Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Поглед

Верувале или не

Тамара Грнчароска

Ако миланската „Скала“ досега ја знаевме како престижно место каде што настапи за секој уметник е комплимент, од вторникот вечерта зградатата на операта стана место каде што се судрија мерките на италијанската влада за кратење на буџетот за култура и образование и јавното мислење, кое е против тоа.

Мирните протести на стотиците вработените од италијанските опери пред „Ла Скала“ прераснаа во судирите меѓу стотина студенти и полицијата со резултат - десетина повредени, употреба на солзавец и на палки. А се тоа поради намалувањето на 9 милијарди евра и предвидени отпуштања на 130.000 вработени во образованието! Само на Миланската опера буџетот од 113 милиони евра ќе и' биде скратен за 30 проценти идната година.

И ако во Италија е нормално да се случат масовни протести на вработените во културата и во образованието потпомогнати од студентите, кои дури завршија со судир поради вакви мерки, кај нас ваквите вести се' уште се примаат како „верувале или не“. Нашето општество е толку деморализирано и отапено на притисоци и „разноразни“ мерки и кратења што на правењето трошоци за непродуктивни државни инвестиции, додека на трајни договори за работа со години чека армија вработени на договор на дело во училиштата и градинките, а книговодителите не добиле плата со месеци, реакција речиси и да нема. Да не ги споменуваме и партиските вработувања во културата, последните во албанскиот театар, но пак никому ништо. Таквите вести завршуваат по 10 минута во дневниците, дури и со коментари „што сакаат тие“.

Можеби некој на сево ова ќе каже дека сфаќањето на нашата култура и образование е различно од италијанското, но по се' изгледа и нашето општество и менталитет се далеку од италијанските. Ништо не може да не' помести од место, ние се' може да истрпиме.


#
Статијата е прочитана 1965 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.12.2010 13:20:47
Е,тоа е народ!Сосема Легално е да се дејствува со протести и со борба,кон легално избрана влада која се заборавила во својата моќ,па навлегла во нелегални Криминални дејанија!Секоја чест!
Од: kaktus
Датум: 09.12.2010 15:00:03
Ете, конечно во нешто да не се сложам со Ајван Докторот. Испаѓа дека јунаштвото на еден народ не е во тоа да се спротивстави и бори против нееод��оворната власт, туку да ги издржи и истрпи нејзините тортури и да ги плати нејзините баханалии
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 10.12.2010 02:35:03
@ Kaktus!Razmisli podlaboko,i nauci ;Bez Demomstracii nema promena, ce ostane Starata Zabokrecina!

Најди! во Утрински
Насловна
Можни ли се избори во февруари?
Гошев меѓу политиката и уште еден гувернерски мандат?
Тиквешански
Три во едно за гласачката машина
Не сакаше да биде мртов идол
Jа видоа Германија и се вратија назад
И затворениците на „Фејсбук“
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
Бранковци облекоа жолто, Груевци ја соблекоа портокаловата
И нашите се запалија по романтични венчавки
Кои се „жртвите“ на Џулијан Асанж?
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Нема шанси за динамичен раст
ХА ХА ХА!
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Карикатура
Лигата на шампионите заврши со групите
Стил
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach