Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Триесет години од смртта, Џон Ленон

Не сакаше да биде мртов идол

Триесет години по смртта, Џон Ленон и денес има мноштво обожаватели од целиот свет. Многу од нив се родени во годините по неговата смрт, но неговиот лик никогаш не е заборавен. Почина на 8 декември 1980 година, во 40-тата година од животот

„Она што сите го сакаат се мртвите херои како Сид Вишоус и Џемс Дин. Не сум заинтересиран за тоа да бидам мртов идол“- изјавил Џон Ленон на 5 декември 1980 година, само три дена пред својата смрт.

Ленон пред неговиот дом во Њујорк беше застрелан од опседнатиот обожавател Марк Чепман, на 8 декември 1980 година. Тој допатувал дури од Хаваите за да го види, да се запознае и да добие автограм од својот идол. Ленон тогаш се имаше вратено во светот на музиката, по неколкугодишна пауза, која му ја посвети на својот син Шон, што го доби со долгогодишната партнерка Јоко Оно.

Освен што му беше посветен на семејството, Џон Ленон никогаш не престана да ги шири зборовите на љубов и мир меѓу луѓето. Дури не ни веруваше дека некој може да му наштети. Меѓутоа, непознато е она што на Чепман му минувало низ главата тој ден, кога неколку часа останал пред станот на Ленон за да добие автограм. Имено, откако Џон се вратил со Јоко од музичкото студио, Марк само го извлекол пиштолот и пукал. Потоа не се ни обидувал да побегне, туку ладнокрвно останал пред станот. Хистеричната Јоко повикала брза помош, што го превезла Леон во болница, а полицијата го уапсила Чепмен. Лекарите не успеале да го спасат животот на ленон, а потоа, откако е објавена веста во медиумите, обожавателите почнале да се собираат пред неговите домови во Њујорк и Ливерпул. Многумина од нив неутешно плачеле, а многу музички критичари, па и социолози тврдат дека потоа настапил „мрачниот период“.

Некои обожаватели биле толку неутешни што извршиле самоубиство, а пред куќата на Ленон, спонтано се собрала маса луѓе што оставале цвеќе и палеле свеќи. Чепмен доби доживотна казна затвор, а веќе неколкупати има барано условно да биде пуштен на слобода, што според законот има право, но одборот никогаш не му дозволил. „Ленон мораше да умре“ било се' што Чепман и' изјавил на полицијата. Иако фанатичните обожаватели на Ленон се сметаат за безопасни, зашто како и тој веруваат во пацифизам, се смета дека и денес животот на Чепмен би бил во опасност кога би се дознало дека тој е на слобода.

И триесет години по смртта Ленон и денес има мноштво обожаватели ширум светот. Многу од нив се родени во годините по неговата смрт, но неговиот лик никогаш не е заборавен. Сопругата Јоко Оно со голема љубов зборува за неговиот лик и дело, како и многу колеги и пријатели - музичари. Незгодите песни останаа како инспирација за многу млади луѓе, други музичари и уметници.

„Никогаш не проповедав за чистота на душата. Никогаш не тврдев дека имам одговори на сите прашања на животот. Јас во песните само одговарам на прашањата, најискрено што можам... Но и натаму верувам во мир, љубов и разбирање“- кажал Ленон во своето последно интервју. Почина на 8 декмеври 1980 година, во 40-тата година од животот. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 989 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Можни ли се избори во февруари?
Гошев меѓу политиката и уште еден гувернерски мандат?
Тиквешански
Три во едно за гласачката машина
Jа видоа Германија и се вратија назад
И затворениците на „Фејсбук“
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
Верувале или не
Бранковци облекоа жолто, Груевци ја соблекоа портокаловата
И нашите се запалија по романтични венчавки
Кои се „жртвите“ на Џулијан Асанж?
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Нема шанси за динамичен раст
ХА ХА ХА!
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Карикатура
Лигата на шампионите заврши со групите
Стил
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach