Брoj 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Тенис за незаборав

Роберт Димитриевски

Нај, нај, нај. Суперлативи од сите страни за, можеби, најдобриот тениски меч на сите времиња, во кој Рафаел Надал во финалето на Вимблдон го урна митот за непобедливост на Роже Федерер на трева. Пет сета, 62 гема, 288 минути џиновска борба во најдолгиот финален дуел во историјата на најпрестижниот гренд-слем турнир. Прв пораз за Федерер по 65 победи во низа на неговата омилена подлога и прв неуспех на Вимблдон по 2002 година, со кој за петкратниот победник веројатно остана недофатлив и рекордот од шест титули едноподруго на Вилијам Реншоу од 1880-тите. Надал, пак, прв по 1980 година и легендарниот Бјорн Борг ги спои трофеите од Ролан Гарос и од Вимблдон во една сезона и е првиот Шпанец што триумфирал на неофицијалното светско првенство по Мануел Сантана во далечната 1966.

Колку и да звучат импресивно, ова се само суви бројки што на известувачите им служат за да го "напумпаат" впечатокот од настанот. За такво нешто во случајов со третиот меѓусебен дуел на двајцата најдобри тенисери на денешнината во финалето на Вимблдон нема потреба. Впечатоците што ги понесоа среќниците на трибините и милионите вљубеници во овој спорт пред малите екрани не се изразуваат во бројки. Колку само напнатост, драма, пресврти, фантастични удари, битка за секоја топка, за секој поен, за секој гем...

Надал и Федерер не само што одиграа антологиски меч, туку ја ретушираа и општата слика за денешниот спорт во целина, кого немилосрдната комерцијализација го сведе на борба за "гол" резултат. Двајцата докажаа дека суштината на натпреварувањето е во стремежот да се биде подобар од другиот во рамките на утврдените правила на играта. Жално е само што овој пат мораше да има победник и поразен.


Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар

Од: Tenis
Датум: 08.07.2008 01:02:05
Bravo za dvajcata, odamna nemam gledano vakov dobar mec, a ne znam koga pak ce se sluci istoto...
Од: Александар
Датум: 08.07.2008 02:02:17
Лудница! Ова не се повторува!
Од: sonja
Датум: 08.07.2008 08:11:59
mu konkurira na mecot safin-federer,kade sto federer isto taka izgubi posle neznam kolku vreme. prekrasno za gledanje.Toa,a i ova. Bravo za site.
Од: Joko
Датум: 08.07.2008 12:24:45
Bravo za dvajcata.Neverojaten mec.Iako navivam za Nadal igrata na dvajcata se granicese so sovrsenstvo sekoj osvoen poen bese mala majstorija i edinstvena steta e sto morase da ima pobednik..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Моите филмови се копија на реалниот живот
Зденко
ДУИ бара албанскиот да биде службен јазик
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Претходен број
Во економијата врие - новата Влада на потег
Драмата на Егејците (8)
Пријателите на Бошкоски подготвуваат фешта во Хаг
„Тигар“ пред вратите на Социјалистичката интернационала
„Водството на ОНА“ стаса во Обвинителството
Каде ќе плови новиот владин брод
Пламени јазици проголтаа хала на скопската фабрика „Годел“
Во салата со огледала
Verbatim