Реструктуирани 26 милијарди долари долг
Дубаи - Најголемата инвестициска компанија на Дубаи, „Дубаи ворлд“, која мината недела бараше шестмесечно одложување на отплатата на заемите во вкупна вредност поголема од 59 милијарди долари, соопшти дека почнала конструктивни преговори со банките за реструктуирање на 26 милијарди долари долг.
Преговорите се однесуваат на долговите на подружницата „Нахил ворлд“ и „Лимитлес ворлд“, додека филијалите, како што се „Инфинити ворлд холдинг“, „Иститмар ворлд“ и „ПортсФри зооун ворлд“ ќе бидат исклучени, затоа што тие по оцена на „Дубаи ворлд“, се на „стабилни финансиски нозе“, се наведува во соопштението на таа компанија. „’Дубаи ворлд‘ настојува да ја одложи отплатата на помалку од половина долг од 59 милијарди долари, што го ублажува стравот дека потенцијалниот банкрот би можел да го уназади закрепнувањето на светскиот финансиски систем од кредитната криза. „Сега се зборува за реструктуирање на 26 милијарди долари, со што делумно е ублажена паниката што се крена во последните денови“, смета аналитичарот на „РБЦ кепитал маркетс“ во Торонто. (МИА) |