Брoj 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Каде ќе плови новиот владин брод

Милошоски ја споредуваше ДУИ со терористичката Хезболах, но сега очигледно се други времиња

Соња Крамарска

Два дена по објавувањето на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во политичките кругови во Македонија, а и во јавноста владее неочекувано затишје, иако зад сцената се одвиваат трескавични консултации и прогнози за натамошниот развој на настаните по неочекуваната вест. Двете партии, по објавувањето дека склучиле соработка, се повлекоа секоја во своите кампови да ги довршат деталите околу персоналниот состав на владата. Но, остана нејасно под кои услови е договорена коалицијата и кои се отстапките што двете страни морале да ги направат, особено во делот на мајскиот договор за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ДУИ покажала флексибилност, но за кој партијата на Али Ахмети зборува поинаку.

Не така одамна, само пред неполни две години, во скопскиот хотел „Арка“ се случи првото ракување меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на ДУИ, Али Ахмети, што беше главна медиумска вест, со оглед на тоа дека двајцата шефови на партии претходно одбиваа да се сретнат. Само како илустрација, министерот за надворешни работи и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја споредуваше ДУИ со терористичката организација Хезболах, а за Влатко Ѓорчев, пратеник и исто така висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ беа „балисти“ кои коалицираа со „фашистите“ од СДСМ.

Но, времињата очигледно се сменија и она што некогаш за водечката десничарска партија во Македонија беше незамисливо, сега стана реалност и по помошта што ДУИ му ја даде на Груевски за да ја оствари својата намера за предвремени избори, дојде време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер да им возврати.

Политикологот Дане Талески тоа го нарекува силен брак од интерес или чудна коалиција, како што вели, на пушки и на лавови. „На ВМРО-ДПМНЕ им требаше по секоја цена Бадинтерово мнозинство, а на ДУИ и' требаше по секоја цена влез во владата“, ја објаснува тој главната причина за коалицирање, додавајќи дека е јасно оти „во ВМРО-ДПМНЕ се несреќни и во раководството и членството поради коалицијата со ДУИ“.

„Но, има политички проблеми за кои имаат спротивставени ставови и не знам како ќе функционира тоа. Досега тие се гледаа како непријатели. Груевски за време на кампањата прати пораки што се дијаметрално спротивни од ставовите на ДУИ“, вели Талески.

Новата коалиција навистина ја очекуваат големи предизвици. На крајот на годината Македонија ќе биде оценувана дали ги исполнила критериумите за добивање датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Економската состојба нема никакви нијанси на розово, а животниот стандард на граѓаните е најнизок во споредба со другите балкански земји кои произлегоа од некогашната југословенска федерација.

Како Дамоклов меч виси и проблемот со името со нашиот јужен сосед кој ги блокира сите процеси на надворешно-политички план за Македонија и се заканува сериозно да го смени курсот на земјава, ако веќе и не е сменет, со оглед на тврдиот став на Груевски во преговорите со Грција.

Но, прашање е дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сега разговарале за тоа или пак овие прашања ќе се најдат на маса откако бродот ќе го започне својот пат во немирното море. Останува неизвесно и што ќе прави ДУИ со нивните политички барања преточени во таканаречениот мајски договор.

Талески смета дека владата сакала-нејќела ќе мора да се занимава со политичките барања на ДУИ. „Прашање е дали ДУИ ќе се повлече од барањата. Можеби повеќе нема да ги викаат мајски договор, но сигурно ќе сакаат да ги исполнат. Ако не се залага ДУИ за нивно остварување, тогаш кој е нивниот интерес за учество во власта“, анализира тој.

Владо Бучковски, поранешен премиер од редовите на СДСМ, вчера рече дека коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе биде, вели, експеримент за кој се надева дека ќе биде успешен. Сепак, тој им дава рок од две години соработка.

„Конзервативците и марксистите-ленинистите ќе бидат заедно во влада. Двете партии немаат искуство во заедничко коалицирање, што може да биде една од најголемите пречки. Што би рекол министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, Хезболах заедно со поранешните лавови ќе се обидат првпат да функционираат и тоа еден цел мандат, но моја процена е дека ќе издржат најмногу две години“, вели Бучковски.

„Оваа коалиција е почеток на крајот на популарноста на Груевски. Тој, конечно, ќе се соочи со фактот дека во држави во транзиција е неприродно политичарот да биде популарен како холивудска ѕвезда“, прогнозира поранешниот премиер и поранешен лидер на опозициските социјалдемократи.

Евроамбасадорот Ерван Фуере во првата изјава дадена по постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оптимистички рече дека очекува конечно да настапи позитивна политичка клима во Македонија по сите турбуленции во изминатиот период.

Според Фуере, важно е владата целосно да се ангажира во исполнување на реформите, особено на осумте криетериуми поставени од страна на ЕУ и повика извршната власт да продолжи со активностите за расчистување на сите нерегуларности и инциденти регистрирани за време на изборите.

„Важно е колку што може да се стори тоа поскоро, а очекуваме новата влада да направи соодветни измени на Изборниот законик како гаранција дека се' ќе биде во најдобар ред на локалните избори предвидени за напролет идната година“, рече Фуере.

Но, желбите се едно, а реалноста е друго. Груевски и ДУИ теоретски располагаат со фантастично големо мнозинство од 81 пратеник или 82 заедно со Фијат Цаноски. Меѓутоа, тоа не мора секогаш да значи дека работите ќе одат мазно особено затоа што на македонската политичка сцена се случи најневозможната политичка комбинација.


Статијата е прочитана 2500 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 08.07.2008 00:20:09
kade plovi? mozebi odgovor konecno ke dade onoj makedonski sarkozi prelistuvajki ja negovata portokalova kniga na lagi narecena ,,prerodba vo sto cekori,, koja sega posle koaliciranjeto so dui...slobodno moze da ja preimenuva vo ,, predavstvo vo sto cekori,,...inaku jas sum vmrovec -koj povekje e razocaran vo onoj sarlatan od covek
Од: od tudjina
Датум: 08.07.2008 00:38:30
predavnicko-teroristicka organizacija toa e vladata na republika Makedonija; sramota uste ne im se znae grobot na 12 Makedonci od tetovsko od 2001vata samo znaat tie ama ne kazuvaat sega Ahmeti ke dobie i amnestija za site zlodela ama ovoj narod nas pak si tera po staro nikako da e za promeni samo na plakati i na reklami pred izbori e za promeni ali vnatreshnopartiski po se izgleda oti jas ne gledam nekoi promeni vo Makedonija uste od vremeto na Branko korkachot i Ljubco bugaro-shizofrenicharot. so sreka neka vi e narode Makedonski naredni izbori pak glasajte za VMRO I SDS.
Од: MK
Датум: 08.07.2008 00:57:59
Не гледате се прави само да не не примат во ЕУ,ни НАТО,тоа им е целта на ДПМНЕ,тоа е не можат после да уживаат на грбот на народот кои го доведоа на питачки стап,како не му е срам прав глумец се разбира,режисерот и сценарист,требало да се посвети на таа професија што си ја сакал.Само остај е главнава актерка Македонија нека влезе во ЕУ и НАТО за подобро да живее народот,оти во храмовите што ги правиш ке почнат да се молат ти и блиските до тебе да ве казни Бог.....не верувајте се му е сценарио да се избегне влезот и во НАТО и ЕУ,не можат да крадат после....има пуштено лажни патриоти да убедуваат за името,името си е Македонија и ние сме македонци тоа не може никој да го промени па и да биде Северна,ке нема граници така да и јужната ке биде наша и источната и западната обединување од тоа се плаши премиерот.Е ујдиса и со арнаутинов и тој лаже и тој е за пари расипан им ги изеде парите на борцете кои ги збирале шиптарите,Али не е добар,само и тие како и ние сме заблудени ги гласаме.......
Од: Tome, Brisel
Датум: 08.07.2008 01:02:34
Jas so mojata familija sekogas sme glasale za VMRO, no so dogovorenoto koaliciranje so DUI, za mene Gruevski stana PREDAVNIK. Se prasuvam kako moze Gruevski da sorabotuva so teroristi?
Од: Igor
Датум: 08.07.2008 01:15:08
Ke imame mnogu sto da gledame i da slusame vo narednive nekolku godini.Da se nadevame deka ke bidat barem 2.
Од: a-str
Датум: 08.07.2008 02:17:20
Kaj da plovi ili ne plovi nema vrska,ona sto morase i nekoi komentatori nekogas velea deka dui ne moze da vleze vo vlada jas vo toa vreme rekov deka dui MORA vo vlada ne deka gruevski sakal taka tuku moral,inaku tesko bi bilo za drzavta da pak dpa vlegol vo vladata bidejki dpa ne di pretstavuva albancite.Ako sakaat da plovi brodot kako treba treba dvete partii da popustat pomalku ili dvete nesto da dobivat a nesto da izgubat od toa vetenoto pred izborite inaku pak nema da cini za drzavata.Nekoi komentari koi bea sigurni deka vlada ke bide bez dui na pr. commandevil"expertot" sega dozna deka mora dui vo vlada.
Од: Никола
Датум: 08.07.2008 02:54:35
Се е во ред, исправна одлука. Се надевам дека преродбата ќе продолжи, Македонија ќе биде многу постабилна и забрзано ќе се развива.
Од: marjan-viena
Датум: 08.07.2008 03:15:26
e,grujo,grujo....so teroristi naprai vlada.sram da ti e.
Од: BOBI
Датум: 08.07.2008 04:32:59
jas neznam komunjarive so vakvi izjavi sto mislat.Pa jas kako sto se secavam segasniov ni pretsedatel Branko Crvenkovski 100 pati negirase i toj gi narekuvase so kojznae kakvi zborovi ovie od DUI i pak napravi koalicija so niv i toa bese skandal vo toa vreme,I sega oni nasle da zborat.CUVAJ BOZE
Од: Jovan
Датум: 08.07.2008 05:07:30
-Do site Makedonci ,Patrioti vo zemjata i vo stranstvo:Ovaa nova koalicija megu Vmro I Dui se smeta kako nacionalno pomiruvanje posle 7 godini od vojnata vo Makedonija megu Armijata na Makedonija i kosovskite teroristi.Nacionalno pomiruvanje se sluci i vo Srbija so koalicija na demokratite i socijalistite na Milosevic,se sluci i vo Bosna i Hrvatska.Taa koalicija megu Vmro I dui e forsirana od Evropskata Unija kako preduslov za vlez vo EU.Mora da ima megupartiski dijalog vo Makedonija za stabilnost i razvoj.Vo vojnata vo 2001 imase zrtvi i Makedonci i Albanci.No tie zrtvi se minimalni vo odnos na Bosanskite zrtvi koi se 120000 mrtvi.Makedonija e slepo crevo na Balkanot bez vizi i razvoj.So ovoj uslov od EU ke se ukinat vizite za Makedonija od 2009 godina...
Од: Nancy
Датум: 08.07.2008 05:31:20
gruevski ako sakas da bides prijatel so ovoj vtor Osama poarno tie da gi spakuvas koferite da begas od Makedonija zatoa takvi predavnici kako VMRO ne zasluzile da bidat gragani na republika Makedonija.
Од: luli
Датум: 08.07.2008 06:00:50
jas mislam poveketo od vas sto ste razocarani od koalicijata ke go smenite mislenjeto ,Gruevski nemase drug izlez samo na ovoj nacin Makedonija ke vleze vo nato i e. u.
Од: d-dorf
Датум: 08.07.2008 06:18:51
Ubeden sum deka Gruevski e religiozen covek, i raboti spored " BIBLIJATA"- kade sto stoi (od prilika), Od dusman napravi prijatel... ako te udri dusmanot edna strana zavrti mu i drugata strana . I samo taka mozes da ja dokazes tvojata verba kon Gospod, a nie Narodot ke go molime Gospod -da mu prosti, oti ne znae veke sto raboti . I samo taka se pokazuva doverbata kon covekot sto ja vodi Makedonija ( izglasan od pola milion glasaci), Za svojata rabota Gospod ke go nagradi so " RAJ " a Narodot ke bide nagraden od Gruevski so " PEKOL" ... : amin.
Од: Редовен читател
Датум: 08.07.2008 06:46:38
Така е. Велеше дека со терористи нема да прави влада. Тоа беа зборoви на Бранко Црвенковски во 2002 година. Се разбира горната забелешка е со цинична конотација и во стилот на оние кои во темнината на партиската заслепеност забораваат што било (и од кого било) вчера или завчера. Што ли ќе пишувавте ако Груевски ја земеше ДПА во владата?
Од: jimmy1
Датум: 08.07.2008 07:13:11
Da se cudis kade ke plovi - nizbrdo so ovie dvajca kapetani.
Од: poplaven
Датум: 08.07.2008 07:44:58
abe deca mislat samo na vlas.
Од: simce
Датум: 08.07.2008 08:18:30
kako mozese be vie gorepotpisani vmro-vci da ne pretpostavite deka vasiot guevski za da ostani i siri fasizam vo makedonija nema da napravi se.Odma pocnaa dui so nivnite paranoi.Vtor den vo vlada i odma jazik zname sto ke bide slednoto malku vreme ke cekame.A Gujo vas tek ke pocne da se cesa kaj sto ne go cesa.Samo sto ne pocnal da se vrti ako takvo vo gaki.SARLATAN. Pa bar da licese na nesto,ke go gledas.A vaka mizerija nepojavena dosega na ovie prostori.
Од: Стариот Бате
Датум: 08.07.2008 08:48:45
Преродбата продолжува во сто чекори, првиот веќе е направен. Нема простор и време за нерасположение и незадоволсво, гласавме, ќе трпиме и ќе гледаме. Ееее, бате Гујо како многу да го излажа народот, но тој е спремен и за меисја да те прогласи. Тоа е така, бидејќи самоилови војници направи од народот.
Од: od nikogo
Датум: 08.07.2008 09:20:43
Greska vo naslovot! Kade ke plovi kabinetot na Baron Minhauzen? Pa verojatno nikade! A tie sto mu dadoa mnozinstvo pretpostavuvam loso se cuvstvuvaat vo novata uloga deka portokaloviot covek so prviot cekor gi izbrisa nivnite nadezi kako da se se nikoj i nisto! Nema potreba od ostanatite 99 cekori! Za kogo ke gi pravi? Ocigledno samo za sebe i za nikogo drug!
Од: MKD
Датум: 08.07.2008 09:29:14
Portokalovata kniga za Prerodbata vo 100 chekori e super, no samo dokolku pravilno i namenski se upotrebi. Toplo im ja preporachuvam na site koi imaat hemoroidi. Hartijata e meka i ubava i hemoroidite ischeznuvaat za 4-5 dena, Edna doza od knigata e dovolna. Za drugo ne e proprachlivo da se koristi.
Од: jovan
Датум: 08.07.2008 09:36:29
Mnogu glupavi komentari ima dadeno po ovoj tekst, a po toa se gleda i kratkovidosta i zatapenosta na Makedonecot. Toa e Makedonskiot problem sto za obicna rabota koj drugite ja svakaat i prifakaat vednas ,kaj nas se potrebni 10-20 godini, pa se uste imame "patrioti" koj nemozat da ja "prezalat" 2001 i ziveat so mislata deka eden den ke ja povtorat za da samo im se osvetele na Albancite. Glupost nevidena. Kako prvo Albancite vo Makedonija se se posilni i posilni taka da vo odnos na nas niv im cvetaat rozi dodeka nie toneme. Sekojden sme se pomalku i pomalku vo odnos na niv. Finansiski nasiot narod tone, Problemi imame eden kup so sosedite ,dodeka oni so nekoj sosedi se tako reci "braka". Kako sme trgnale kaj i da e tie ke bidat novite gazdi na ovaa drzava ako ne se svestime na vreme. Potrebna e rabota i rabota i samo rabota so pogled kon idninata i realnosta,a ne kradenje i svrteni vo minatoto i iluziite.
Од: koki
Датум: 08.07.2008 09:53:04
mislam deka e teska koalicija na dvajca kontradiktorni licnosti koj tesko pravat kompromis,taka da moze da trae ovaa koalicija i 6 meseci
Од: Trpe
Датум: 08.07.2008 10:01:03
Kade ste vmrovcinja.Glasot vi treperi racete vi se tresat.Sega li svakate deka navredata,losiot zbor e postrasen od samarat.Na ovie izbori podobro ke bese da dobiete samar a ne nagrada.Na makedonija neka i e cestito diktatorsko-teroristicka vlada.Toa ne se moi zborovi toa se na ovcite.Koga porano pisuvav komentari ne bevte sposobni da svatite.Ne znaete da razmisluvate so svoja glava.Rabotite kako ke vi kaze Caplin,slepiot vodac.Gospod da ne cuva od zlo.
Од: grazerin
Датум: 08.07.2008 10:38:08
Jas neznam zosto iste sega ne mavnati placite vie VMRO-ci. Taka sakavte taka glasavte i sega gledajtego filmot Makedonski vo sto cekori.A ponataka vo lokalnive izbori daj te im gi site glasovi za polesno da ja zavsat rabotata so Makedonija.Kade se videlo covek bez raboten stas da vodi drzava,toa samo moze vo Makedonija.I vije s´to se pravite mak.patrioti seste glupav narod .Poveruvavte vo lagite na gjujo pa glasavte ,i vije glasacite negovi nisto neste podobri od nego neka vi e so streca.
Од: Tetova_1
Датум: 08.07.2008 11:46:33
Ziveam vo Sveizarija veke 25 god. Vo ova zemja ima 4 drzavni jazici :Germanski,Francuski,Italianski i Retoromanski.I nikomu ne mu smeta da se zbori toj jazik vo toj Kanton sto ziveat mnozistvata.A ova zemja si odi napred i napred...... Luige nam ne ni treba ni Golema Makedonija ni Golema Albanija.....mi sme tuka i treba da ziveeme zaedno...i zaedno nasata mala zemja da ja integrirame vo Nato,Eu................ Razbudetese ednas zasekogas.........
Од: Zoon Poltikon
Датум: 08.07.2008 12:07:07
Абре луѓе да не се залажуваме.Треба да се биде наивен и да се мисли дека таквата коалиција е нешто чудно.Зошто не беше грев СДСМ да коалицира со ДУИ во 2002,само една година по 2001 година,а сега кога ДПМНЕ колаицира со ДУИ по 7 години од 2001 години тоа се смета за смртен грев.Да не бидеме дволични и да престанеме празно да теоретизираме.Оваа коалиција е брак од интерес ,а не лична волја на Никола Груевски.
Од: duist
Датум: 08.07.2008 13:07:58
Коалицирањето на СДСМ со ДУИ ги чинеше дебаклот што го доживеа на изборите и во 2006 и сега на овие што помина, тоа значи дека истото ке ги снајде и овие од ВМРО. Дуи е пеницилин за македонските партии, кога е во прашање рејтингот.
Од: karamela
Датум: 08.07.2008 13:31:02
Alal da mu e na deckoto duist ima pravo bogami dui e penicilin za site jas sum od sdsm go pozdravuvam i go cekam za nova koalicija sdsm dui nie sme vrodeni za zaednicka koalicija so ovie vmro nisto kaj i da e ke imaat rejting 0 za 2 meseca
Од: Makedonec od USA
Датум: 08.07.2008 13:34:09
Mislam deka naslovot ne e soodveten na tekstot tuku e so namera novinarot da dade negativna konotacija za koalicijata VMRO-DUI.I na vrapcinjata im e jasno deka ova e dogovoreno mnogu odamna,a posebno koga VMRO go poddrza predlogot na DUI za predvremeni izbori.Ova e normalna koalicija i vodenje i izvrsuvanje na vlasta bidejki DUI dobi na izborite mnogu poveke glasovi i pokraj site nelegalni aktivnosti od strana na DPA.DPA besebpotezok partner,nekonstruktivni,ucenuvaci,te davaa ostavki od ministerskite mesta,a ne izleguvaa od kabinetite(foteljite),vo Ljubcovata vlada napravija edno cudo kriminal(zaedno so nego).Ovaa koalicija trebase da bide napravena vednas za da ne se izgubat 2 godini i edno cudo milioni Eura za novi izbori.Inaku brodot plovi vo zavisnost od znaenjeto i umesnosta na kormilarot i Kolumbo trgnal za Indija,a stignal vo Amerika i sega site go slavat.Denes e vreme koga so patriotizam(citaj nacionalizam)ne se uspeva,Grujo toa go svati ili go prifati kako sugestija od onie ko
Од: Slovenija
Датум: 08.07.2008 14:16:08
Osnoven zakon vo politikata: Ne postoi večno prijatelstvo, Ne postoi večno neprijatelstvo, POSTOI SAMO VEČEN INTERES. Pozdrav do site Makedonci
Од: Marija
Датум: 08.07.2008 14:42:36
Neosporno e deka Gruevski ne ni sonuvase da igra tango so Ahmeti,no splet na okolnosti, pritisok od megunarodni faktori i na kraj toa im bese zelba na Albanskiot elektorat. Imam mn drugarki albanki (emancipirani,obrazovani i kulturni) koi bez dilema velat deka Ahmeti e niven heroj i deka toj mn napravil za albanc.pa logicno e da se pocituva nivnata zelba. Sto ste go fatile Gruevski za gusa, sfatete deka politikata e igra cii pravila ne gi diktiraat tia na vlast tuku voajeri od str od USA EU itn zatoa pomirete se iako ni jas licno ne sakam sluzben jazik da mi bide albanski zatoa sto nekoi od alban ne ja znaat ni mk azbuka a se rodile i rastele ovde. Sepak vreme e za kohabitacija , pomiruvanje i zivot vo harmonija i meguetnicka tolerancija i pocit ako ne sakame repriza na 2001...
Од: Macedonija
Датум: 08.07.2008 16:38:49
Земјоделско владо знаете ли дека вашите земјоделци не се задоволни од вашето работење,и ако продолжите вака за кратко време рејтингот на Грујо е готов.
Од: Beli
Датум: 08.07.2008 17:40:47
Abre zoon (zomba ) Poltikum vistina ne e smrten grev ovaa koalicija ,no da imase doblest ova ke go napisese i vo 2002 g i ke kazese deka ova e brak od interes a ne od volja na togasniot mandatar pa sega sekoj ke te svatese deka navistina ja zboruvash vistinata.Nisto ne e loso sto e napravena ovaa koalicija ,no dali koga sega se gledas vo ogledalo go gledas vistinskiot tvoj lik ili likot tvoj so maska,. Drva i kamenja frlavte po sdsm a sega ,pazi bogati ova ne bilo za komentiranje.Simnete gi maskite i ednas veke pocnete da se grizite za drzavata i gradjanite a ne samo za pusta vlast,i dosta veke so prazna retorika i so lazniot patriotizam.
Од: albanec
Датум: 08.07.2008 18:32:16
Do Jovan, lele ama teza ni dade ekspertska kako i site vasi eksperti,. Kako be ne ti e sram za vizi gzot ke go prodadete i drzavata ke ja pordadete sve, nccncnnc kakov patriot si ti kako be ne ti e sram nccncncn

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Моите филмови се копија на реалниот живот
Зденко
ДУИ бара албанскиот да биде службен јазик
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Претходен број
Во економијата врие - новата Влада на потег
Драмата на Егејците (8)
Пријателите на Бошкоски подготвуваат фешта во Хаг
Тенис за незаборав
„Тигар“ пред вра��ите на Социјалистичката интернационала
„Водството на ОНА“ стаса во Обвинителството
Пламени јазици проголтаа хала на скопската фабрика „Годел“
Во салата со огледала
Verbatim