Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Блејк светски првак на стотка, Болт дисквалификуван!

Јохан Блејк од Јамајка е новиот светски првак на 100 метри, а Усеин Болт е дисквалификуван поради прераниот старт. Блејк, кој има 21 година, ја истрча патеката за 9,92 секунди, а Валтер Дикс е втор, додека Ким Колинс трет.

Актуелниот светски првак, олимписки победник и светски рекордер во најатрактивната дисциплина, не го издржа притисокот во одбраната на титулата од Берлин, иако во Јужна Кореја не беа неговите четворица најголеми ривали - Тајсон Геј, Асафа Паул, како и паднатите на допинг-тестот Стив Мулингс и Мајк Роџерс.

По прераниот старт, сфаќајќи што направи, очајниот Болт ја соблече маичката и во неверување продолжи да се движи по својата патека. Потоа, полека се оддалечи и притоа изгледаше како и самиот да не верува што му се случи. Злобниците велат дека лефтерниот пристап цела година и плус непријатностите пред финалето му се вратија како бумеранг. Да споменеме и дека Морис Грин најави дека Блејк ќе биде првак бидејќи е во подобра форма од својот сонародник.

Резултати на 100 метри

1. Блејк (Јамајка) 9,92 сек.

2. Дикс (САД) 10,08

3. Колинс (Канада) 10,09

Писториус избори полуфинале!

Јужноафриканскиот хендикепиран спринтер Оскар Писториус и натаму ја пишува историјата. Првиот учесник на светското атлетско првенство со инвалидитет на долните екстремитети (ампутирани му се нозете до под двете колена) стана првиот инвалид - полуфиналист на светскиот шампионат.

Во квалификациите на 400 метри се избори за полуфиналето што е денеска на програмата. Во својата петта квалификациска група, следен од гласната поддршка на десетина илјади луѓе, Јужноафриканецот го освои третото место. Полуфиналето го зграпчи со вкупно 14. време (45,39 секунди).

„Работев екстремно напорно за да дојдам на шампионатот. Чувствував притисок пред настапот. Сега пред мене има многу работа. Треба да се подготвам за полуфиналето“, изјави Оскар, кој трча на карбонски протези.

Рожман 50. на 100 метри

Ивана Рожман, единствената македонска претставничка на Светското првенство во атлетика во Даегу, Јужна Кореја, оствари 50. место, според времето во квалификациите на 100 метри. Настапи во втората група и на целта пристигна последна, со резултат 12,44 секунди. Послаби времиња од неа забележаа само пет атлетичарки, една беше дисквалификувана.

ДоминациЈа на КениЈките на 10.000 метри

Кениските атлетичарки доминираа во трката на 10.000 метри на Светското првенство во Даегу и ги однесоа сите медали од комплетот наменет за оваа дисциплина. Првото место го освои Вивијан Черујо со време 30:48,98 минути пред Сали Кипјего и Линет Масаи. Зад победничкото трио се пласира уште една Кенијка, Присках Јеплетинг Чероно.


#
Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Соколов промаши тројка за победа над Германија
Пандев позајмен на Наполи!
Бауерман
Еден-два победа на Ред Бул во Белгија
Ливерпул самоуверено гази
Без Митков на европското во Грција
Стартуваат подготовките за Русија
Ураганот „Ајрин“ закана за Ју-Ес опен
Металург и Вардар без пардон

"""