Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мислења

ХА ХА ХА!

Петар Арсовски

Мислам дека „кралскава фамилија“ не е свесна каде дошла, па ќе пукне уште една брука кога ќе се свести, набрзина ќе се спакува и ќе здувне

Во владеењето на секоја власт доаѓа момент на прекршување. Тоа е моментот кога поголемиот дел од граѓаните се одвојуваат, се изолираат од власта и почнуваат критички да ја перцепираат нејзината суштина. Момент кога ќе научат да погледнат зад пар��ванот, покрај рекламите и ПР-от. Со други зборови, момент кога трендовите интимно ќе се сменат, односно момент кога власта ќе ја изгуби поддршката, без оглед дали за тоа е свесна или не. Откако ќе се случи тоа, останува само прашање на време кога таа критична маса ќе го достигне потребното ниво за власта дефинитивно да изгуби, во вид на рејтинг или број на гласови на избори. Но, додека тоа се случува, има еден период додека власта се' уште не е свесна дека битката е однапред загубена, па продолжува да си тера по старо со истите приредби и трикови, но сега наместо со сериозна публика, таа се соочува со циници, публика на која нивните потези им се дежа ви. Тоа е период на хумор. Тогаш власта, а особено таква како нашиве маријачи – театрално фасадна, која во основа зависи од имиџот, а не од суштината, се' уште себеси се сфаќа сериозно, ама нејзината публика веќе не ја зема сериозно, па најчестиот исход на потезите на власта е хумор. Тоа е исклучително забавно време, зашто власта, не знаејќи зошто губи тло, влегува во се' поголеми, пограндиозни „проекти“ во вид на театарски претстави, во обид со големината на фасадата да ја скрие суштината и да ја придобие масата назад. Но, колку се проектите понадуени, толку повеќе публиката ги сфаќа несериозно, на смеа. И така, во тој период власта станува вежбанка за хумор и сатира, особено ваква оперетска власт како нашата, која полна со себе, демек, мудро излегува со потези и изјави, кои во основа, секој ден стануваат се' посмешни за веќе отрезнетиот електорат. Во таква ситуација се наоѓаат сега нашиве маријачи. Еве на што мислам:

Еден од најсмешните одговори на новинарско прашање што сум ги слушнал одамна е одговорот на премиерот на прашањето на Б92 за тоа зошто на сред Скопје никнуваат хеленски обележја, барајќи одговор зошто власта токму сега ги гради спомениците на Александар, зошто ги преименува стадионите и автопатите. Одговорот, онака од пушка: „А зошто да не?“ Значи, за проект од 200 милиони евра, кој истовремено се соочува со најголемиот отпор од јавноста, а кој во очите на меѓународната заедница не' прави да изгледаме како деца во пубертет, а на Грција и' дава една плејада аргументи зошто не припаѓаме во друштвото на созреани држави, власта има одговор што личи на караница на деца во градинка – едното дете прашува зошто, другото одговара зошто да не, ми се може. Притоа, маријачите не ни разбираат дека мораат да имаат ѓаволски добра причина зошто ја силуваат градската урбана средина и зошто насилно ја наметнуваат својата инфериорност како национален комплекс. Тука е хуморот: полни со себе, ќе треснат одговор што го сметаат за мистично мудар и после ќе гувеат очекувајќи да ги поддржиме. А ние, отстрана не може, а да не се насмееме додека ги гледаме како монументално се бламираат и уште притоа позерски глумат аристократија.

Втор пример ми е оној несреќен учебник за втора година гимназија по македонски јазик и литература. Маријачите мислеа, мислеа и по долги консултации, проверки, реформи и отекување за тоа како работеле и остварувале - смислија. Тие имале сеопфатен курикулум, наставна програма, експерти, со еден збор, се погрижиле за се'. Резултат? Во прва година децата учат за Шекспир, а во втора година песничка во стилот „јапти, јапти, кокиче“. Децата се смеат, наставничките се смеат, ние сите се смееме, само маријачите мртви сериозни, глумат лудило. По сите проверки, уште акнаа 30.000 примероци од учебникот за никој да не го пропушти срамот. За трета година подготвуваат учебник уште порепрезентативен за нивниот стил. Внатре, нова песничка: „плаво небо, Бог те ј..бо!“

Трет пример ми е онаа смешка од шпанска серија кај другите медиуми против А1: „Кога Велија паѓаше“. Серијата има повеќе продолженија, секое посмешно од претходното. Така вртат неколку тези: полицијата немала намера да ја спречува А1. Мајката! Тие сиротите, се изненадиле кога виделе дека и медиумот е на истата локација каде што дошле да запленуваат. Не знаеле каде влегуваат, туф, туф, извинете, ние случајно, ан-пасан сме овде. Втора теза дека властите биле спречени да ја извршуваат својата работа од страна на А1. Значи, ние треба да веруваме дека оние 100-ина полицајци со маски, црни униформи, неколку хермелини, пиштоли, штитови, пендреци, лисици и блиндирани елеци, биле некако попречени од вработените во А1. Како? Ги нападнале со диктафоните? Фрлале по нив со смоки? Не ми е јасно дали се авторите со парцијална лоботомија или мислат дека публиката им е таква.

Четврти пример ми е палатата на Хунзите во Паљурци – и истовремено ми е ��умористичен хит на неделата. Ги најдовме некаде луѓето, ги довлечкавме и сега ги дочекуваме како што Бугарија го пречека царот Симеон. Тотално во духот на комедијата, која секојдневно ја гледаме: третина од Македонците живеат во сиромаштија, ама за кралска палата ќе се најде. Сјајот и бедата на маријачите овде добива монументални димензии: во една груба манипулација со вистината и со чувствата на народот, кој натежнат од проблемите, очајно гледа нагоре надевајќи се на подобра среќа, овие режисерите ќе им дадат фокус – кралска фамилија со палата во Паљурци. Во третиот милениум ние ќе градиме кралска палата. Хунзите, пак, од друга страна, изгледаат како воспитани, образувани и, генерално, културни луѓе, што, секако, ми буди сомнеж дека се на некој начин роднински поврзани со маријачиве. На крајот, мислам дека „кралскава фамилија“ не е свесна каде дошле, па ќе пукне уште една брука кога ќе се свестат и набрзина ќе се спакуваат и ќе здувнат.

Петти пример ми е новата облека на гардистите. Генијално! Шлемови што личат на качулката на Штрумпфета, токи, шнолички, ременчиња и еполетки. Сигурно, во лето имаат и фустанчиња и кожени сандали т.н. спартанки. Наместо да нарачаат модерна, дезидеологизирана униформа, овие маријачиве сигурно ги притиснале авторите да добијат воено-античка униформа. Само не знам како гардистите ќе смогнат сили во тие костими да се шетаат пред јавноста и пред странските државници. Или гардистите или гостите, нема шанси да не прснат во смеа. И тогаш кога ќе ги прашаат нарачателиве зошто баш вакви униформи, овие пак ќе одговорат: „А зошто да не, кога ни се може“?

Шести пример ми е претставата „Дервишот и смртта“. Откако маријачиве, најдобрите македонски актери, преку своите шупелки во театрите ги избркаа од државата оневозможувајќи им да создаваат дома, сега истите тие власти, истите тие актери ги слушаат како во истиот тој театар на чист босански добиваат громогласен аплауз. Нема а да не се смееш под мустаќи кога ги гледаш како срамно тонат во сопствената иронија.

(Авторот е магистер по политичка комуникологија)


#
Статијата е прочитана 1870 пати.

Испрати ��оментар

Од: tihi
Датум: 09.12.2010 12:24:28
Za razlika od marijacite ,koga gi slusas trubacive bolat usi i pukaat usni tapancinja.Sega mozam da go razberam Pasko Kuzman zasto vika deka ke izbie 3ta svetska vojna ako se otkrie grobot na Aleksandar.Zamislete toj da e stvarno vo Makedonija.I zamislete gi togas trubacive.
Од: Buntovnik
Датум: 09.12.2010 12:32:48
So ovaa vlast ne znaes, dali da se pomocas od smeenje ili da se poseres od strav. Ke si otidat i ke ne ostavat vo dilema. Dali da gi socuvame ili da gi rusime gadotiite koj tie gi gradat denes.
Од: ХА ХА ХА!
Датум: 09.12.2010 12:45:12
Авторот е магистер по политичка комуникологија???
Од: Прле
Датум: 09.12.2010 13:09:50
Само ти и таквите можат да го разберат Паско! За твоја љубов,Александар повторно ќе умре и ќе бара да биде закопан во Паљурци!
Од: caki
Датум: 09.12.2010 13:50:44
Neverojatno kolku omraza prema svojata zemja,kade uchevte vie g-ne,kade magistriravte vo Grcija?Eve prashanje za vas."Kade ima povekje demokratija,vo Grcija ili Makedonija?
Од: deli
Датум: 09.12.2010 14:12:11
Odlično! Pozdrav .-)
Од: Професорка
Датум: 09.12.2010 14:14:44
Браво Петар. Одлична колумна. Има уште многу смешки, ама нема пусто место за сите глупости. Како на пример што им падна мостот Око (пази име за мост) уште непрогледано.
Од: kaktus
Датум: 09.12.2010 14:51:11
“Зошто да не, кога ми се може“ е синтагма која има и свое продолжение и скриена порака која гласи-Зошто да не, кога никој ништо не ми може! Позната фраза која ја употребувале Турците пред Илинденското востание кога вршеле зулуми.
Од: дими61
Датум: 09.12.2010 15:33:14
До цаки Навистина ли мислиш дека во Македонија воопшто има демократија.И споредуваш со Грција.Па ние не можеме да се споредиме ни со Тангузија а не со Грција. Еј каде ти живеш.Не е суштината во тоа што ние сакаме туку како е реалноста.
Од: Simo
Датум: 09.12.2010 16:11:08
Пред 3 години случајно поминував низ Битола. Загледав среде плоштадот огромно сонце од Вергина и ниет да направеле огромен споменик на Филип. Прашав еден човек на улица, дали името на Филип ќе го напишат на грчки, како што му бил мајчиниот јазик на овој најизразен претставник на хеленизмот после Сандета, чоекот слатко се изнасмеја. Рече абе ние Славјаните сме дошле 11 века после Филипа и Сандета тука, и нашиов град не се вика Хераклеја ами Битола, не се вика ни Монастири, туку Битола, а ние се изнадававме пари повеќе од грците за да направиме споменици на нивните јунаци, а тие ни се смеат и не` викаат хндрокефала...(дебелоглавци). Обичен човечец, родум од леринско види што ми рече. Не беше ни свесен колку бил образован, а одеше со зембил од пазарот кон дома ќе речеш обичен прост чоек...
Од: 1od iljadnici
Датум: 09.12.2010 16:11:57
Bravo, isklucitelen tekst! Tolku poenti, sto e tazno sto se tocni i sto se odnesuvaat na mojata zemja. Zalno, najzalno. sto ne mozat site da ja razberat kolumnata...
Од: nekoj
Датум: 09.12.2010 16:30:01
Eve da mu odgovoram na "caki": vo Grcija. :) Zosto, imas problem so toa? :)
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2010 16:37:20
Ќе почнеме од театарот,некој можеби избркан друг тешко истормозен лебот си го ваѓа во странска невладина-опозициона фондација. Големо ха,ха,ха е тоа што тие што ги браните, газдатата ги сведе на смоки независно новинарство кое по искористувањето заврши во калта.Дури и тукашните колеги новинари како и од скоро сите медиуми опозициски и од власта не им дадоа подршка на оние од ,,види мајката,,
Од: Johnny
Датум: 09.12.2010 20:16:32
Sto da kazam za kolumnava osven toa deka se sto sakav da prokomentiram za Paljurci i za nastapot na Mugabe na B92 veke nekoj go napisal.Samo edno mozam da dodadam na toa kako nasiov premier na maestralen nacin i objasni na novinarkava od B92 zosto spomenik na Aleksandar?Osven ona ubedlivoto i sodrzinsko A zosto da ne? sleduvase uste posmesen i poglup odgovor od prethodno dadeniot-Pa toj e mnogu poznata licnost vo svetot.Iskreno ocekuvav malku poubedliv odgovor od perodbenikot,ne prema nas,tuku za novinarkata od Srbija,koja otkako go dobi odgovorot malku podzastana so izraz na liceto koj pokazuva cudenje kakov covek ja vodi ovaa drzava,kako mose nekoj da potrosi 200 milioni evra samo zatoa sto nekoj bil poznat vo svetot.Ama treba da se razbere deka covekot ne moze poveke od ona sto gospod mu go dal.Ednostavno plafoniran e,osven za krcmenje na drzavni,narodni pari?Toj sto zivee vo dve dimenzii ne moze da ja sfati tretata
Од: јас (Прилеп)
Датум: 09.12.2010 20:24:42
Браво МАЈСТОРЕ !!! На глас се смеам , ама ми се плаче во душава!!
Од: Ајван Доктор® -До: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2010 23:13:55
Еве ти една имејл (емаил,по „наше“;) адреса: [email protected]! Провери чија е!Ќе се скинеш од смеење!! ХА,ХА,ХА!Не се работи ниту за маријачи,туку за празни самобендисани шупливи шупелки! P.S. До кај си со Зоки Поки?Послушај си го пастирчето-прочитај нешто!
Од: do Simo.
Датум: 10.12.2010 01:29:15
Demosten,koj nemal simpatii kon antickite Makedonci rekol za Filip deka toj ne e Helen,tuku cuma makedonska.
Од: ванчо
Датум: 10.12.2010 08:52:14
На овакви текстови и слични изјави ни се смеат во странство и не сметаат за нација која сама себе доволно не се почитува. ЖАЛНО И НЕДОРАСНАТО,кога човек не си ја познава својата историја и кој знае од кои причини не си ја почитува сопствената земја а сака да владее со неа.

Најди! во Утрински
Насловна
Можни ли се избори во февруари?
Гошев меѓу политиката и уште еден гувернерски мандат?
Тиквешански
Три во едно за гласачката машина
Не сакаше да биде мртов идол
Jа видоа Германија и се вратија назад
И затворениците на „Фејсбук“
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
Верувале или не
Бранковци облекоа жолто, Груевци ја соблекоа портокаловата
И нашите се запалија по романтични венчавки
Кои се „жртвите“ на Џулијан Асанж?
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Нема шанси за динамичен раст
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Карикатура
Лигата на шампионите заврши со групите
Стил
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach