Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Есенско телевизиско мени

Најпродуктивни се телевизиите во залет - таму наголемо се работи на нови проекти

АНДРИЈАНА РИСТЕСКА

Оваа есен нашите телевизиски куќи, секоја на свој начин, се обидуваат да го задржат вниманието на својот канал. Еве што има на телевизиското мени.



МТВ

Нашата национална телевизија, за жал, не нуди ништо особено ново, туку акцентот го става на старите емисии. Спортската редакција во МТВ целосно е насочена и продолжува со емитувањето на натпреварите од Лигата на шампионите, како и на оние што ги играат нашата кошаркарска и одбојкарска репрезентација. Нови лица како водители може да се видат во училишната програма „Ѕвон“, која се' уште опстојува на малите екрани.



Алсат М

Националната телевизија Алсат М на своите гледачи ќе им понуди голема палета од нови емисии и на македонски и на албански јазик.

Сашо Ордановски е водител на новата емисија „На здравје шишање“, во која се разработуваат политичко-општествени теми, а се емитува секоја сабота во 18,30 ч. На македонски јазик гледачите ќе имаат можност да погледнат и нов економски магазин, но и земјоделска емисија.

Телевизијата подготвува серија на албански јазик со наслов „Министерот“, а гледачите ќе имаат можност да погледнат и многу нови емисии од забавен карактер.



Сител

Оваа есен Сител телевизија има видни промени кај емисиите од забавен карактер, а се подготвуваат две премиерни емисии. Едната од нив е музичко шоу што ќе го води Лила М. Стојановска - станува збор за нов проект во кој ќе настапуваат музички ѕвезди, но и сосема анонимни личности кои знаат да пеат. Терминот и името на емисијата не се познати, но почетокот на емитување е определен за две-три недели. На другата емисија што ќе стартува за една недела домаќин ќе биде Драган Вучиќ, тоа е караоке-шоу квиз, наречен „Како беше текстот“, а ќе се емитува двапати неделно. Покрај нив, деновиве треба да започне со емитување и новата сезона на „Поинакви“ со Ребека, која е доста позната и омилена кај гледачите, но и политичкиот магазин „Ние“ со Драган Антоновски.

Спортската редакција продолжува со преносите од натпреварите на шпанското фудбалско првенство, како и со квалификациите на македонската фудбалска репрезентација за пласман на светското првенство во Јужна Африка 2010.



Канал 5

Оваа сезона Канал 5 на своите гледачи ќе им понуди новитет од забавен карактер - станува збор за емисијата со наслов „Унисекс“, што ќе ја води Снеже-„Ред хот“. Ќе се емитува секој четврток во 20,15 часот, а во неа ќе се разработуваат теми од најразличен карактер.



Алфа

Освежувањето на македонскиот етер, како што многумина ја нарекуваат Алфа телевизија, есенва продолжува со емисиите што ги започна од својот старт, забавната емисија „Портик“, потоа емисијата „Гламур“, музичкото шоу „Зајди, зајди“ и емисијата „Кинооко“.

Со почетокот на фудбалската сезона, оваа телевизија ги откупи правата за пренос на холандското фудбалско првенство, а паралелно со тоа секој понеделник во 20,30 ч. почна да се емитува и прегледот на колото.



А1 телевизија

Од 2 октомври започнува новата сезона од популарниот квиз „Милионер“ заедно со Трендо во истиот четврточен термин, а веќе од понеделник ќе се емитува музичкото реално шоу „Операција триумф“, кое се снима во Белград, а во него ќе има учесници од сите екс ЈУ-земји. Тоа ќе трае три месеци, а инсерти, односно преглед на денот, ќе има секој ден во 22 ч.

На истата телевизија секој понеделник ќе почне да се емитува економската емисија „Индекс“, а политичките емисии гледачите ќе имаат можност да ги гледаат на А2 телевизија.


Статијата е прочитана 600 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Тренд е да имаш и дух и тело
Хипи - рокерот не можеше да ја задржи
Провокативна и секси за „дон перињон“
Ивана Велјановска на „Мис глобал бјути квин“
Ноне и Бојан Маровиќ во дует
Музиката како каприц
Аце е наш