|
|
|
|
|
|
Можни ли се избори во февруари?
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа требаше да донесе одлука дали и кога би се одржале предвремени избори
Светлана Унковска
Доцна синоќа на маса пред членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ требаше да биде ставена иницијативата за предвремени избори, на која инсистираат опозициските партии. Каква одлука се очекува и какво е расположението во партијата, вчера пред состанокот никој не сакаше да брифира.
Извори од владејачката партија велат дека доколку се прифати да се оди на изборен мегдан, како можен датум се разгледува тоа да биде септември идната година. Дотогаш во ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека би можело да се почувствуваат одредени придобивки од парите што ќе се земат од ММФ. Истовремено, како опција се спомнува и февруари, пред да се одржи пописот, но за да се запазат роковите, би требало веднаш да се распушти парламентот.
Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, смета дека ако се донесе одлука за нови избори, можно е тие да се одржат во февруари, но за него, честите избори се знак на нестабилна политичка ситуација.
„Објективно, честите избори се знак на нестабилност на политичката ситуација, неможност да се одржи власта и недоследност на програмите на политичките структури, па затоа се оди на проверка кај гласачите“, истакна Андов. Доколку се оди на избори, појаснува Андов, треба најпрво да се донесе одлука за распуштање на парламентот и во рок од 45 дена претседателот на Собранието треба да го утврди рокот за одржување на изборите.
Околу темата за или против распишување предвремени избори, премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претходно одржа консултации и со претседателите на помалите партии од коалицискиот блок „За подобра Македонија“. Партиски извори тврдат дека Груевски во понеделникот за ова разговарал и со владиниот партнер Али Ахмети.
На состанокот со помалите коалиционери биле изнесени поделени мислења за тоа дали да се одговори на барањата на опозициската СДСМ, меѓутоа, преовладувал ставот дека предвремени избори не се потребни. Повеќето од нив се изјасниле дека не гледаат аргументи за распуштање на парламентот само затоа што тоа го бара опозицијата. Истовремено било посочено и дека тоа не било во интерес ниту на граѓаните, ниту на државата, бидејќи земјава не е загрозена од безбедносен, политички, економски или друг аспект и дека во моментов треба да се фокусираме на евроатлантските интегративни процеси.
Претседателот на Демократската партија на Турците, Кенан Хасипи, вели дека на средбата секој поединечно ги анализирал состојбите, за или против избори, но дека не бил заземен генерален став ниту пак се лицитирало со можни датуми за предвремени избори.
„Сите коментираа на свој начин и ги изнесуваа своите гледишта, но ништо конкретно не беше утврдено. Разговараме и сите поединечно ги изнесоа своите ставови. За мене и двете варијанти се прифатливи и според нас ирелевантно е дали ќе има предвремени избори или не“, вели Хасипи.
Ставот на владиниот партнер ДУИ уште во понеделникот го изнесе портпаролот на партијата Ермира Мехмети, која рече дека предвремени избори може да се распишат откако ќе се реши спорот со името.
Вчера и Централниот совет на Нова демократија расправаше за предвремени избори, на која едногласно е потврдена партиската одлука за одржување предвремени избори.
И додека партиите лицитираат за и против избори, Институтот за политички истражувања вчера ги објави резултатите од испитувањата на довербата на партиите кај граѓаните, спроведена од 3 до 5 декември на 1.100 анкетирани. Се покажува дека и натаму е висок процентот на гласачите кои се изјасниле дека нема да гласаат и тоа 28 проценти, а дополнителни 25 отсто се изјасниле дека се неопределени. И натаму највисок рејтинг има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која со 23,1 отсто води пред опозициската СДСМ за која се изјасниле 11,3 проценти. Од албанскиот блок партии за ДУИ се определиле 6,3 отсто, за ДПА 2,2 и за Нова Демократија 1,1 проценти.
Кога станува збор за довербата во политичарите, 38,6 отсто се изјасниле дека не му веруваат никому, за премиерот Никола Груевски се изјасниле 23,9 а лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски има доверба кај 8,6 отсто од испитаниците. Али Ахмети има 6,3 отсто доверба, Мендух Тачи 2,3 насто и Имер Селмани со 1,5 проценти. |
#
|
Статијата е прочитана 1854 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Збогум СДСМ |
Датум: 09.12.2010 12:11:48 |
|
Дај боже пак да има предвремени избори. Народот уште еднаш со големо задоволство да му каже на Бранко колку НЕ го сака. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 09.12.2010 12:32:11 |
|
Така лесно не се испушта власт од раце.А со власта нормално и моќта која се ужива.Се додека Мугабе и Хунзите не им обезбедат сигурен азил не смеат да помислат за предвремени избори.А сега дали треба да и веруваме на рејтингот кој го пласират.Ностравот е опасна работа.Може да те доведе во голема депресија. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 09.12.2010 12:44:20 |
|
Нема избори додека не каже Ахмети.Плус пола Милиарда евричина треба да им се најде место. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 09.12.2010 13:38:02 |
|
Избори мора да има. Народот мора да има надеж дека ова бунило ќе престане. Дали ќе фаќаат пат во соседните и блиски Пакистан и Зимбабве, или во мајка Бугарија ќе видиме. Важно е дека е ДОСТА. Кој сака нека дојде. Со ДПМНЕ го допревме цивилизациското дно. |
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 09.12.2010 13:53:44 |
|
Можни ли се избори во февруари? Секако дека се можни само не во 2011г. Оваа влада има мандат уште најмалку година и пол , така да на Бране и компанија им останува да за тоа време бидат во опозиција, а потоа се знае избори и пак опозиција,ама само за компанија без Бране. |
|
|
|
|
|
|
Од: komentator |
Датум: 09.12.2010 14:55:45 |
|
Сега се е јасно,Грујо е свесен за неговиот опаднат рејтинг поради сите глупости што ги направи во овие 4 години.Точно е дека сеуште тој води со 1 према 2(а водеше (1:2),меѓутоа го загрижуват 28% што се изјасниле дека нема да гласат и 25% -неопределени. А богами тоа се половината од гласачкото тело во Македонија. Сигурен сум дека ова бегање ќе го оправдат со тоа дека” сега не е погодна за Македонија “ , дека ”тоа чини многу пари” или како најголем аргумент “ тоа не го сакат коалиционите партнери “ОВА Е ЈАВНО ПРИЗНАНИЕ ЗА СТРАВОТ ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ. |
|
|
|
|
|
|
Од: JЈосив Давидов |
Датум: 09.12.2010 15:37:21 |
|
Јас ја разбирам нервозата во редовите на сдсм-овците поготово кај членовите кој имале одговорни функции во државата додека владееле, бидејќи полека но со сигурност се стега обрачот за нивнито незапамтено криминално работење, е сега дојде време да се плати “ сметката“ и оп веднаш се кријат зад народот и предвремени избори а народот не сака да ги скрие, и им вели “ што сте си дробеле тоа и сркајте“ не не мешајте нас во вашиот криминал кој за воља на вистината тежи неколку милијади евра, а се повеќе ми личи на она кога немаш аргументи само викај белки ќе се спасиш Ве молам не се кријте зад народот бидете мажи и платете си ја “сметката“ тоа што го кажувате во име на народот беше далечната 1945 год. некако сте заборавиле во кое време живеете. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 09.12.2010 16:09:27 |
|
Нема потреба од вербална гимнастика на коментаторите ЌЕ НЕМА вонредни избори.А толку ги очекувавме сите само од различни аспекти,тука се вбројувам и себеси.Овие жолтеникавиве сега ќе имаат шлагворт како тие се храбри а овие другиве кукавици а при тоа заборавајќи да токму грлатиот лидер му ја скубна од преседателски избори.Познавајќи го менталитетот на двете опции им препорачувам кога нешто ќе предложат да го направат обратно.Да речат на пр.несакаме избори овие другиве за инает туп на маса избори. |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R. |
Датум: 09.12.2010 16:18:11 |
|
Bravo za vistinskata odluka na Vladata.Sega ne e vreme za izbori,iako da imase pak ke dobiese Gruevski i VMRO.Crvenkovski ocigledno e deka ne moze da go prifati porazot ! |
|
|
|
|
|
|
Од: snajper |
Датум: 09.12.2010 17:53:14 |
|
kako e mozno koga e nekoj na vlast da bara predvremeni izbori so izgovor deka taka ke dobiel poveke glasa od redovnite..? jasno e deka se raboti za dogovor megu grujo i branko kako da si ja predavaat vlasta.. izbori nema da ima nitu pak dogovoreni scenarija za drzavni udari nema da im ovozmozat predavanje na vlasta do beskraj.. tolku ke im bidi, a jasno im e deka narodot ne glasa za niv poveke.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpimir |
Датум: 09.12.2010 19:04:57 |
|
ajde neka izleze javno Penzionero i neka kaze koj go sponzoriral mitingot ???... tuka e frleno sigurno barem 300.000 evra, sto za avtobusi, sto dnevnici za reketarite... ne zboruvam za vetuvanjata za drzavna sluzba i spiskovite sto sdsm gi pravi... |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 09.12.2010 19:56:38 |
|
Е сега Среќко и останатата портокалова боранија може да здивнат!? Нивниот овчар одлучи тие да примаат уште година и нешто хонорарче за плукањето по веснициве, пардон за величањето на неговата нискост и за тоа колку биле „големи„ идеите во големата перална за пари , пардон „преродба во 100 чекори“ ... Сега овчарот , бидејќи е избезумен од страв што ќе му се случи ако излезе на предвремени избори , кои патем СИГУРНО ГИ ГУБИ , на мира ќе си ги арчи 400-500 милиончина , кои ММФ великодушно ќе му ги поклони ,а децата на нашите деца со години ќе ги враќаат ..Наздравје нека ни е !! |
|
|
|
|
|
|
Од: алек |
Датум: 09.12.2010 22:11:37 |
|
Според мене нема потреба од избори како прво и основно не ќе му ги исполнува Груевски желбите на Сдсм.Оваа влада оди во добар правец,а тоа што на Сдсм не му одговара си е нивни проблем.Подршка за Груевски !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: do profesorkata |
Датум: 10.12.2010 00:42:41 |
|
Dali na nekoi SDSM-ovci majka im e istocniot sosed?Prasaj go Buckovski. |
|
|
|
|
|
|
Од: sds-315 |
Датум: 10.12.2010 08:02:05 |
|
Kaj ste drugovi komunijari, ne pobedi Amdi Bajram i ne izbruka pred narodot, poveke od cair ke soberel.A ti Brane dali vaka ke soberese nad sto iljadi komunjari? Nisto ne storivte na mitingot, i begaj da te ne vidime poveke. Pustimu mesto na nekoj mlad so novi idei. Jas begam od vas i od vasi gluposti...Vaka so poddrska na kriminal, so pretenje na vlast so sila ke sme ja zemele vlasta, toa i vo Afrika go nema. |
|
|
|
|
|
|
Од: violeta |
Датум: 10.12.2010 08:14:44 |
|
Jas stvarno ne mozam da se nacudam na ovoj narod sto gi poddrzuva VMRO. Generalna siromastija,vrabotuvanje nula,izolirani od svetot, sto dobro vidoa od VMRO?????????? Ne vikam deka treba SDSM da dojdat na vlast no ne gledam druga opcija. Od dvete zla treba da se odbere pomaloto. No vaka kako sto e sega treba da si epten zaostanat od sekoj aspekt za da se kaze deka e dobro. Nie sme narod za izucuvanje,mozebi vo idnina ke ne ima vo nekoja enciklopedija kako retard nacija. |
|
|
|
|
|
|
|
|