Пензионерите благодарни
Претставници на Здружението на пензионери „Достоинство“ вчера на прием кај министерот за финансии, Зоран Ставрески изразија благодарност за завчерашната владина одлука според која, 10.000 пензионери од идната година ќе можат бесплатно да одмораат и да се негуваат во македонските бањи. „ Владата нека продолжи вака да се грижи за нас пензионерите, а ние ќе и' изразиме голема благодарност“, рече Донка Грујовска по средбата со Ставрески. (А.С.) |