Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Втора фаза од едношалтерскиот систем во Царина

Царината работи на воведување на втората фаза од едношалтерскиот систем во земјава, поточно се завршува техничката спецификација за додавање нови дозволи, кои економските оператори ќе можат да ги користат електронски. Овој систем има основна цел да ја олесни трговијата на стоки преку централизирање на сите постапки во еден систем. Едношалтерскиот систем во Македонија во минатото покажувал одредени грешки, но, во последно време тие се сведени на минимум, а Царинската управа е администратор на системот во кој се вклучени и други 15 државни институции.

Според директорот на македонската царина, Ванчо Каргов на „Третата конференција за ЈИЕ за олеснување на трговијата, едношалтерски систем и хармонизација на трговските податоци“, што вчера се одржа во Скопје, најинтересна надградба на едношалтерскиот царински систем во Македонија е издавањето најразлични видови транспортни дозволи од Министерството за транспорт на граничните премини.

Претставникот на Економската комисија на Обединетите нации за Европа, Марио Апостолов како многу значаен чекор го оцени воведувањето едношалтерски систем во Македонската царина, кој е прв во регионот.

„Тоа е само првиот чекор, но целиот процес се состои од повеќе чекори, во институции и со документи. Клучното нешто во креирањето на едношалтерскиот систем е соработката меѓу институциите. Царината можеби е главната институција за имплементација на системот, но секако мора да постои соработка и со останатите државни институции, како што се министерствата за транспорт, за земјоделство, граничната полиција и други, што претставува голем предизвик не само во Македонија, туку во секоја земја“, рече Апостолов, нагласувајќи дека институциите, вклучени во системот покрај со Царината треба да соработуваат и меѓу себе.

За Апостолов развојот на едношалтерскиот систем претставува 80 отсто преговори и договори меѓу институциите и само 20 отсто развој на софтверот и хармонизација на податоците.

„Тоа е многу важен организациски и политички процес што ќе води кон подобро администрирање и помал степен на корупција во меѓународната трговија“, рече Апостолов.

Една од целите на конференцијата е преку размена на информации меѓу деловната заедница и државните органи, да се идентификуваат предизвиците поврзани ��о воведувањето на едношалтерскиот систем во државите во регионот, како и нивното регионално поврзување.

Се очекува на конференција да бидат определени и идните чекори во создавањето услови за заемно поврзување на националните едношалтерски системи во рамките на интегрирањето во Европската унија. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 359 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Долгови се трупаат - државата пак се задолжи со нови 52 милиона евра
Сите се за поскапа струја, прашање е колку ќе скокне
Ќе има поевтини кредити, Владата бара поголема храброст од НБМ
Македонија во дефлација - во ноември 2,3 отсто
Стечајците ќе штрајкуваат со глад
Пензионерите благодарни
На Грција и' се заканува банкрот?
Хуго Чавез затвори четири банки
Реструктуирани 26 милијарди долари долг
Наскоро хибриден „нано“ од „Тата“