Ранетиот кај Зелениково пукал кон полицијата
Мурат Мустафовски (21) од скопското село Смесница, кој завчера беше ранет од „алфите“, не само што го репетирал пиштолот, туку и пукал кон полицајците, тврдат од МВР. Според полициската верзија, Мустафовски при легитимирањето, место да ги даде документите, извадил пиштол и испукал еден куршум кон полицијата, по што бил ранет. (Ј.К.) |