Со „Алкмеон во Коринт“ фрлени три милиони денари во контејнер
Вината за пропаста на „Алкмеон во Коринт“ лежи и во ситните бизнис-интереси на главните носители на проектот
Битола - Екстремно скапиот мега интернационален театарски проект „Алкмеон во Коринт“ тежок 50 илјади евра пропаѓа заради преголемата амбиција на раководството на БНТ кое надвор од сите принципи предвреме им ги исплати дебелите хонорарите на креативниот тим, само за да успее претставата. Но, вината лежи и во личните бизнис интереси на главните носители на проектот кои покажале лакомост па дури и разгаленост, па се дрзнале да побараат екстра-услуги, вели ексдиректорот на битолскиот народен театар, Цветан Стојановски. Тој вчера јавно призна дека надвор од секакви принципи а уште помалку правни норми предвреме им ги исплатиле екстремно високите хонорари на британскиот тим од пуста амбиција проектот да го доживее крајот, но и да биде силна конкуренција на фестивалите во Авињон и Единбург. „Инспекцискиот надзор потврди дека некаде околу 1.500.000 денари се потрошени на хонорари и тоа претходно дадени, надвор од некакви принципи. Овој проект ја докажува нашата амбиција што се направивме за тој да биде сериозно голем. Но, наеднаш проектот стана невозможен“, рече Стојановски видно вознемирен.
„Добрината“ на раководството на театарот со расфрлањето на државните пари отишла до таму што се дрзнале над милион денари да стават на располагање и од буџетот на театарот само да им ги исполнат желбите на Британците. Згора на тоа битолските театарџии се нафатиле да им ги финансираат и приватните патувања на лични пријатели на британскиот режисер Колин Тивен, само за да има мир во куќата.
„Не треба да го погазат фактот дека во Битола беа удостоени повеќе од она што беше договорено. Денот кога требаше да доаѓаат за Македонија кога веќе влегле во авионот ни се јавија дека една нивна пријателка доаѓа со нив. Ние не рековме не и ја сместивме, иако тие подоцна ставија забелешка и на становите кои ги изнајмивме“, вели Стојановски среќен што во договорот со Британците не стоело и тој да се исели од сопствениот дом и да им го отстапи на гостите.
Од друга страна пак Стојановски обвинува дека кавгите и недоразбирањата меѓу креативниот тим и театарот започнале во оној момент кога Британците не се согласиле околу инвестициите во сценографијата, но тензијата се поткренала кога авторот на музиката, Никола Коџабашија, инсистирал хонорари од буџетот за претставата да лапнат и негови блиски пријатели од Скопје.
„За сценографијата направивме напори да ја набавиме иако бараа контејнери тешки 16 тони да ги сместиме во Античките градови во Охрид и Хераклеја. Но, не можам никако да прифатам дека другарот на Коџабашија, шеф на моторџиите во Скопје, мора да биде вклучен во проектот и со моторот да доаѓа во Битола на секоја претстава и тоа да не чини хонорар. Е па извинете, ако ништо повеќе и во Битола има моторџии и тоа со повеќе типови мотори“, рече Стојановски укажувајќи на овој пример како еден од најбизарните во скандалот.
Актуелното раководство на битолскиот театар вели дека премиерата на претставата сепак ќе се одржи, но во битолскиот суд. БНТ денеска ќе одлучи дали воопшто ќе настапи во Охрид и со која претстава. Спорно е и затворањето на годинешниот Бит-фест каде што „Алкмеон во Коринт“ беше најавена како круна на културното лето. (А.Б.)
mosne neinventiven nacin na reklama praktikuvate vo Bitola, so vasite teatarski proekti. Majkata, ova vi e neznam koja pretstava po red koja ja ekipirate, a nikako da izlezete od Orvelovskite trik nastapi.
Imate teatar, a ne cirkus. Imate estetika, a proizveduvate maalski prikazni. Detski. Vrabotete si saglam direktor na marketing. Napravete tim. Ne se glupirajte. Dobronamerno. Polatski
Од: Taња
Датум: 15.08.2008 11:37:59
Само се прашувам, кој овде лаже или кој е тука глуп!? И по којзнае кој пат, парите за претставата ќе отидат во ветар, зашто нашата богата држава и култура може да си дозволи да ги расфрла, нели. А ние, „обичните смртници“ нема да ја дознаеме вистината. Кога на некои од овие „етични уметници“ ќе им се разболи детето од рак или ќе им се запали куќата, можеби тогаш ќе им текне дека некогаш краделе не-свои пари и дека казната ги стигнала.
Од: Manevski Bitola
Датум: 15.08.2008 13:53:08
Ova ispadna kako so Bitolskata operata. Aha ke ja prajme ama koga???GJabe sviri parite gi nema. Neuspesen gubitnik, lopov covek so krivo lice i zatoa ministerstvoto mu kaza. Ili ostavka ili zatvor. Pa odbral covekot ostavka oti ne e aren promaja go fati.Sramota.Gnaso edna.