Брoj 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европа-Балкан

„Тигар“ пред вратите на Социјалистичката интернационала

Иван Торов

Зошто европскиот прагматизам е посилен од протестите на сите поранешни југословенски републики Србија да аплицира за прием во Социјалистичката интернационала

БЕЛГРАД - Ниту Социјалистичката интернационала не е веќе како што беше, истакна поранешен активен противник на режимот на Слободан Милошевиќ за информацијата од Атина дека раководството на Социјалистичката партија на Србија аплицирало (поднело молба) за прием во организацијата која ги собира социјалистите, социјалдемократите и работничките партии. Неговата резигнација беше уште поголема поради тоа што "свое место" во СИ доби и Милорад Додиќ, лидер на социјалдемократите од Република Српска, некогаш огорчен критичар на воената и националистичка политика на Радован Караџиќ, а денес лидер на српскиот национализам во Бања Лука и, според мислењето на Мирослав Лајчак, една од главните пречки поради кои дејтонската БиХ никако не може да исплива од тешкотии.

Но, место за чудење нема. Силното лобирање на претседавачот на СИ, лидерот на грчкиот ПАСОК, Јоргос Папандреу, и шефот на српската држава и на Демократската партија, Борис Тадиќ, го направи своето: натежна претходното "ветување" на европските левичари за Ивица Дачиќ, лидерот на СПС, дека "ќе влезе во процедура", односно ќе му ги прогледаат низ прсти сите гревови од минатото, а и од сегашноста, ако дигне раце од заканувачката коалиција со Коштуница и Шешељ и премине кон "проевропскиот" Тадиќ. Дачиќ, на кого конгрес од во Атина му дојде како избор меѓу нешто опипливо (враќање на власт) и можно исчезнување, не се премислуваше премногу. Го прегрна Тадиќ, доби толку власт за колку што не можеше ниту да сонува, и изненадувачки соопши дека европската социјалдемократија отсекогаш му била "при срце". Дури и во времето кога неговата партија ги разоруваше поранешните југословенски простори. Патем, ниту зборовите на оградување од својот творец Милошевиќ, уште помалку од фактот дека наци��нал-социјалистичката природа на српските социјалисти не е сменета ниту денес, многу години од "фронталниот судир со светскиот антисрпски заговор". Според тоа, пресуди европскиот прагматизам дека би било покорисно социјалистите да се држат зауздани, дури и само со подгревање на надежта дека ќе влезат во СИ, отколку да се препуштат на распашаните српски националисти. Пред се', поради регионалната, балканска стабилност.

Сега кога дачиќевците "аплицираа" и застанаа пред шалтерот на СИ, се чини дека дилемата за регионалната (не)стабилност е уште поактуелна. И самиот повик на Папандреу до СПС да присуствува, дури и во рамки на делегацијата на Демократската партија, на конгресот во Атина, го предизвика Златко Лагумџија, лидерот на босанскохерцеговските социјалдемократи, да го напушти собирот во знак на протест. Со тој чин не се послужија социјалистите и социјалдемократите од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија и Албанија, но не го криеја противењето дека една партија, која од Балканот направи воено боиште, а над се' и денес се гордее со ликот и делото на својот починат творец, не заслужува ниту да се приближи до СИ, а не пак "во догледно време" да стане нејзина полноправна членка. Словенците не можат да и' ја простат седумдневната војна, Хрватите Вуковар и разорувањето на нивните територии, Босанците етничкото чистење, Сребреница и тригодишното артилериско уништување на Сараево, Црногорците што се "навлекоа на српскиот експанзионистички национализам", Албанија, секако поради Косово, Македонците што беа предмет на српско-грчките калкулации и жртва на масовниот егзодус на косовските Албанци во времето на бомбардирањето од НАТО. Најмрачен во сите тие и другите забелешки и гестови на разочарување е впечатокот дека Ивица Дачиќ повеќе би ја употребил СИ за амнестија и рехабилитација на својата воено-националистичка политика отколку што Интернационалата би направила нешто поодредено за СПС, во меѓувреме, да стане попристојна, да се реформира, можеби и да се откаже од политиката на Милошевиќ.

Целата работа ја "досоли" младиот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, со триумфалистичката изјава по Атина дека "ги скршивме", мислејќи притоа дека со поднесувањето на барањето на СПС за прием во СИ е скршен отпорот на сите поранешни југословенски републики, а сега суверени држави, кои со години страдаа, а некои ниту денес не можат да се извлечат од кошмарот што им го подготви "црвено-црната" коалиција на социјалисти и радикали во 90-тите години. Недипломатскиот "излет" на Јеремиќ како да беше своевидна порака до поранешните "југословенски браќа" да не заборават која е и што е Србија, да поведат сметка за "своето однесување", бидејќи Србија, и покрај се', има амбиции со здружени сили во владата, која радикалите духовито ја нарекоа "Цветковиќ-Дачек", повторно да стане "балкански тигар", односно "незаобиколен фактор" на регионалната (не)стабилност. Ако се суди според фактот дека Белград во меѓувреме, пред се' поради Косово, значително ги искомпликува односите со речиси сите соседи, не е тешко да се заклучи во која насока ќе оди идната "балканска коегзистенција".

Наредните денови кога ќе се формира нова коалициска влада (дебатата во српскиот парламент започна вчера) Тадиќ и Дачиќ планираат да потпишат декларација за т.н. политичко помирување, за кое велат дека треба да има елементи на обид за општо национално помирување. Некои белградски аналитичари се надеваат дека во тој документ ќе препознаат кој всушност се сменил во меѓувреме: социјалистите, кои упорно го тврдат спротивното, или - Демократската партија. За тоа, како што е соопштено, во наредните месеци интензивно ќе размислува и Етичкиот комитет на Социјалистичката интернационала, кога молбата на Дачиќ ќе стигне на ред за разгледување и решавање.


Статијата е прочитана 912 пати.

Испрати коментар

Од: marjan
Датум: 08.07.2008 00:49:23
Da se pisuva za Milorad Dodik negativno e necesno, zatoa sto Republika Srpska e mnogu pointegrirana evropski od ostanatiot, "zakopan vo minatoto" del na Bosna i Hercegovina. I dosta vekje iznesuvate negativni stavovi za Srbija, kako taa da e edinstvena koja go unazaduva Balkanot. Pokazavme so nasata demokratija koj vo momentov najpovekje go unazaduva Balkanot. Ne se nitu Hrvatite podaleku, a da ne zboruvam za Bosancite. Naprotiv, Srbija se povekje stanuva drzavata koja go dvizi napred Balkanot. Mislam deka treba da se razbudite od dlabokiot son. Deveesettite odavna se minato!
Од: mitko plival po dunav
Датум: 08.07.2008 01:55:32
Na Srbite ziv da im e Dinkic so negovite ekonomski reformi, inaku tamu mnogu pamet nema.
Од: jovan
Датум: 08.07.2008 10:05:36
Dobro e ,ke im "trgne" rabotata. Pa neli tamu na taa Internacinala vo Atina nasa Rada Sekerinska ja izbraa za nekoj potprecedatel? ili neznam sto bese.
Од: Goce,nis,srbija
Датум: 08.07.2008 12:54:10
Mnogu teski tekstcvi gdine.Torov.Da li vie pisuvate i za Belgradski ''Danas''.5046

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Моите филмови се копија на реалниот живот
Зденко
ДУИ бара албанскиот да биде службен јазик
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Претходен број
Во економијата врие - новата Влада на потег
Драмата на Егејците (8)
Пријателите на Бошкоски подготвуваат фешта во Хаг
Тенис за незаборав
„Водството на ОНА“ стаса во Обвинителството
Каде ќе плови новиот владин брод
Пламени јазици проголтаа хала на скопската фабрика „Годел“
Во салата со огледала
Verbatim