Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Соколов промаши тројка за победа над Германија

Поразот од фаворизираниот противник во Минхен може да дејстува само инспиративно и мотивирачки пред стартот на евробаскетот

Дарко Соколов го имаше последниот шут за три поени за победа против фаворизираната Германија предводена од НБА шампионот со Далас, Дирк Новицки, но за жал промаши (68:70). И покрај тоа што Соколов не успеа да го стави каменот на круната, општ е впечатокот дека на овој натпревар одигравме одлично. Дефинитивно тоа беше настап кој може да делува само инспиративно и мотивирачки пред првиот меч против Црна Гора на евробаскетот во Литванија, кој го играме веќе в среда.

Дуелот, кој се одигра во „Олимпија Хале“ во Минхен пред околу 12.000 гледачи за кои организаторот приготви вистинска церемонија, беше неизвесен во текот на сите 40 минути.

Се играше брзо од двете страни, со чести замени и со неколку пресврти.

капитенот Перо Антиќ одлично работеше во одбраната против најдобриот играч кај Германците Дирк Новицки, кој добиваше голема заштита од судиите (голема, на работ на навредлива, велат информациите од Минхен). Како и да е, тимскиот напад, брзите контри и квалитетната завршница не доведоа до водство од највисоки девет поени пред крајот на треттата четвртина.

На средината од последниот период, на Антиќ му беш досудена петтата лична грешка, по што Германија направи серија од 7:1, но на сцена стапи Мекејлеб, кој реализираше три напади по ред и на една минута до крајот не доведе во минимално водство од 65:64. Во таа последна минута најпрвин Новицки постигна тројка, но Гечевски врати со иста мера и Германија доби последни 13 секунди со поен негатива. Шафарцик реализираше за три и ни остави само четири секунди во кои успеавме да дојдеме до шут, но како што кажавме Соколов беш непрецизен.

Перо Антиќ го заврши мечот со 11 коша и 6 скока, а исто толку оствари и Предраг Самарџиски, кој поголемиот дел од поените ги постигна со атрактивни забивања, иако беше чуван од центарот на Л.А Клиперс, Крис Кејман.

Илиевски и Мекелјеб постигнаа по 10 коша, а браќата Дамјан и Војдан Стојановски искомбинираа 15 поени. И германските медиуми пренесоа за добрата игра на нашата репрезентација, но останаа неми за поддршката од судиите кога се решаваше мечот.

Инаку, по овој натпревар македонската репрезентација отпатува за Берлин каде вчера во „О2 арената“ го играше вториот пријателски натпревар со Германија. Денеска од Берлин кошаркарската експедиција треба да отпатува за Виљнус. (Н.К)

Германија - Македонија 70:68



(18:17, 17:16, 16:20, 19:15)

Сала: „Олимпија Хале“ во Минхен, гледачи 12.000

Германија: Бензинг 9, Хербер, Хаман 4, Шулце 5, Шафарцик 9, Олбрехт 2, Шветелм 4, Плеис 3, Кејман 14, Новицки 13, Јагла, Штајгер 7.

Македонија: Мираковски 3, Илиевски 10, Соколов 2, Мекејлеб 10, В.Стојановски 7, Д.Стојановски 8, Симоновски, Гечевски 6, Антиќ 11, Самарџиски 11. Чековски.


#
Статијата е прочитана 911 пати.

Испрати коментар

Од: jasna
Датум: 29.08.2011 12:29:02
E taka e toa, kosarkarskata topka e nepredvidliva! Ne se brka rezultat vo poslednata sekunda, toa e sreca koja ne sekogas ne prati
Од: РНД
Датум: 29.08.2011 14:50:14
Изгубивме - ама и тоа е добро. Е ова само кај нас може да се слушне. Разбирам дека Германија беа фаворити - ама да изгубиш и да речеш дека е ОК - глупо е. Зошто играте ако и поразот е ОК ?

Најди! во Утрински
Спорт
Пандев позајмен на Наполи!
Бауерман
Еден-два победа на Ред Бул во Белгија
Блејк светски првак на стотка, Болт дисквалификуван!
Ливерпул самоуверено гази
Без Митков на европското во Грција
Стартуваат подготовките за Русија
Ураганот „Ајрин“ закана за Ју-Ес опен
Металург и Вардар без пардон

"""