Натепал крадец на автобуска
Момче се степало со крадец на автобуска станица во центарот на Скопје, бидејќи арамијата му го украл мобилниот телефон на неговата девојка. И.Г. (23) додека чекала автобус на станица на улицата „Димитрие Чуповски“, и' го украле мобилниот телефон, но наместо да пријави во полиција, таа за кражбата му кажала на своето момче. Следниот ден двајцата дошле на станицата и чекале да се појави крадецот. Набрзо, девојката го препознала дрскиот арамија меѓу луѓето на автобуската постојка. По кратка расправија, момчето и крадецот се степале и набрзо завршиле во полициска станица. Ф.А. (37) добил кривична пријава за кражба на телефон. (Ј.К.) |