ЕВА ХЕРЦИГОВА

Провокативна и секси за „дон перињон“
Тоа дека се' уште добро изгледа и во 35. година чешката манекенка Ева Херцигова го докажа на рекламната кампања за култниот шампањ „дон перињон“. Во провокативната реклама за светски познатиот бренд на шампањ, разголената Ева покажа дека раѓањето на првото дете воопшто не оставило никаква трага на нејзиното тело, но не се забележуваат ниту последици на анорексијата, за која се пишуваше подолго време низ медиумите.
Со сметка во банка од десет милиони фунти, Ева моментално е во „пензија“, но повремено се појавува под заштитниот чадор на големите дизајнери, како што се Луј Витон и Марк Џејкобс.
|