Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Вечерва почнува манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Невена Поповска

Вечерва во 22 часот, министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, свечено ќе го отвори јубилејното дваесетто издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Програмата ќе продолжи со беседа за поетот Славе Ѓорго Димоски, која ќе ја одржи Кристина Николова, а стихови ќе презентираат актерите: Кирил Ристовски, Владо Илиевски, Трајанка Илиевска, Викторија Степановска и Маја Андоновска. Присутните ќе можат да ја погледнат и изложбата на дела од Сергеј Андреевски и Дик Ричардс на тема „Александар Македонски“. Во рамките на програмата на манифестацијата е предвидено и одржување пладневен поетски митинг, промоција на монографиите: „Црквата Успение на пресвета Богородица“ и „20 години поетска ноќ во Велестово“. Програмата ќе биде заокружена со претставата „Вака, вака и вака... итн. др. и сл.“, работена според делата на Петре М. Андреевски.

„Велестово е чардак на небото“, велеше Петре М. Андреевски. „Или барем најблиску до него. Велестово е најсветлата ѕвезда во нашето големо соѕвездие. Зошто таму седи Создателот и Содржателот на се': на земјата и на водата, на радоста и на раѓањето, на вечната и непроменливата вистина. Затоа што таму и од една таква височина, мора да се чуле и нашите први зборови; и нашето сеќавање за нив и нашето препознавање со нив. Велестово, всушност, е еден облик на поетското вдахновение и една свечена илуминација што грее и најдалеку“. Можеби и затоа „Поетската ноќ во Велестово е единствена со толку висока светлина“.

Оваа година манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ бележи дваесетгодишен јубилеј. „Оваа манифестација - подвлекува Славе Ѓорго Димоски, основоположник на манифестацијата - претставува вистински пример за враќање на поезијата кон своето праисконското извориште: високот во планините, меѓу оние кои со милениуми создавале, зошто прапочетоците на човечки говор бил поезија изразена преку звуци, крикови кои во ритмички комбинации пренесувале или оставале некаква порака. Ова е време кога материјалните вредности се над духовните, но гледано долгорочно - само духовното наследство има моќ да го постави прашањето пред иднината: ќе се паметиме ли?“

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, смета дека „заради убавината, содржината и иднината, од се' досега направено во Велестово, особено се издвојува новото здание на Домот на културата“. Тој свечено ќе го предаде во употреба во текот на одржувањето на манифестацијата. Според Петрески, Домот на културата претставува подарок од Општина Охрид за дваесетгодишниот јубилеј на манифестацијата и истовремено подарок за културата и за иднината.


Статијата е прочитана 72 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Љубиша Георгиевски во две фотелји
Со „Алкмеон во Коринт“ фрлени три милиони денари во контејнер
Оживеан симболот на Москва
Босанскиот „Снег“ го отвора Сараевскиот фестивал
Со „Дете на војната“ повторно стартува „Милениум“
Гостување на „Денс театар компани“ од Албанија