Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Македонија во дефлација - во ноември 2,3 отсто

Неколку месеци земјава никако да излезе од зоната на дефлација. Македонија во ноември годинава имала стапка на дефлација од 2,3 отсто, за колку што се намалиле трошоците за животот на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за животот во ноември годинава во однос на претходниот месец, пак, бележат зголемување од 0,3 проценти.

Државните статистичари вчера соопштија дека цените на мало во ноември на годишно ниво се намалени за 2,1 процент, додека во однос на октомври годинава се зголемени за 0,2 отсто.

Зголемувањето на трошоците за живот во ноември годинава, во однос на октомври, е резултат на повисоките цени на зеленчукот, рибата, свежото и киселото млеко, преработките од риба, мастите, како и кондиторските производи. Пораст на цените е забележан и кај нафтените деривати, обувките, предметите за домаќинство, облеката, козметичките производи и здравствените услуги.

Намалување на трошоците за животот во истиот период е забележано кај овошјето, производите од жито и јајцата, кај безалкохолните пијалаци, како и кај услугите за образование, храна и пијалаци во хотелите и во рестораните, средствата за образование, услугите за сместување, административните услуги.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за ноември 2009 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 11.737 денари и во однос на претходниот месец е повисока за еден процент. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Долгови се трупаат - државата пак се задолжи со нови 52 милиона евра
Сите се за поскапа струја, прашање е колку ќе скокне
Ќе има поевтини кредити, Владата бара поголема храброст од НБМ
Стечајците ќе штрајкуваат со глад
Пензионерите благодарни
На Грција и' се заканува банкрот?
Втора фаза од едношалтерскиот систем во Царина
Хуго Чавез затвори четири банки
Реструктуирани 26 милијарди долари долг
Наскоро хибриден „нано“ од „Тата“