Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Љубиша Георгиевски во две фотелји

Иако доби нова функција во МНР, Љубиша Георгиевски останува уметнички директор на МНТ

Лилјана Митевска

Режисерот и поранешен претседател на Собранието на РМ, Љубиша Георгиевски, деновиве доби нова функција во Министерството за надворешни работи. Тој ќе биде советник на министерот Антонио Милошовски за Југоисточна Европа, но тоа нема да го спречи да ја извршува и функцијата уметнички директор на Македонскиот народен театар на која стапи на 1 јуни оваа година.

Во тој период Љубиша Георгиевски изјави дека ја остава политиката зад себе и му се враќа на театарот. Но, очигледно работите попримаат нов тек. Сепак, Љубиша Георгиевски вели дека неговата примерна определба е театарот. "Со политика се занимавам 17 години, а со театар 50 години. Мојата главна работа е во МНТ. Јас се враќам во професијата", вели режисерот Љубиша Георгиевски.

Двете функции тој ги извршува хонорарно, со оглед на тоа што е одамна во пензија. А кога станува збор за одговорностите и можноста поради презафатеност неговата театарска функција да трпи, Георгиевски вели дека "се' е прашање на организација и капацитет. И политиката и културата се прашање на идеи, а не на работно време". Во оваа насока тој додава дека неговата политичка работа е обврска (како член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ има политички задачи), но земјата не е пред избори така што обемот на ангажманот е прифатлив.

Кога станува збор за функцијата во Македонскиот народен театар, со кој Георгиевски има потпишано четиригодишен авторски договор, треба да се напомене дека во негова надлеженост преминува целокупната уметничка дејност на театарот, а директорот Сашо Миленковски има пред се' управна функција. Во овој контекст, Љубиша Георгиевски ни открива дека Македонскиот народен театар, како национална куќа, во наредниот период многу поинтензивно и потрајно ќе се фокусира на домашната драма. "Тргнувајќи од претпоставката дека нема национален театар без национална драматургија, наредната сезона ќе им се даде голема предност на домашните текстови. Во оваа насока, сите режисери се храбрени да предложат проекти на домашна тема", вели Љубиша Георгиевски.

Ова е додатен аспект кога станува збор за решенијата на Георгиевски. Тој нагласува дека програмата на МНТ ја конципирал не врз база на пиеси, туку врз база на избор на режисери кои нареднава сезона ќе работат во МНТ и кои самите предлагаат проекти. Меѓу големите режисерски имиња планирани да работат во МНТ се: Иван Поповски, Слобода�� Унковски, Љубиша Ристиќ од Србија, Љупчо Георгиевски, Златко Славенски, како и самиот Љубиша Георгиевски кој со договорот со МНТ е обврзан да изрежира една претстава годишно за оваа куќа.

Кога станува збор за нивниот избор на проекти, Љубиша Георгиевски вели дека од разговорите засега е познато дека Љубиша Ристиќ ќе работи дело од Шекспир, Иван Поповски најверојатно "Ромео и Јулија" исто така од Шекспир, Златко Славенски ќе работи на своја драматизација на "Зли души" од Достоевски, Љупчо Георгиевски ќе го постави "Суд" на Коле Чашуле, а тој и Слободан Унковски исто така би работеле домашни проекти.

Изборот на режисерите, во контекст на критиките во минатото дека МНТ одвојува преголем простор на големата сцена за младите, иако според некаква општа логика таа треба да е резервирана пред се' за веќе докажаните големи имиња, Љубиша Георгиевски го коментира со зборовите: "Националниот театар е лице на нацијата и на културен план е една од најважните институции. Во него треба да режираат најдокажаните, но тоа не значи дека нема да се пропуштат и некои млади режисери кои имаат што да кажат".

Програмата е поделена на три сегменти: мејнстрим сегмент кој ќе ги содржи големите проекти кои ќе се играат на големата сцена и во рамките на кој во план е да се реализираат барем четири претстави. Вториот сегмент се состои од алтернативни театарски проекти кои би се играле на малата сцена а би биле најмалку три, додека третиот сегмент е домашната драма, со работен наслов "Макплеј" со изобилство на радикални експерименти, при што дел од овие планирани пет-шест проекти воопшто не мора да се играат на сцената на МНТ туку во алтернативни простори или сосем невообичаени места, како на пример градски автобус.

Секако, ова е програмата која МНТ ќе ја предложи до Министерството за култура, а финалниот исход, во однос на тоа што е одобрено како програма и колкава е финансиската рамка, ќе биде познато во ноември, откако Комисијата за театар во Министерството ќе ги разгледа предлозите на сите театри.

"Се надевам на 20 отсто поголем буџет од минатата година, со оглед на фактот дека со ребалансот на буџетот тој е зголемен за 20 отсто, па следствено и културата би требало да добие повеќе средства", вели Љубиша Георгиевски.


Статијата е прочитана 407 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 14.08.2008 20:20:38
Абе способен е човекот. Да не мораше новите пратеници да потпишат дека порано не биле полициски доушници и пратеник ќе беше човекот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Со „Алкмеон во Коринт“ фрлени три милиони денари во контејнер
Оживеан симболот на Москва
Босанскиот „Снег“ го отвора Сараевскиот фестивал
Со „Дете на војната“ повторно стартува „Милениум“
Гостување на „Денс театар компани“ од Албанија
Вечерва почнува манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“