Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Формула 1

Еден-два победа на Ред Бул во Белгија

Фетел го прослави седмиот триумф во оваа сезона со кој направи голем исчекор кон титулата, втор низ целта мина Вебер

Еден-два победа на двоецот на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер, во трката за ГН на Белгија, третото место му припадна на одличниот Британец Џенсон Батон. Фетел, на патеката Спа Франкошамп, го прослави 17 триумф, седми во оваа сезона со кој направи голем исчекор кон шампионската титула.

Почетокот на трката донесе еден вид изненадување од извонредниот стартер Нико Розберг. По неколку своици тој го мина Фетел и ја поведе трката, но тоа траеше само два круга кога лидерот во генералниот пласман повторно го презеде водството. За Хамилтон беше несреќен 13 круг. Неверојатна глупост направи Кобајаши, кој откако веќе беше минат, се удри во страничниот дел од болидот на Британецот. Тоа автоматски значеше откажување од трката и од сите надежи за освојување на титулата за Хамилтон.

Добра прва половина од трката за ГН на Белгија извозе и Михаел Шумахер кој од последното 24 место се проби до седмото и докажа дека се' уште може и умее. Одличен беше и Батон. Од 13 позиција на стартот стигна до четвртата и покажа дека најдобро функционира кога, условно речено, ќе биде прежален. Периодот од 31 до 33 круг донесе рунда „групни“ посети во бокстот што резултира со прво место на Фетел, второ на Алонсо, трето на Вебер и четврто на Батон. Осетно брзиот Австралиец зад воланот на Ред Бул во 37 круг го претекна Алонсо за голема радост и славеничка атмосфера во тимот на „биковите“.

Резултати од трката за ГН на Белгија

1. Себастијан Фетел (Германија/Ред Бул-Рено) 1:26:44,893 часа

2. Марк Вебер (Австралија/Ред Бул-Рено) +3,741 секунди

3. Џенсон Батон (В. Британија/Мекларен) +9,669 сек.

4. Фернандо Алонсо (Шпанија/Ферари) +13,022 сек.

5. Михаел Шумахер (Германија/Мерцедес) +47,464 сек.

6. Нико Розберг (Германија/Мерцедес) +48,674 сек.

7. Адријан Сутил (Германија/Форс Индија) +59,713 сек.

8. Фелипе Маса (Бразил/Ферари) +1:06,076 мин.

9. Виталиј Петров (Русија/Лотус-Рено) +1:11,917 мин.

10. Пастор Малдонадо (Венецуела/Вилијамс) +1:17,615 мин.

Трка не ја завршија: Серхио Перез (Мексико/Заубер-Ферари) 17 круга; Даниел Ричиардо (Австралија/ХРТ-Косворт) 31 круг; Луис Хамилтон (В. Британија/Мекларен) 32 круга; Себастијан Буеми (Швајцарија/Торо Росо-Ферари) 38 круга; Жаиме Алгерсуари (Шпанија/Торо Росо-Ферари) 43 круга;

Вкупен поредок, возачи: Фетел 259 бода; Вебер 167; Алонсо 157; Батон 149; Хамилтон 146; Маса 74; Розберг 56; Шумахер 42; Петров 34; Хајдфилд 34; итн... Конструктори: Ред Бул-Рено 426 бода; Мекларен-Мерцедес 295; Ферари 231; Мерцедес 98; Рено 68; Заубер-Ферари 35; Форс Индија-Мерцедес 32; Торо Росо-Ферари 22; Вилијамс-Косворт 5; итн...


#
Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Соколов промаши тројка за победа над Германија
Пандев позајмен на Наполи!
Бауерман
Блејк светски првак на стотка, Болт дисквалификуван!
Ливерпул самоуверено гази
Без Митков на европското во Грција
Стартуваат подготовките за Русија
Ураганот „Ајрин“ закана за Ју-Ес опен
Металург и Вардар без пардон

"""