Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Оживеан симболот на Москва

Во градот каде што спомениците лесно се уриваат, Пашковиот дом, по реновирањето отворен за јавноста

МОСКВА - Програмата на Бах и Моцарт, во изведба на Пинчас Зукерман во придружба на оркестарот на Бољшој театарот, не е вообичаена за вечерен помин во Москва. Но, сепак, тоа не беше вообичаено излегување. Кога неодамна еден богат Русин сакаше да се пофали со купувањето на виолината „гарнериус дел гесу“ од 1741 година, тој кажа дека единственото соодветно место за таа цел бил новореновираниот Пашков дом, магнет за растечката класа на социјално амбициозните Руси. „Пашковиот дом е едно од неколкуте места каде што може да се направи ова“, вели Русинот Максим Викторов за концертот. Тој ја купил виолината, направена од Бартоломео Џузепе Гарнери, за кого многумина веруваат дека е најдобриот произведувач на виолини, во приватна продажба преку „Сотби“ за „многу повеќе од 3,5 милиони долари“, претходна рекордна цена за виолина, соопшти аукциската куќа. Викторов, кој се збогати како правен советник на компаниите „Лукоил“ и БП, изјави дека цената двојно се зголемила што не е премногу далеку од стандардот.

Во градот каде што архитектонските споменици лесно се уриваат или се реновираат што не може да се препознаат, Пашковиот дом, кој повторно беше отворен за јавноста во октомври по реновирањето што чинеше 80 милиони долари, е еден од неколкуте реставраторски проекти пофалени од реставраторите. „Има неколку помали работи, но како целина е завршена извонредна работа“, вели Давид Саркисјан, директор на Музејот за архитектура „Шчусев“, кој е од другата страна на улицата спроти Пашковиот дом. „Оптимистички е тоа што во близина на Кремљ имаше руиниран споменик, кој сега е во одлична форма“.



Иако локацијата е потчинета на легенди кои датираат од времето на владеењето на Иван Грозни во 16 век, сегашната структура беше изградена како приватна гостинска куќа по катастрофалниот пожар во 1812 година, кој се прошири низ градот по пристигнувањето на првите војници на Наполеон. Подоцна стана музеј на уметноста и, конечно, дел од Лениновата библиотека за ретки книги, библиотека втора по големина во светот, која беше магнет за меѓународните научници уште во советско време.

Џејмс Билингтон од Конгресната библиотека во САД и автор на книгата „Икона и секира“, круцијална историја на руската култура, во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век изврши истражување на Пашковиот дом. „Секогаш е задоволство да се работи на таква прекрасна структура - ��аместо врз не толку привлечната архитектура кај повеќето делови од Лениновата библиотека“, вели тој.
По речиси две децении од распадот на Советскиот Сојуз, иако објектот извесен период се вбројуваше меѓу најубавите објекти во Москва поради неопаладиската архитектура, беше трошен трн во окото, болен потсетник на избледена убавина. Во еден момент во 1990 година тој стана собирно место за бездомниците. „Она што е најтажно е тоа што за време на овие 18 години тоа беше интерпретирано од најголемиот дел на јавноста, а всушност за тоа и стануваше збор, како симбол на став на властите кон култура“, вели Виктор Фјодоров, директор на Руската државна библиотека, како што сега се нарекува Лениновата библиотека. „Тоа беше како тивок укор. Кремљ е во близина, и високи официјални лица поминуваа покрај него секој ден на пат кон работа, минуваа покрај оваа куќа и никому не му беше грижа за тоа“.

Фјодоров и Михаил Швидкој, директор на Федералната агенција за култура и кинематографија, што ја надгледуваше реставрацијата, минаа години во одбивање на добронамерни и грабливи понуди за преземање на Пашковиот дом. Сите од моќниот градоначалник на Москва, Јури Лужков до ултранационалистот Владимир Жириновски, до банки и нафтени компании, се обидоа да стават рака на местото, посочи Фјодоров. Во 2003 година почнаа да пристигнуваат пари за реставрацијата финансирана од државата, по посетата од тогашниот претседател на државата, Владимир Путин, чија поворка автомобили влезе во Кремљ наспроти Пашковиот дом.

Сега имотот, именуван по неговиот првичен сопственик, синот на личниот слуга на Петар Велики кој станал богат по концесиите за вотката, повторно сјае и остана веродостоен на оригиналниот дизајн. Во големата сала се прикажани детално направени гипсани дела кои опишуваат митски фигури, канделабра што била спасена од урнатините и лустер што се повлекува.

(Интернешенел хералд трибјун)


Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Љубиша Георгиевски во две фотелји
Со „Алкмеон во Коринт“ фрлени три милиони денари во контејнер
Босанскиот „Снег“ го отвора Сараевскиот фестивал
Со „Дете на војната“ повторно стартува „Милениум“
Гостување на „Денс театар компани“ од Албанија
Вечерва почнува манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“