Харадинај пуштен поради бремената сопруга
(09.12.2010г.-09:39ч.) Судот во Хаг даде зелено светло за привремено ослободување на поранешниот косовоски премиер Рамуш Харадинај, но под неколку услови, јави дописникот на МИА. Харадинај во Косово може да остане од 17 декември до 14 јануари. Тој не смее да се оддалечува од Приштина, не треба да дава јавни изјави и треба да се пријавува секој ден во полициската мисија ЕУЛЕКС. Харадинај доставил барање за привремено ослободување за да биде блиску до сопругата, која го очекува нивното трето дете. Судот во Хаг го отфрлил аналогното барањето на соборецот на Харадинај, Лахи Брахимај, јави тиранската телевизија Топ-чанел.
|