Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ТВ-фотелја

Аце е наш

 РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Од далечна Велика Британија пристигна долгоочекуваната жизнерадосна и возгорделива потврда дека Александар Велики е само наш и на никого друг, најмалку на Грците. Оттаму и паранојата во нивните редови, како што тврди Сител, по августовското издание на квизот „Челенџ“ на еден од телевизиските канали на Островот, во кој двајца веројатно брачни партнери паднаа на прашањето што бил по националност најголемиот војсководец во историјата. Тие ја прифатија сугестијата од организаторот дека Александар е Грк, но на свое огромно изненадување и разочарување добија одговор дека тој е Македонец, а сето тоа поткрепено и со сегашното државно знаме на Македонија на кајронот! Погрешниот одговор симпатичната двојка ја чинеше точно 23.505 фунти, кои ги загубија одејќи на се' или ништо во врска со етничкото потекло на создавачот на најголемата империја што ја памети човештвото.

Подобар тајминг за пробивање на вистината за Македонија и за Македонците не можеше да избере ни најголемиот борец за македонската кауза. Британската конфирмација за едно од клучните тврдења на секој чесен македонски патриот дојде како кец на десетка во овие денови на интензивирање на грчко-македонскиот дијалог за „разликите околу името“. Овдешната јавност сега со нетрпение очекува да им го види лицето на Караманлис и на Бакојани кога во преговорите ќе го извадиме и овој ас од ракавот, покрај веќе испуканата тешка артилерија со правата на македонското малцинство во Грција, со имотите на протераните од Егејскиот дел на Македонија и со Македонската православна црква. Како ли само ќе се прпелкаат соочени со овој клучен аргумент од Лондон за античките корени на луѓето отаде нивната северна граница, кои тие милуваат да ги нарекуваат „скопјани“ или, во напад на добрососедско расположение, „славомакедонци“...

На мажот и на жената што зијанија убава сума пари и за британски услови итно треба да им се организира посета на Македонија, и тоа по теркот на таа на принцот и на принцезата на Хунзите. Ако можела етничката група од зафрлените предели на Пакистан две илјади и кусур години да ја одржува свеста за сопственото потекло од делот од војската на Александар Македонски што стигнал дури до Индија, срамота е граѓани на колепката на цивилизацијата, за каква што се претставува Европа, во 21 век да живеат во блажено незнаење. Малерозната двојка, која, очигледно, била заведена од агресивната грчка пропаганда дека античките Македонци, всушност, се Грци, неизоставно мора да биде примена, покрај од премиерот, и од владиката Петар. Тој убаво ќе им го објасни своето просветление од средбата со суверенот на Хунзите, мир Газанфер Али кан, кој му заличел на - Александар Велики!




Статијата е прочитана 801 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 26.09.2008 00:24:20
Za informacija na citatelite snimkata od kvizot e od pred 2 godini: http://moby.blog.com.mk/ Vo nasata istorija i segasnost da nemavme tolku lesno potkuplivi i odrodeni Makedonci odamna nemase da posvetuvame vnimanie na vakviot tip na klipcinja :) DOLU PREDAVNICITE! DA ZIVEE MAKEDONIJA!!! Pozdrav Aleksandar Makedonski
Од: Dejan
Датум: 26.09.2008 01:13:43
Kakva zica na zajadlivost se osekja vo tekstot? Ili glupost? Ili moja nedovetenost.Ne znam sto e?
Од: dimitar
Датум: 26.09.2008 15:32:09
Malku docnite, ama nema problem, uzivajte. MAKEDONIJA na MAKEDONCITE!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Тренд е да имаш и дух и тело
Хипи - рокерот не можеше да ја задржи
Провокативна и секси за „дон перињон“
Ивана Велјановска на „Мис глобал бјути квин“
Ноне и Бојан Маровиќ во дует
Музиката како каприц
Есенско телевизиско мени