Грција води битка за да го контролира долгот. Според британски „Гардијан“, вчерашниот состанок на министрите за финансии на Европската унија во Брисел требаше да се одвива во сенка на веројатноста Грција да банкротира.
Земјата, по организацијата на Олимписките игри во 2004 година и една година расипништво, не успеала да го контролира државниот долг. Грција се наоѓа во близина на границата да мора да го откаже отплатувањето на сите заеми, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на оцени на искусни коментатори.
Во својот извештај весникот ја донесува оцената на економскиот коментатор од Грција, Јанис Папаконстантиу, дека стопанството нема преку ноќ да ја врати довербата. Сега на земјата и' било потребно партнерите да престанат „да не и' веруваат“ се' додека почнат да се забележуваат видливи резултати. (Нетпрес)
Mnogu drzavi se pred bankrot Grcija, litvanija, irska, Island, Italija, Spanija, Dubai, pa i Anglija i Amerika se vo dolgovi koj mnogu tesko ke mozat da gi vratat. Ovie "bankroti" se uste ne se jasni, i se uste nikoj nemoze so sigurnost da gi objasni zosto svetot dojde vo situacija da bankrotira koga site zalihi(nafta, hrana, metali...) se e na rekordno visoko nivo. So eden zbor roba ima premnogu, a site se spremaat za bankrot. Se e ova povtorno edna spekulacija.