Брoj 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Во економијата врие - новата Влада на потег

Нина Нинеска - Фиданоска

Кој ќе биде министер за финансии, а кој за информатичко општество? Колку и кои ресори ќе ги добие ДУИ, а од кои нема да се откаже ВМРО-ДПМНЕ? Кој ќе остане, а кој ќе си замине од својата министерска фотелја?

Во сенка на ваквите партиски и кадровски преговори, кои разбирливо во изминатиот период го окупираа најголемиот дел од агендата на премиерот Никола Груевски, не престанаа да се таложат економските, подобро кажано вистинските проблеми што ги мачат граѓаните, а со кои новиот владин состав ќе мора да се зафати час поскоро. Откако веќе и официјално се објави дека „интегративците“ на Ахмети ќе станат дел од извршната власт, а новата персонална структура на владиниот кабинет е речиси комплетирана, сега веќе нема изговори и Владата итно мора да и' се посвети на економијата. Таму состојбите се дојдени до точка на вриење и без одложување мора многу умешно да се изменаџираат сите сериозни економски закани. Без разлика што тие генерално не се случуваат по нејзина вина, туку се последица, главно, на светските стравотни ценовни шокови, Владата е таа што мора да ги решава проблемите.

Не треба да се биде одличен економист за да се посочат предизвиците на патот на економскиот тим на Груевски. Инфлацијата е дефинитивно прва на листата. Колку и да сака власта да ја претстави како безопасна и како увезен феномен, за кој таа не била виновна, мора да биде свесна дека двоцифрениот пораст на цените кој ни се повторува веќе неколку месеци едноподруго, е многу сериозна работа со која нема играње. Само малку треба инфлацијата да излезе од контрола и да се отвори инфлациониот вител. За потоа работите да се вратат во нормала ќе бидат потребни многу посилни рестрикции и загуби отколку ако се реагира навреме.

Во исти пакет со инфлацијата доаѓа и секојдневниот застрашувачки раст на цената на нафтата. Вредноста на црното злато секојдневно соборува нови рекорди, а што е уште потрагично, во светски рамки на повидок нема ама баш никаков позитивен сигнал или најава од главните играчи за смирување н�� ценовниот удар. Напротив, прогнозите на аналитичарите се дека до крајот на годинава цената на нафтата би можела да се искачи дури и до фантастични 200 долари за барел.

Трговскиот дефицит е само една од алките во целиот македонскиот маѓепсан круг. Само за првите пет месеци од годинава земјава „набилда“ минус во размената со светот од „добри“ 1,1 милијарди долари. Главната причина, секако, е скапата нафта од која Македонија е целосно увозно зависна, но тоа не ја ублажува опасноста што со себе ја носи високиот дефицит. Ако така продолжи да расте, земјава можеби ќе треба пак да се задолжува за да ја покрие таа финансиска празнина.

Стравот од девалвација, исто така, не е работа што треба да се запостави, и покрај тоа што централната банка тврди оти нема апсолутно никаква опасност од промена на сегашниот курс на денарот. Граѓаните и фирмите веќе воопшто не штедат во домашна валута, туку сите нивни депозити ги претвораат во евра. Очигледно е дека луѓето од нешто се плашат. Од што - можеби и самите не можат прецизно да одговорат, ама факт е дека немаат којзнае каква доверба во макроекономската стабилност, зад која Владата целосно застана, барем декларативно.

Фактите се тие, бројките се јасни и статистички измерени и потврдени. Сега на новата влада е да одбере какви чекори ќе преземе за да ги изменаџира овие опасности. Ќе продолжи ли со политиката на игнорирање и на преземање парцијални мерки со кои само благо им се олеснува маката на одредени категории граѓани или, пак, ќе оди на похрабри потези, останува на неа да одлучи. Само како потсетување - за двојно пониска инфлација од околу 4 проценти, во моќната и богата Европска унија веќе се запалени сите црвени светла на тревога.


Статијата е прочитана 809 пати.

Испрати коментар

Од: Ekonomist
Датум: 08.07.2008 00:54:52
Nadopolnetata prerodbenicka programa e vsusnost spisok na ubavi zelbi, na osnova na koja se deklarirani nerealni i neostvarlivi vetuvanja! Makedonskata ekonomijata ja vodat ne saglam ekonomisti, koi se zainteresirani samo za vlast, ne vodejki smetka za sostojbite vo drzavata! Pred izborite zgolemuvaat plati na administracijata i penzionerite, a pricinite za inflacijata gi baraat vo nadvoresni vlijanija?! Za predizbornata kampanja potrosija poveke pari otkolku sto odvoija za zemjodelieto! Ministrite za ,,brkanje,, stranski investicii se ,,ottepaa,, setajki po svetot, potrosija ogromni budzetski/narodni pari, a efektot katastrofalen! Za realizacija na vetuvanjata sto gi dadoa vo predizbornata kampanja ne bi bil dovolen ni budzetot na nekoja visoko razviena i golema zemja! Glasavte, ke gledate!
Од: jas
Датум: 08.07.2008 02:59:17
Ej ekonomist bas nemaat pojma zatoa Makedonija napreduva na listata na najreformatorski zemji...zatoa e na 50 mesto po konkurentnost....zatoa danocite e namaleni zatoa drzavnata kasa e polni i danocite se naplakaat redovno ...zatoa korupcijata e namalena....epa da de tvoite komunjarcinja napravija poveke so onoj kopukot Nikola Popovski kako min za fin. i so Hari Kostov i Bucko kako Premieri...a da i Branko C. koga toj ja vodese Makedonija taa bese pozadi Singapur....Abe kutite kleti Komunjarcinja i provokatori...shut up
Од: ZSS - Skopje
Датум: 08.07.2008 08:01:54
Vo nekoi ministerstva imase cudni nagraduvanja na ,,zasluzjni" vraboteni. Po koi kriteiumi - nikoj neznae!. Vazjno, se sprovedeni sosema , sosema tajno, a nagradata iznesuvase po 60% od mesecnata plata. Kolku li pari se odleani od Buxetot na RM po ovoj osnov - samo Gospod znae? Ili mozjebi i partiski bogovi vo ministerstvata?
Од: A.Nikolov
Датум: 08.07.2008 11:16:30
Deka vladata na Nikolaj e nesposobna se gleda od mesechinata.Tie nemat pojma shto e prioritetno a shto moze da pricheka.Vazno e deka uchilishtata ke imat kompjuteri od muzejska vrednost,deka mladite ke imat sportski sali i so prazni stomasi ke sportuvaat,ke imame muzei i crkvi za da se molime da se spasime od diktaturata na nesposobnite,lazni patrioti.(Patrioti samo za svojot dzeb )Patrioti preku patriotski kasi.
Од: baravte-gledajte
Датум: 08.07.2008 13:49:05
Narodot euforicno glasase za partijata na gruevski, bozem na fudbalski natprevar se naogase. E, sega ke trpi i ke traj oti slednite 4 godini bavno ke pominat, samo da se molime nekoja vojna da ne fati, oti ovoj tvrdoglav covek, so nikoj ne mozi i nesaka da se razberi
Од: populist
Датум: 08.07.2008 15:49:57
Bez strategija, isklucivo populizam, toa e idea vodilka na Vladata na DPMNE. denes vrabotenite vo MEPSO rabotea do 13 casot, navodno zaradi 'gorestinite, a mozebi i zaradi so solidarnost so direktorot koj voobicaeno doadja na rabota okolu 12-13 casot. Ova e "griza za rabotnikot"po urnek na DPMNE. A kade e grizata za tekstilcite, kade za neprijavenite rabotnici vo privatnite firmi, kade e sindikatot, partenr na Vladata? Zatoa, ludje, site sakaat vo drzavna firma. Moze da ne se raboti, a da se prima redovno dobra plata. No zatoa propadja MEPSO, sto ce se vidi za 4-5 godini. Pas spasuvaj togas, alo ima sto da se spasuva.
Од: Igor
Датум: 08.07.2008 17:10:33
Do jas da te prasam a zosto lugeto koi veke gi imaa pocnato promenite i bea dokazani vo svojata oblast bea ekspresno smeneti vo 2006 i bea staveni na ponizuvacki salterski mesta a na nivni mesta bea doneseni verni vojnicinja?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Моите филмови се копија на реалниот живот
Зденко
ДУИ бара албанскиот да биде службен јазик
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Претходен број
Драмата на Егејците (8)
Пријателите на Бошкоски подготвуваат фешта во Хаг
Тенис за незаборав
„Тигар“ пред вратите на Социјалистичката интернационала
„Водството на ОНА“ стаса во Обвинителството
Каде ќе плови новиот владин брод
Пламени јазици проголтаа хала на скопската фабрика „Годел“
Во салата со огледала
Verbatim