Повлечен конкурсот за вработување на 150 полицајци
Министерството за внатрешни работи го повлече јавниот конкурс за вработување на 150 нови полициски службеници. Одлуката за повлекување на конкурсот беше објавена вчера во дневните весници.
Од МВР објаснуваат дека одлуката е донесена по препораките и критиките што ги упати Антикорупциската комисија да не се вработуваат нови кадри во државните институции во предизборниот период се' до формирањето на новата влада.
„Вработувањето на новите полицајци беше предвидено уште отпорано, бидејќи има испразнети полициски места и тие мора да бидат да бидат пополнети. Конкурсот ќе биде објавен повторно“, вели Иво Котевски од МВР. (Ј.К.) |