За ексдиректорот на РЕК-от само една година затвор
БИТОЛА - Место четири и пол години затвор, поранешниот директор на РЕК „Битола“, Владо Сугаревски и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, ќе издржува затворска казна само една година. Тој се товари за делото измама во службата, кога како пратеник фалсификувал сметки дека на собраниски седници оди со приватното возило, а всушност патувал со службениот автомобил. Другите пресуди за Сугаревски судот ги укина и ги врати на повторно одлучување. За неговите двајца соработници: Влатко Кочински и Мишко Миленковски, Апелација ги укина пресудите во целост од 2,5, односно 1,5 години затвор и тие ги врати на повторно разгледување на првостепениот суд во Битола.
Апелациониот суд во Битола ја уважил жалбата на Сугаревски кој сега се товари само за измама во службата со ефективна казна од една година затвор, со тоа што дополнителните правни лекови не го одложуваат извршувањето на казната.
Бранителите на Сугаревски и на Кочински ги потврдија последните пресуди за своите клиенти. ,,Судот ги усвои жалбите на нашите клиенти, ги укина сите пресуди освен во осудителниот дел за Сугаревски за делото измама во службата. Другите ги врати на повторно одлучување во Основниот суд во Битола“, потврди битолскиот адвокат Владимир Петличков, бранител на Кочински. Според обвинението, Сугаревски сега ќе лежи в затвор само за измамата што ја сторил како пратеник на ВМРО -ДПМНЕ. Тој поднесувал лажни сметки во Собранието дека, наводно, во Скопје патувал со сопствениот автомобил, иако го користел службеното возило на комбинатот. На тој начин го довел во заблуда службеното лице во стручните служби на Собранието кое незаконски му исплатило над 378 илјади денари. Во претходната пресуда беше наложено Сугаревски да ги врати назад злоупотребаните средства. (А.Б.)
Edno e sigurno! Sudstvoto ne ja izvrsuva svojata funkcija. I vo vreme na edna vlast, i vo vreme na druga vlast, sudiite se dodvoruvaat na vlasta. Drugo nema.
Од: Ставре
Датум: 07.06.2008 17:57:54
Ако е од ДПМНЕ,и толку е многу,ако се знае дека Ламбе невидливиот и ден -денеска слободно си се шета низ земјава.Причекајте само малку па да видите што се вели вистинска пресуда,кога на оној малиот ,Панде Лазаров, ќе му накалемат се`што било и не било,па да си фати голема сенка во затвор.Кој му е крив што не гледа во која партија членува!А,којзнае,можеби и ќе му се извинат дека згрешиле,доколку решат дека е доволно тоа што со него снимија филм во кој тој ја игра главната улога со споени дланки на рацете?!..