Број 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ДУИ бара албанскиот да биде службен јазик

Листата за министри од ДУИ е кај мандатарот, додека ВМРО-ДПМНЕ се' уште тактизира околу своите кандидати


Сега треба да се најдат патишта за соработка: најекспонираните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Бонева и Алити

Оливера Војновска

Демократската унија за интеграции влегува во Владата предводена од десничарската ВМРО-ДПМНЕ со конкретни барања: издигнување на албанскиот како службен јазик во Македонија, статус на борците на поранешната ОНА, признавање на Косово.

Според ДУИ, овие работи се дел од коалицискиот договор што го постигнале мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на инегративците Али Ахмети. Интегративците, исто така, не се откажуваат ниту од корекции на законите за полиција за употреба на знамињата.

Наспроти ваквите тврдења на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ викендот, промовирајќи ја новата владина коалиција, официјално соопшти дека ќе има мораториум на измените на Законот за полиција и на Законот за симболите, дека донесувањето закон за јазиците ќе биде во согласност со Уставот и Охридскиот договор, а прашањето на жртвите од конфликтот во 2001 да се реши во рамки на постојните закони без носење нов закон.

Во ДУИ официјално не сакаа да коментираат зошто има значајни разлики во изјавите со ВМРО-ДПМНЕ. Но, во неформални разговори со новинарите велат: „Оставете ги да зборуваат како што сакаат. Им дозволуваме да прават така, знаеме дека им е многу тешко“.

Пратеникот Џеват Адеми од ДУИ вчера изјави дека Ахмети и Груевски се договорија за начелните определби и политиката на новата влада.

Во однос на законот за јазиците, Адеми рече дека Д��И никогаш не се залагала албанскиот јазик да стане втор официјален јазик во Македонија, туку официјален. „Никогаш не сме барале албанскиот да биде втор службен јазик, туку службен. Ние не ги рангираме јазиците“, изјави Адеми.

Според него, Груевски и Ахмети имале усогласени ставови за проблемот со името и признавањето на Косово. „Не можам да си замислам влада која нема да ја признае независноста на Косово“, рече Адеми. „Во начелното договарање, двајцата лидери не разговараа за законите за знамињата и за полицијата, но тоа не значи дека нема да се отворат овие теми. Кој ме спречува мене ако сакам да поднесам таков предлог во Собранието“, им изјави Адеми на новинарите.

Тој повтори дека ДУИ „ќе цели на имплементација на Охридскиот договор со донесување закон за употреба на јазиците, социјално и материјално обезбедување на сите засегнати од конфликтот во 2001 година, добивање датум за почеток на преговорите со Европската унија и влез во НАТО, како и борба со криминалот“.

Инаку, листата за министри од редовите на ДУИ со нивните комплетни биографии веќе е кај мандатарот и инегративците очекуваат Груевски поскоро да го достави предлог-составот на новата влада до Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека тоа ќе биде направено, најверојатно, откако ќе поминат законските измени со кои се овозможува формирање министерство за информатички технологии, а кои се на дневен ред на денешната седница. Со таквите корекции владиниот кабинет ќе има вкупно 15 ресори, од кои според направената поделба ДУИ добива пет и едно вицепремиерско место. Интегративците добиваат и потпретседател на Собранието и три заменички места во извршната власт. ДУИ за министри од своите редови ги предлага Фатмир Бесими - економија, Муса Џафери - локална самоуправа, Бујар Османи - здравство, Џелал Бајрами - труд и социјала, Неџат Јакупи - екологија и Абдулаким Адеми заменик-премиер. Како потпретседател на парламентот се споменува актуелниот координатор на пратеничката група Рафис Алити.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Владата остануваат старите министри, има само две-три нови имиња, но и тие не се непознати за јавноста. Извесно е дека функциите ќе ги задржат: Зоран Ставрески - вицепремиер, Антонио Милошоски - надворешни работи, Трајко Славески - финансии, Миле Јанакиевски - транспорт и врски. Иво Ивановски, најверојатно, ќе биде на чело на новоформираното министерство за информатика. Во Министерството за земјоделство останува и Ацо Спасеноски од Социјалистичката партија. Наспроти прогнозите дека од ресорот правда ќе си замине Михајло Маневски, партиски извори велат дека тој, сепак, ќе истера уште еден министерски мандат. Досегашните државни секретари во министерствата за култура и за образование, Елизабета Канчевска - Милевска и Перо Стојановски, се споменуваат како идни министри во овие два ресора.

ДПА вчера не се појави во парламентот. Нивните политички ривали од ДУИ велат дека не го забележуваат отсуството на Мендух Тачи и на неговите сопартијци. Сигурни се дека ДПА многу скоро ќе дојде во Собранието, но не веруваат дека тоа ќе биде пред изборот на новата влада. „Не очекувам да дојдат кога ќе ја избираме владата. Тие имаат многу гревови и затоа нема да ги критикуваат нашите кандидати“, вели Адеми.

За пратеникот од СДСМ Емилијан Станковиќ е нејасно дали Груевски и натаму ќе ги вика терористи новите коалициски партнери од ДУИ. „Падна во вода шестгодишното сатанизирање на сите политички чинители кои соработуваа со ДУИ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги нарекуваше терористи, освен ако премиерот и натаму не ги нарекува така министрите од ДУИ. Македонија залудно ги потроши изминатите две години оти ВМРО-ДПМНЕ можеше да направи коалиција со ДУИ уште во 2006 година“, вели Станковиќ.

Според пратеникот на Нова алтернатива Ѓорѓи Оровчанец, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е „врховистичко-терористичка“. „Едните велеа дека се терористи, другите дека се врховисти. И сега ќе имаме врховистичко-терористичка коалиција“, вели Оровчанец. За него е сосема јасно дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е договорена уште пред распуштање на парламентот. „Зошто Груевски, кој имаше можност да формира влада без и еден коалиционен партнер, го испушти како 13-то прасе својот соработник Тачи, кој беше прогласен за војвода. Дали на следната седница на Централниот комитет ќе му ја одземат титулата“, се прашува Оровчанец.


#
Статијата е прочитана 5060 пати.

Испрати коментар

Од: psihicki poremeten
Датум: 08.07.2008 00:22:37
toa ti e isto kao da ti dojde dusman doma, ti go castis jadenje pienje sve sto imas,a on ti vika daj mi ja i zenati,ja zima i zenati a potoa te isfrla posle od sopvstvena kuka i ti koga ke go molis od nadvor da te pusti u kukata ti zbori na drug jazik i ne te razbira, abe do koga vaka,daj podobro da se spasime i da bideme bugarija ke ne izedat inace poleka site,i taka nemame izbor vise ,aj barem da dobieme site vizi i da si izbegabe u zapad,se borev 2001 za da gledam vakvi stvari ,jas vise ne sum makedonec ,sakam da bidam albanec ,barem ke se gordeam
Од: commanddevil
Датум: 08.07.2008 00:23:20
pa vo ovaa egejsko balisticka koalicija ke nama sto da se bara--toa e turlitava vo koja ne se znae koj ke pie koj ke plakja...se nekoj ke bara a onoj makedonski dedomraz se ke dade....po onaa negova MORKOV KNIGA ,, PREDAVSTVO VO STO CEKORI,,
Од: od tudjina
Датум: 08.07.2008 00:28:33
kiselo mleko +parche leb = popara , takva e nashava makedonija tie sto ubivaa makedonski sinovi dojde vreme nasiot najgolem patriot vojvoda komita da gi pokani vo vlada da ja vodat nasata drzava, bravo se na dusha da vi lezi.
Од: Angel
Датум: 08.07.2008 01:12:11
Jasno e deka seto ova bese inscenirano od samiot pocetok.Zatoa i gi napravija ovie vonredni izbori kriejki se zad fasadata na rejtingot koj vestacki go napumpaa inaku istoto ke go napravea uste pred 2 godini samo im bese potrebno apsolutno mnozinstvo.E pa neka ni e so sreka sega i so gospod napred.
Од: mima
Датум: 08.07.2008 02:13:27
Читам и не можам да си поверувам на очиве.Отиде нашата мила Македонија.Јас гласав за Вмро-Дпмне и милион пати се кајам.Што ќе направат со нас?И тие ли дојдоа да коалицираат со оние што ги нарекуваа терористи!?!?Срамота,голема срамота!!!!Ако сега има пак избори нема да имате ни 13,а не 63 пратеника.Го изигравте народот што ве гласаше.Вие требаше да бидете-НАРОДОТ,а не да се свртите против него!!!!
Од: Kocin-Sydney
Датум: 08.07.2008 02:20:42
Duri sega Gruevski padna na ispit. Sekogash bev na negova strana. Sega se prelea chashata so toa shto DUI ja pribra za partner vo novata vlada. Znachi deka i 'majskiot' i 'martovskiot' pred dogovor postoele. Celta na Albancitel e jasna: albanskiot za vtor drzaven jazik, teroristite da se proglasat za borci-heroi, promena na znameto i shto li ushte ne???!!! Znachi li ova pochetok na federalizacija na zemjata g-Gruevski? Dali VMRO-DPMNE ushte kje ja smetame za naj nacionalna partija posle seto ova? Krajno sum razocharan, vakvo neshto ne ochekuvav ni vo son!!!
Од: Nedim
Датум: 08.07.2008 02:33:41
A be ti pogore sto vikas deka si se borel za makedonija mislis deka albancite ne zasluzuvaat da gi imaat site prava nemoj ziti se jas mislam deka vakva koalicija bas i trebase na drzavava zatoa pobednickata od makedonskiot blok da koalicira so podebnickata partija od albanskiot blok da ne se frlaat 200 iljadi glasovi od albancite vo wc
Од: mitko ne se sekira
Датум: 08.07.2008 02:55:43
Jas mislam deka nema osnova za griza. Albanskiot jazik nema nikogas da stane sluzben zatoa sto lugeto koi se dovolno glupi da glasaat za Grujo i VMRO (pola milion) nemaat mozocen kapacite da ucat uste eden jazik.
Од: MKD
Датум: 08.07.2008 04:17:13
Seto ova e ubavo isplanirano no od strana na albancite .Tie znaeja deka "Vodstvoto na ONA" e na red pred obvinitelstvoto i sega ,bidejki rakovodstvoto na DUI e vsusnost vodstvoto na ONA,ke se krijat zad pratenicki imunitet,iako spored mene za teroristicki akti protiv drzavata imunitetot ne vazi,no toa e za golemite drzavi a ne kako nas,bidejki koj kako ke stigne ni kazuva sto da pravime.Sto se odnesuva za albanskiot jazik toj e sluzben vo Albanija ,Kosovo i tolku im e dosta Makedonskiot jazik e sluzben vo Makedonija ako sakaat Albanski sluzben jazik ete im ja Albanija ili Kosovo pa neka komuniciraat na Albanski.Drugo,vo pocetokot prvo bese tamu kade sto se 20% da se sluzi i Albanskiot a sega sakaat i na cela teritorija na Makedonijarabotata e prvo prst pa posle raka.Namesto da se borime zaedno za podobra ekonomija tie se uste se borat za golema Albanija no i na toa ima kraj .Ako Gruevski pravi koalicija za toa togas moze vednas da si odi takov premier-izdajnik na Makedonskiot narod ne
Од: Nancy
Датум: 08.07.2008 05:26:53
Ovie lige se svesni ili ne? ova e golema sramota za VMRO toa se znaese deka ovoj terorist Ahmeti deka ce bara mnogu raboti a ovie vo vladata se site bolni vo glavite ako toj saka albanskiot za sluzben jazik i za site onie sto pustosea vo Tetovsko da bidat borci toa e nesto ne vo red Albanija ima sluzben jazik vo edna Albanija a ne vo dve Albanie.
Од: d-dorf
Датум: 08.07.2008 05:44:30
Ubeden sum deka Gruevski e religiozen covek, i raboti spored " BIBLIJATA"- kade sto stoi (od prilika), Od dusman napravi prijatel... ako te udri dusmanot edna strana zavrti mu i drugata strana . I samo taka mozes da ja dokazes tvojata verba kon Gospod, a nie Narodot ke go molime Gospod -da mu prosti, oti ne znae veke sto raboti . I samo taka se pokazuva doverbata kon covekot sto ja vodi Makedonija ( izglasan od pola milion glasaci), Za svojata rabota Gospod ke go nagradi so " RAJ " a Narodot ke bide nagraden od Gruevski so " PEKOL" ... : amin.
Од: luli
Датум: 08.07.2008 05:52:09
sto e ova sekogas se pisuva albanskata partija dui ili pda bara ova bara ona ne ne oni barat OHRIDSKIOT DOGOVOR da se sprovede tolku i tocka,dodeka problemite ostanuvat na mesto bidejki sekoja vlada saka da gi odlozuva pa da im gi ostavi tie tocki na slednata vlada pa luge se pomirivte so tia tocki i sega ima da gi sprovedete tia tocki
Од: pogled
Датум: 08.07.2008 07:44:07
1. Албанскиот јазик е службен (ни прв ни втор) според Охридскиот рамковен договор, како што се службени и остантите јазици од другите етникуми. 2.Очигледно е дека и овој пат некој ќе се сее етно-национална магла заради неумеење (или несакање) да се водат државни работи во интерес на СИТЕ граѓани во Република Македонија. 3. Сеењето етно-национална магла е како предметот по фискултура во училиштата: секој сака да игра; за другите предмети или треба да се има дарба или треба да се вложи труд. 4. Државното знаме треба да се аплицира на регистарските таблички од моторните возила како што тоа го прави цивлизираниот свет.
Од: poplaven
Датум: 08.07.2008 07:47:27
grujo velese nisto ne barale dui.
Од: asd
Датум: 08.07.2008 07:57:36
Ova sto se slucuva kaj nas go nema nigde drugo mesto vo svetot (nitu go imalo nitu ke go ima vo narednite 10 000 godini)
Од: Dok
Датум: 08.07.2008 08:18:49
A be neznam sto vie od SDS se bunite [pa vie bevte prvi sto gi donesovte vo vlada, i sega vie krivo sto pak s evo vlada ili vie krivo sto vie ste nikoj i nishto, vremeto ke pokazi i za predavnici i za patrioti, aj d ave ostaam reat da kukate ovde i taka vesnikov vie kako katolichka crkva pa tuka idite da si gi ispovedate makite ako ako samo za arno da e
Од: Nikola
Датум: 08.07.2008 08:41:28
Da se razbereme! takanarecenite 'teroristi" bea i vo DUI i vo DPA. Koaliciranjeto e normalna rabota, no nenormalno e odnesuvanjeto na DPMNE. Do vcera go napadjaa SDSM za koaliciranje so DUI, a sega istoto go pravat. Toa ne e seriozna rabota, nitu partija. Se sramat li e od svoite zborovi? Pretpostavuvam deka ne se sramat, oti za sram treba da imas povisoki moralni standardi, a DPMNE toa go nama.
Од: karamela
Датум: 08.07.2008 09:27:20
Da bevme Srbi sega ke mu vlezevme na Grujo so buldozer vo sobranie ama kaj nas vazi uste prikaznata so egejcite SI SE BOREL AMA SI ZABORAVEL i op borecka penzija
Од: negotina e pollogut
Датум: 08.07.2008 09:35:25
pa zatoa sme najsiromashna drzhava vo evropa,dushmani gi vikatate lugjeto shto se borele za covekovi prava,protiv racisti,protiv majorizacija,protiv nevidena diskriminacija sprema 30%na naselenieto.So vas ima problem cela evropa a ne samo nie albancite.educirajte se malce evropski.
Од: coment
Датум: 08.07.2008 09:35:48
gledam,qitam i milo mi e sto vmro i dui se vo koalicija toa trebalo da se sluqi i pred nekolku godini no taka e koga ziveeme vo vakva prosta makedonija...radosna sum za koalicija vmro i dui
Од: do mima and company
Датум: 08.07.2008 09:54:36
Posle 1vi Juni nema kaenje
Од: lupco vojvodata
Датум: 08.07.2008 09:59:39
e nikolla ti go digna rejtingot taci i sego go izbegas za da se druzis so drugite koj te pcue te narekuva sva ata,pret nekoj den taci te branese ot pacovite a sega za nisto go prodava,pa nema veza ti ke do prodajes i svojot narot i nacija pa taci......
Од: maky
Датум: 08.07.2008 10:03:28
igajse grujo igraj samo pazi da ne go pogresis oroto ?? posto tesen e patot kaj sto igras da ne padnes u kanalot!! samo da ti kazam da ne se igras so makedonija i narodot posto nema da ti prostime nikogas a poslem ke ti bidat za dzabe i bodi gard i ke nema drzava kaj ke se skries pile.
Од: gjoko bugarija
Датум: 08.07.2008 10:10:26
Sramota,Razocharan sum,ke si ja izgubime drzavata. A mislev deka gruevski znae podobro od toa.Site teroristi u zatvor na chelo so ali ahmeti i kompanija,a za nashite borci penzii i beneficii,tie ginea za Makedonija.Makedonija na Makedoncite.
Од: profesorka po makedonski
Датум: 08.07.2008 10:12:56
Na vcerasnite vesti taka cinicki si kazaa deka nikogas ne kazale albanskiot da bite vtor oficijalen jazik ,tuku prv.Smetam deka site Albanci vo Makedonija rabotat na ostvaruvanje na nivnite zaednicki albanski interesi bez razlika koja od nivnata partija ke dojde na vlast.Se e samo dobro smislena igra!
Од: Nekoj
Датум: 08.07.2008 10:22:28
Ne sakam da se mesam vo politika i vo nacionalnosti no ve molam so e ova........ Nekoj podole vika deka zaso ovie albancive samo baraat a ne gledat ekonomija i napred..... Dobro gospodine pa zaso ti gledas sea nacionalnost,,,,,gledaj i ti ekonomija i so se grizis za nacijata ... koga tebe ekonomijata ti e vazna toas gledaj si ekonomija a nemoj za ova da se grizis zaso i albancive se luge i tie ziveat i ke ziveat tuka zaedno so nas...... Pozdrav i bidete malku civilizirani luge a nemoj nacionalisti i predavnici covek si e covek i site se isti bez razlika nacijata.......cao i pamet na glava.....
Од: iki
Датум: 08.07.2008 10:22:56
Vakvata koalicija edinstveno ja podrzuvaat ALBANCITE LATAS so negoviot vesnik VECER do vecer da mu se stemni ida ne mu se razdeni i nedovetnata voditelka na BUMBAR TANJE koja koga se zboruva za GRUJO samata se samozadovoluva i nejzinite plateni javuvaci za koj sekogas mozat da se javat i da sirat lazen patriotizam megutoa moraat da znaat deka so vakvi emisii samo mu stetat i na partijata i na nedovetniot covek od ZBOR GRUJO zamislete site sto se javija dadoa bel bumbar za koalicijata so duj a istite pred nekolku dena bea protiv takva koalicija detski raboti za vozrasni luge stramota.
Од: citatel
Датум: 08.07.2008 10:49:02
E bas bi sakal da vidam kako VMR-ovcite vo sobraniskite klupi,vo polusvlecena polozba,so crveni obravcinja i so trepkanje so ocinjata,sramezlivo ce gi krenat cesnite im racinja pri glasanjeto za izbor na komandant 'Msusi za potpretsedatel na sobranieto.Uf,bas bi sakal.A do nivnite fanovi i glasaci-poraka:Doadja esen,ce ima dozd,ce ima i kal,pa so istite racinja so koi glasavte za patriotot,od kal ce ja pravite i Sekerinska (vistinskiot patriot),ama docna ce e.
Од: Do Psihicki poremeten
Датум: 08.07.2008 11:01:28
A sto si mislis ti bugarija nema problemi so malcinstvata ima 2 milioni turci vo bugarija !!! zaposnati se da si gi baraat pravata sega se vo samiot rascut, pa da vidime sega niv ?
Од: dimitar
Датум: 08.07.2008 14:46:51
Прво Македонски како службен во Албанија, па потоа ќе размислиме за албански во Македонија.
Од: nicola_it
Датум: 08.07.2008 15:47:55
So vakvoto popustanje od strana na Gruevski na makedonskiot narod ne mu se pisuva dobro zasto ako pravi otstapki po sekoi parlamentarni izbori koj znae kade kje zavrsat baranjata na albanskiot blok.Paradoksalno e sto albanskiot blok bara na golema vrata da vleze vo Makedonskata istorija so baranjeto na proalbanski promeni vo drzavnite simboli i priznavanjeto na status na borci na albanskite teroristi,a vo svojata agenda ne gi spomnuva glavnite celi koi ja zasegnuvaat Makedonskata politika i makedonskiot narod odnosno resavanjeto na problemot so imeto i vlezot vo EU.
Од: badi
Датум: 08.07.2008 16:42:05
Pozdrav za koalicijata,jas kako bifshi glasac na VMRO-DUI,sega se otkazhuvam od makedonski raboti oti grujo llazhe sega qe se gordeeam kako albanec oti ALI ne se fali toj si pravi kako vetuva ,go predomisli Grujce namesto crkva qe si gradaat spomen plloca za borcite na UCK- ,,,
Од: Швајцарија
Датум: 08.07.2008 16:43:38
Да живее мајскиот и мартовскиот договор. Да живее Груевски и Ахмети.
Од: razocaran albanec
Датум: 08.07.2008 17:42:07
Jas kako simpatizer i glasac na DUI,krajno sum iznenaden i razocaran so poslednite potezi sto gi napraj.Kako albanec se custvuvam degradiran i ponizen od tie luge koj sto vistina sosema nesto drugo ni zboruva po mediumite i mitinzite.Tocno e deka za sekoj politicki kontest ima resenije na ovoj ili na toj nacin,no definitivno ne go opravduvam odstapuvanjeto za gradot KICEVO.Priznavam deka 2-ta madati glasav za DUI,no ke priznavam i nesto sto ne sum sakal da komentiram.Tokmu nie aktivistite na DUI,bevme koj gi polnivme kutite.Poteknuvam od LIPKOVSKIJOT REGIJOT,mozam da recam deka nad 80% go polnivem kutite.Kako cisto krven albanec,zalam za partijata na DPA sto mu se sluci ovaa.Se custvuvam moralno optereten i dusata mi gori,zatoa sto i tie se od moja krv.Se kolnam vo gospod i vo BESA BES deka DPA bese zrtva na komandantite....
Од: елем-еден
Датум: 08.07.2008 18:18:05
eee ввујо, Гвујо, почна да си го покажуваш лицето, а и усвитените националистички македончиња да те читаат. епа редно време беше!
Од: irena
Датум: 08.07.2008 19:42:54
na baranjata na albanskiot faktor im nema kraj...mislam deka akademikot efremov bese vo pravo vo 2001g..site se nafrlija na covekot togas no deneska negovoto resenie e spas za makedonija i makedonskiot narod...da se realizirase proektot na akademikot efremov vo 2001 denes ke evme vo nato i eu...zarem ne sfakame nato i eu se mesto samo za ednonacionalni drzavi a ne za binacionalni...binacionalnite odamna se minato...
Од: Gox
Датум: 08.07.2008 21:01:31
Vo prosliot parlamentaren sostav vo DPA imalo 13 a vo DUI ne znam,ama mislam 6 ili 9...Kako i da e,ne ocekuvav da koaliciraat so ovie sipci,mada normalno ne sakam nieden da vidam od bilo koja da e partija..Kuce e kuce..nema sto..A do Mitko sto ne se sekira,kaj ti bese kapacitetot na tebe koga se glasase na referendumot za teritorijalna podelba ??? Ili ne ti teknuva posto IQ-to ti e pod 0..Nemoj da izigravas nekoj golem mangup i da omalovazuvas 50000 luge..klosar ofucan !!!

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Во економијата врие - новата Влада на потег
Зденко
Моите филмови се копија на реалниот живот
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Пријателите на Бошкоски подготвуваат фешта во Хаг
Тенис за незаборав
Драмата на Егејците (8)
„Тигар“ пред вратите на Социјалистичката интернационала
„Водството на ОНА“ стаса во Обвинителството
Каде ќе плови новиот владин брод
Пламени јазици проголтаа хала на скопската фабрика „Годел“
Во салата со огледала
Verbatim

"""