da sedam
partiska drzava da gledam
Од: Niz iseluvanje umira Makedonija
Датум: 13.07.2009 08:28:02
Od koga na vremeto iseluvanjeto bese poradi bekstvoto od komunizmot, sega veke toa stanuva
krivicno delo, zasto niz iseluvanjeto umira (gine)Makedonija.Gospoda Branko, Grujo,Ivanov edinstven spas e pecalbarenje(privremena rabota) so organizirano, ne divo vrabotuvfanje nadvor i
po maksimalno 15 godini, koga ke naberat pari
vrakjanje nazad.Golema studija treba da se izraboti
(tuka i za studenti) za da se donesat zakoni za vrakjanje i se sopre toa odnaroduvanje(svoevrsten
genocid).Znaci strogi spogodbi so drugite drzavi.
Од: jovan
Датум: 13.07.2009 08:43:59
Poveke od Albancite ke migriraat, od Makedoncite mnogu mal del ke zaminat, a i brzo ke se vratat koga ke vidat sto e sto vo Evropa
Од: elektricar
Датум: 13.07.2009 08:45:10
Se slozivam deka onie sto imale namera da odat , veke otisle na Zapad. Vizata i dosega ne bila nikakov problem za onie sto mozat da se snajdat kako kvalitetni kadri . Od druga strana i vo EU ne pijat mastilo pa da dozvolat da bidat preplaveni od Balkancite. Sigurno imaat istrazuvanje deka takov bran na iselenici ke nema.
Од: Donald Duck
Датум: 13.07.2009 08:50:45
Celta na viznata liberalizacija e prvenstveno nameneta za turizam i za studentite. Od ogromno znacenje e idnite intelektualci na ovaa napatena zemja da izlezat od getoto nareceno Makedonija, i da vidat kako se zivee vo zapadna Evropa, kako funkcionira drzavniot sistem i koi civilizaciski normi vazat....Po nekolku generacii, se nadevam, tie lugje kje ja stvorat kriticnata masa, i na makedonskata politichka scena kje se pojavat evropski kalibrirani politicari, na koi navistina im e vazen napredokot na zemjata i koi kje imaat vgradeno odgovornost pred glasacite....Za zal do togas seuste kje trpime razno-razni Ovcari, Vozdovi, Fireri, Kumovi, Bratuchedi i uste cela banda od polueducirani, nevospitani, arogantni i nesposobni politicari, koi se glavna kochnica na napredokot na MKD na sekoj plan...ekonomski, etnichi, kulturen, etc.....
Од: bramoni
Датум: 13.07.2009 09:07:05
Dobro e da se ukinat vizite. Da ne bideme Kmerska Republika. Ne deka ke se skrsime od patuvanje po EU, ke patuva ili ke se iseluva najmnogu 10 nasto od naselenieto. Drugiot del moli Boga da ima dobar javen prevoz da mozat da patuvaat niz Makedonija i toa ne za keif tuku od potreba. Zasto cista avantura e da patuvate so iskrseni avtobusi i dotraeni vozovi do prilep, Bitola.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 13.07.2009 09:30:13
Jas prinicipielno go podrzuvam ukinuvanjeto na vizite za CG,SRB,MK,zosto se raboti za narodi koi ne pretstavuvaat zakana za Evropskata sigurnost,dodeka kaj ALB´cite i nivniot"izolacijonistickiot mentalitet"ne sum bas siguren.Stravuvam od toa deka Kosovari i AL`ci ke dojdat preku granica,da si "kupuvaat" MKski pasosi,sto mislam deka e prilicno lesno i ke ja dovede MK vo delikatna situacija odnosno do rabot na postoenjeto imajki go vo predvid moznoto procentualno ucestvo na AL`skiot etnikum vo MKskoto naselenie.Vtoro,ukinuvanjeto na vizite e verovatno rezultat na igrata "morkov i stap"na EU sprema MK,bidejki vlasta nema vidlivi rezultati od rabotenjeto od `06-`09,pa ovoj nastan e edinstveniot so koj moze da se fali,mada za cena kako nekakov si kompromis so GR okolu (megjunarodnoto?) ime.Sto ne me cudi,zosto MKcite od sekogas edino deklarativno se borat za nivniot narod,a ne so srce!Toa e moj vpecatok i ne sakam nikogo vregjam.Verovatno i zapad go ima istiot vpecatok,pa ja uslovuva MK.;-)
Од: Трпе
Датум: 13.07.2009 09:43:17
Добро е ова визното ослободување за почеток да биде само за туризам.Барем овие од редовите на дпмне да видат и научат нешто надвор од границите на Македонија.А не да се однесуват и зборуват само како ќе им каже пастирот и шетаниот В.Ѓорчев.
Од: sonja
Датум: 13.07.2009 10:10:20
Od makedonska "perspektiva" se cini kako Evropa samo nas da ne ceka!! I onaka si ima dovolno problemi so nevrabotenosta. Duri bi cistele WC-a vo nekoja druga zemja (ama da e Evropska) ! A da si zacistevme najprvin doma?! Ako nekoj ne se "snajde" vo nekoja druga zemja- znaci li deka e pomalku vreden i deka nema kval;iteti? Tamu vladeat isto taka pravila na igra-kako i sekade. Mnogu sme nerealni. Pa ne se zanesuvajte mnogu-mnogu....Koj ne probal- ne znae...
Од: danska
Датум: 13.07.2009 10:18:58
voopsto nemi e jasno koja emigracija kade?tuka ne primat od eu kamoli od von tuka ciganite od romanija talkaat po kanti za djubre i barat sisinja za koi se dobiva po 8denari nitu smeeat da gi vrabotat nitu ima rabota toa sto bese 70etite godini vrska nema so denes a nasite tuka edvasj cekat mak da vleze vo eu da zaminat vo mak
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 13.07.2009 10:26:39
Некој мора да чисти канализации, некој мора да превезува нуклеарен отпад, а некој мора да работи на депонија за селекција на отпад. Не мислите белким дека Англичаните ќе постават Англичани на тие работни места. Сега, квалитетниот кадар ќе се одлеел... Ајде де. Квалитетот, полека но сигурно и овде почнуваат да го плаќаат, а има луѓе како мене, на пример, што за да живее некаде како странец, нема праи што ќе му ги платат. Не е за секирација... Тамам сите невработени Македонци да отидат по белиот свет, ќе пополнат едно предградие на Париз или Берлин.
Од: Ja&ti
Датум: 13.07.2009 11:47:48
Ako je tocno...bravo na vladata barem nasite roditeli ke patuvaat slobodno & da ni pomognat vo cuvanje decinjata bez da go davame taj trosok za papiri vo ambasadite....
Од: MITEVSKI MARJANCO -TORINO
Датум: 13.07.2009 12:17:06
Bravo Risto.tokmu taka
Од: Mende
Датум: 13.07.2009 12:42:52
nema potreba od mnogu matematiki, kolku imame iselenici od drzavata pomnozetegi so 2. Dodajte uste ednas tolku. Imame mnogu strucni i kvalitetni i rabotni kadri koi sto rabotat kako robovi i za 6000 denari, na ovie rabotlivi luge koga ke im dadete 6000 denari za 2 casa rabota ke vidite vie sto vi se vika rabota. Kolku sakamae vo Skopje na ulica makedonija mozeme da pisuvame statii, ke bide ona karvanot si vrvit kucinjata laat. nema veke robovi za 6000 denari i plati na sveti nikad.
Од: da
Датум: 13.07.2009 12:44:00
iseluvanje !!da ke ima i toa masovno ,a toa i celta na vladata celta e da sto poveke Torbesi da se iselat posto ova ekonomsko etnicko cistenje neim odi po nivniot cejf taka brzo kako tie go predviduvaa a sega so ova bez vizi ke go zasilat vo tie mesta nevrabotuvanjeto za da se iseli celiot Torbeski narod
Од: london
Датум: 13.07.2009 12:45:26
Ama luge ,
Ja sfakate li raazlikata megu vizit ei rabotnite dozvoli?
Nema vrska edno so drugo
Од: мз
Датум: 13.07.2009 13:00:04
Како и и да е, да се даде шанса на човекот да се обиде со своја среќа, се отвара поголем круг за барање работа. Со среќа на сите.
Од: stojan
Датум: 13.07.2009 13:07:24
Визната либерализација владата неоправдано ќе ја слави како своја победа. Квалифицираните кадри ќе избегат, но тие подоцна ќе праќаат девизи за да ги поддржуваат своите фамилии. Неквалифицираните ќе се снајдат на црно!
Од: Goran
Датум: 13.07.2009 15:59:52
E sega vistina me predomislivte. A jas si planirav da odam vo EU da rabotam.Kolku sum za nikade!
Од: Kiril
Датум: 13.07.2009 16:03:17
Pak tresete antibugarski gluposti i lagi - "неколку милиони Бугари и Романци заминаа да работат и да живеат во Шпанија пред укинувањето на визите" - alo, kakvi milioni Bugari zaminale vo Shpanija, ako beshe vaka, da ne se ostanale ljugje vo Bugarija so samo 7.5 milioni ljugje!