Осомничениот велешанец во критична состојба
Велешанецот кој е осомничен за убиството на скопјанката во Охрид се наоѓа во критичка здравствена состојба, поради што не може да биде испрашан од полицијата. Педесет и тригодишниот Љ.Н. од велешката болница вчера бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Велешанецот пред три дена испил поголема доза таблети и во болница признал дека ја убил љубовницата Снежана Тодоровска (59), во нејзината викендичка во Пештани. (Ј.К.) |