Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Германија не бара да и' се суди на кичевката што го искасапи сопругот

Шефкие Јакупи пет месеци е во болницата во Демир Хисар, каде што двапати била испрашана од истражен судија

Горан Адамовски

Педесет и двегодишната Шефкие Јакупи од Кичевско, која од германската полиција беше осомничена дека предминатата Нова година го искасапила својот сопруг, веќе пет месеци е на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар. Нејзината ситуација останува непроменета, бидејќи германското обвинителство и натаму не бара од македонските колеги да и' судат на жената, која, наводно, во семејниот дом во Диселдорф го заклала на спиење својот сопруг Абаз (58), а потоа го исекла на парчиња, кои ги фрлила во тоалетот и во контејнери. За нејзина екстрадиција не станува збор, бидејќи Македонија, како и сите европски земји, не испорачува свои државјани. Ново е единствено тоа што со Јакупи веќе двапати разговарал истражен судија од Основниот суд во Битола, но што ќе биде понатаму ќе зависи од реакцијата на германското обвинителство. Неофицијално, кичевката воопшто не покажувала знаци на вознемиреност и на прашањата на судијата одговарала смирено.

„Германија ниту бара екстрадиција, која формално правно и не може да биде изведена, бидејќи Јакупи е македонски државјанин, ниту, пак, бара кривична одговорност за неа“, велат од Министерството за правда.

Полициски инспектори веднаш откако се дозна за настанот, за „Утрински“ коментираа дека германската полиција, најверојатно, нема доволно докази против Јакупи и дека целиот случај се заснова на шпекулации. Главниот доказ - телото на убиениот сопруг се' уште не е пронајдено. Тамошната полиција пронајде трагите од крв на ѕидот во дневната соба од станот и на електричниот сечач за леб во кујната. Соседите тврдеа дека кобната ноќ постојано работело казанчето од тоалетот во станот, а се' започнало откако трите деца на Јакупи ја прашале мајка си „каде е тато“, на што таа им одговорила дека „го фрлила во веце-шолја“.

Шефкие Јакупи во болницата во Демир Хисар е 155 дена. Како и сите други пациенти, сместена е во четирикреветна соба. Со нејзините три цимерки нема никакви проблеми.

„Однесувањето кај неа е непроменето од денот кога дојде до болница. Со неа немаме никакви проблеми, иако искрено, во почетокот се плашевме да не изврши суицид. Сега се' е под контрола, терапијата продолжува“, вели Лазе Кузмановски, директор на болницат��.

За Јакупи и натаму важи мерката на претпазливост - да не и' бидат дозволени посети. Болницата има свое обезбедување, а пред установата патролира и полицијата, која не може да ја уапси Јакупи, туку само ја „чува“ додека случајот не добие судска разврска.

Грозоморното убиство се случи на 19 декември минатата година. Седум дена по исчезнувањето на Абаз, неговата сопруга со автобус пристигнала во Македонија. Ја дочекала Новата година во куќата во Кичево, а потоа со пријателка се пријавила во болницата во Демир Хисар, каде што се лекувала од параноја и пред три години. Брачната двојка Јакупи заминала во Диселдорф пред 30 години. Според германската полиција, таа досега три пати се обидувала да го убие својот сопруг поради омраза и љубомора.


Статијата е прочитана 764 пати.

Испрати коментар

Од: ana
Датум: 08.06.2008 14:13:21
za da go napravis toa sigurno deka treba nesto da ti fali ama i nea kiznaj kolku i bilo tesko jas rabotev eden period vo albanska sredina tesko na zenite e osven kako masini za deca rajdajne i sluginki za nisto drugo ne gi tretiraat

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Додека му подготват пријава, Беќир Асани ја напушти земјава
За ексдиректорот на РЕК-от само една година затвор
Натепал крадец на автобуска
Повлечен конкурсот за вработување на 150 полицајци
Осомничениот велешанец во критична состојба
Газдата заклучил потстанарка поради неплатена кирија
Ранетиот кај Зелениково пукал кон полицијата