Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Босанскиот „Снег“ го отвора Сараевскиот фестивал

Покрај Кевин Спејси и Чарли Кауфман, во Сараево ќе биде претставен и Тод Хајнс, авторот на „Велвет голдмајн“

Сунчица Уневска

Денеска со босанскиот филм „Снег“ на Аида Бегиќ ќе се отвори 14. Сараевски филмски фестивал. „Снег“ е дебитантски филм на Бегиќ, со кој оваа млада авторка беше претставена во „Недела на критиката“ на Канскиот фестивал, каде што го освои Гран-прито. „Снег“ е приказна за шест жени кои по војната живеат во Сливно, соочени со сите трауми поради нивните загуби, но и со нечовечната и неморална понуда на двајца бизнисмени.

„Снег“ ќе биде прикажан надвор од конкуренција, додека за „Срцето на Сараево“ годинава ќе се борат десет филма. Сараево својот фокус го има на регионалниот филм и на промоција на домашната продукција, но интересно е дека годинава во главната конкуренција нема босански филм, туку Босна само се јавува како копродуцент во два хрватски филма. Тоа се делата на веќе етаблираните Горан Рушиновиќ со „Буик ривиера“ и Далибор Матаниќ со „Кино Лика“. Во трка се и шест дебитантски остварувања, и тоа: „Ние никогаш не сме биле во Венеција“ на Блаж Кутин од Словенија, „Четвртиот човек“ на Дејан Зечевиќ од Србија, „Девојки“ на Ана Фаур од Унгарија, „Март“ на Ханди Клаус од Австрија, “Есен“ на Озкан Алпер и „Мој Марлон и Брандо“ на Хусеин Карабеј од Турција. Меѓу овие десет филма од кои дури седум се меѓународни премиери, е и унгарскиот „Делта“ на Корнел Мондрузо, кој ја доби наградата на критиката во Кан и уште еден турски, „Точка“ на Дервиш Заим. Приказните, пак, се помалку се занимаваат со војните и последиците, а се' повеќе со актуелните состојби на самотија, насилство, загубеност и апсурд во кои се наоѓаат луѓето од сите страни на светот.

Веќе пишувавме дека Македонија годинава е во главната програма само во категоријата на краткометражни филмови, која исто така е посветена на регионот. Анимираниот филм „Ангел“ на Вук Митевски е во конкуренција со уште 15 филма. Она што е интересно е дека годинава во оваа програма доминира анимираниот над играниот филм, односно во конкуренција се дури девет анимирани филма. „Ангел“ е приказна за паднатиот ангел, кој не може да се снајде во овој свет.

Од Македонија се селектирани и тројца млади таленти во годинешниот Сараевски талент кампус, кој се одржува во соработка со Берлинскиот кампус и Интернационалниот Берлински фестивал. Меѓу 250 кандидати селектирани се 80 таленти од регионот, кои ќе ја имаат ексклузивната можност низ ��редавањата и средбите со многу влијателни светски автори да учат за филмот. Станува збор за двајца режисери, Марија Цонева и Јане Ќортошев и актерката од филмот „Сенки“, Весна Станоевска. Инаку, и на копродукцискиот маркет „Синелинк“ годинава имаме свој претставник. Теона Митевска со својот нов проект „Маркет“ влезе меѓу 12 автори, кои се борат за три гранта од 12.500 евра.

Сараево и оваа година има многу интересни гости. Најголемиот, секако, е американскиот актер Кевин Спејси („Вообичаено осомничени“, „Американска убавина“, „К-пакс“), но тука се и еден од најзначајните млади американски сценаристи Чарли Кауфман („Да се биде Џон Малковиќ“ и „Адаптација“), кој во Сараево ќе го претстави своето режисерско деби „Синегдоха, Њујорк“, како и венецискиот лауреат Џиа Занг Ке, чиј филм „24 city“ ќе ја отвори годинешната програма „Панорама“. Потоа, меѓу гостите и предавачи на Сараевскиот кампус ќе бидат и: Мајк Ли, Тери Џорџ, Хју Хадсон, хрватскиот продуцент Бранко Лустиг и турскиот автор Нури Билге Џејлан, инаку претседател на годинешното жири. Додека во годинешната програма посветено ќе биде претставен еден од авторите кои ја одбележа филмската естетика последниве децении, Тод Хајнс, кој се потпишува на „Велвет голдмајн“, „Отров“, „Јас не сум таму“ и други.

Сараевскиот фестивал има дури десет секции и најавува над 170 филма. Неговиот фокус на Југоисточна Европа и растењето од година в година го направија најважен настан во светот на филмот во регионот. Од годинава во Сараево ќе се доделува и наградата на меѓународната критика „Фипресци“, а негов партнер стана Советот на Европа.

 


Статијата е прочитана 142 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Љубиша Георгиевски во две фотелји
Со „Алкмеон во Коринт“ фрлени три милиони денари во контејнер
Оживеан симболот на Москва
Со „Дете на војната“ повторно стартува „Милениум“
Гостување на „Денс театар компани“ од Албанија
Вечерва почнува манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“