Брисел - Овој декември ќе поминат четири години откако Македонија чека датум за преговори за членство во ЕУ. Ќе биде ли можно тоа ако дотогаш не се реши спорот околу името со Грција?
Од добивањето кандидатски статус во декември 2005 година многу нешта се случија во бившата југословенска Република Македонија. Имаше многу прогрес, но, исто така некои одења назад, како што беа изборите во 2008 година. Така, времето за чекање беше искористено добро во некои аспекти, но тоа не беше без тешкотии. Јас сум уверен дека сегашната коалициона Влада целосно ја разбира потребата колку е важно да стори се' што е во нејзина моќ за Европската комисија да ја има неопходната основа за да одлучи да ви даде препорака за започнување на преговорите за членство.
Како гледате на внатрешната ситуација во земјата и дали го делите впечатокот дека на Македонија се' уште и' е потребна политичка асистенција од Брисел?
Сегашната коалициона Влада е важна. Таа ја рефлектира политичката волја на народот во вашата земја и ја има целата потребна моќ да ја одведе вашата земја напред. Со целосна имплементација на охридскиот Рамковен договор, со одлучна работа на преостанатите реформи и со перспектива дека ЕУ интеграцијата е остварлива, верувам дека вашата земја ќе застане на свои нозе. Нашето присуство е едно охрабрување и поддршка на линија на вкупната посветеност што тука ја демонстрираме со години. Јас, Ерван Фуере и останатите во ЕУ ви посакуваме да успеете.
Охридскиот договор се' уште не е имплементиран, а некои албански политичари бараат нов. Како го коментирате тоа?
Има една добра британска поговорка која вели: „Ако нешто не е скршено, не го лепи“. Охридскиот договор не е прекршен, но треба целосно да се имплементира.
Za kaj nas vazi NASATA a ne VASATA pogovorkata: Ako nesto E SKRSENO ne go lepi. Kaj vi tekna ziti majka ti takva pogovorka: Ako nesto NE E SKRSENO? Po nasite znaenja od literatura to i ne e pogovorka, kako sto ne e pogovorka ako recis: Ako nekoj e golem ne go rasti. Ili, ti ja izmisli vo avionot duri letase za navamu?! A. ti kako evropski promatar, vazno, ke prosetas niz ovie kutri zemji od Zapaden Balkan da si ja soberis veresijata. Jas ne prasuvam ami so sigurnost kazuvam: Osven ovde kade sega trgna po stoti pat da paradiras, nikade vo svetot ni 0,0001% od narodot ne te znaat koj si i niti sakaat da znaat. Dali e nasata vlada dobra nie ke si kazime na izborite, koj si ti da ni kazuvas?! Kamsikot sto udira najdobro moze da go opise toj sto go jadi kotekot a ne toj sto gleda od strana. Ama, duri ima ovci ke ima i vakavi promatari kako tebe.
Од: db
Датум: 13.07.2009 09:59:50
ODLICNO intervju na Solana. Bash dobro u dve recenici objasni, ama bukvalno sve.. pozdrav
Од: Riki
Датум: 13.07.2009 10:52:20
Zosto trosite protor vo vesnikot za tip sto nisto ne kazuva. Sreka ke se trgne od scenata!
Од: Ајван Доктор
Датум: 13.07.2009 17:08:07
Ова е еден од одговорните Чичковци за еколошката состојба во нашата земја? И за зголемениот број на Канцер и слични Здрави состојби! Да... Па јас заборавив, сите оние здрави бомби, со осиромашен ураниум (израз на една наша „елитна“ пратеничка и професор) паднаа поради ваквите Колатерални Европски Штети, а и оној контејнерот од Ликовёс што сите веднаш го заборавија... У стилот: Не знам вала... нисам ја одавде!?