НАТАЛИ ПОРТМАН

Хипи - рокерот не можеше да ја задржи
Иако бил прво момче кое успеало да ја натера да го покаже во јавноста, актерката Натали Портман одлучила да ја раскине краткотрајната романса со својот љубовен хипик Девендра Банхарт.
Според пишувањата на магазинот „Пипл“, 27- годишната актерка Портман и Банхарт повеќе не се заедно.
Портман ја започнала врската со хипи-рокерот по снимањето на видеоспотот за песната „Карменсита“ што бил снимен во март, а неколку недели подоцна двојката била забележана на улиците на Њујорк како разменува нежности.
За кратко време, двојката ја обелоденила врската во јавноста, но очигледно без некаква заедничка иднина која би можела да потрае. |