Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

И затворениците на „Фејсбук“

Иако в затвор, десетици притвореници или осудени лица се активни и на социјалната мрежа

Даниела Трпчевска


Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу е голем фан на Реал Мадрид, а главен адут му е фудбалерот Серхио Рамос. Скопскиот адвокат Саша Андоновски се релаксира слушајќи го хрватскиот бенд „Прљаво казалиште“, како и гитаристот Влатко Стефановски. Поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука, покрај своите афинитети за негување на дворот во затворот „Скопје“ и одгледување цвеќиња, има свој профил и на најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук”.

Иако в затвор, десетици притвореници или осудени лица се активни и на социјалната мрежа. Со лажни или со вистинити профили на најпопуларниот сајт за дружба, може да се спријателите со најпознатиот кумановец, кој беше во притвор речиси две години, со ексдиректорот на „Охис“, чиј профил не е многу активен или, пак, со поранешниот заменик-министер за економија, Саша Андоновски, чија листа на виртуелни пријателства постојано се зголемува.

Но, тука не завршува листата. Новинари што ја следат проблематиката со затворскиот систем во земјава раскажуваат дека биле вчудовидени кога на нивните профили почнале да добиваат пораки од осудени лица, кои ги поздравуваат и ги прашуваат кај се и зошто одамна не навратиле да направат некоја сторија за затворите.

Од Управата за извршување санкции се децидни – осудениците, а особено притворените лица, немаат пристап до Интернет. Интернет-конекција има само во канцелариите на директорите, додека во затворот, а особено во притворскиот дел, строго е забрането употреба на мобилни телефони, а за Интернет, пак, воопшто и не може да стане стане збор. Надлежните во затворите реагираат дека, најверојатно, станува збор за лажни профили или, пак, некои од блиските пријатели или роднини на затворениците во нивно име се вклучуваат на мрежата, со што може да им предизвикаат само проблеми.

Дали станува збор за вистинити или лажни профили е тешко да се утврди, но во Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека досега никој од нив не се обратил до нив за да пријави злоупотреба на податоците или дека некој во нивно име отворил профил на ФБ.

При сурфањето на социјалната мрежа „Фејсбук“ можевме да забележиме дека Бајруш Сејдиу на својот профил досега има 175 виртуелни пријатели. Дали Сејдиу бил активен на Интернет и за време на неговиот престој во затворот „Скопје“, каде што помина во притвор речиси две години, не можевме да утврдиме, бидејќи профилот му е затворен, а неговите активности на социјалната мрежа се видливи само за неговите пријатели. Оние што не се спријателиле со Сејдиу на социјалната мрежа можат да видат само дел од информациите што ги објавил на Интернет – дека е фан на „Реал Мадрид“, му се допаѓа Интернационалниот универзитет во Струга и слично. Поради препродажба на цигари со фалсификувани бандероли и злосторничко здружување, кумановецот Бајруш Сејдиу е осуден на петгодишна казна затвор, а наскоро го очекува крајот на уште еден судски процес.

Профил на „Фејсбук“ има и Јорго Ќука, ексдиректорот на „Охис“, кој ја одлежува три и полгодишна затворска казна за злоупотреба на 300.000 евра. Ќука е в затвор од крајот на минатата година откако беше осуден за злоупотреба на службената положба.

На профилот поставен на „Фејсбук“ има фотографија на Ќука како разговара на мобилен телефон. Тој има 66 пријатели и мал број постови на ѕидот, на кој, веројатно, подолго време не е активен.

„Којзнае кој го отворил профилот во негово име. Јорго Ќука на мравка не гази. Тој толку достоинствено ја издржува затворската казна, кроток е и вреден. Никогаш не сме имале проблеми со него. Напротив, неодамна не се чувствуваше добро, му рековме веднаш да го однесеме на лекар, а тој само рече: „Ќе ми помине, добро сум“, раскажуваат извори од затворот „Скопје“. Според нив, главна преокупација на Ќука е одржувањето на дворот во затворот, а ужива во садењето и негувањето цвеќиња.

Скопскиот адвокат Саша Андоновски, кој е в затвор поради аферата „Бачило“, се чини е најактивен на социјалната мрежа. Неговата листа на пријатели постојано се зголемува. На неа има 587 „виртуелни другарчиња“, меѓ�� кои, голем број новинари, политичари, адвокати, пријатели и роднини. Неговиот ѕид е преплавен со роденденски честитки, а некои од пријателите во нивните апликации го означуваат и како најинтелигентен и најобразован пријател. Се релаксира слушајќи ги Влатко Стефановски и „Прљаво казалиште“.

Пристапот до Интернет преку мобилните телефони им овозможува на осудениците да бидат присутни и на социјалните мрежи. Надлежните поставуваат блокатори на мобилни телефони, специјални опреми, скенери и камери на секое ќоше. Затворите ги зајакнуваат контролите и заплените на мобилки, поставуваат детектори за метал на влезните врати, ги претресуваат пратките, но безуспешно. Затворениците изнаоѓаат најразлични начини за да ги надитрат.

„Осудениците може да имаат пристап до Интернет преку мобилен доколку некој до блиските дојде кај нив на посета и скришно внесе мобилен апарат во затворот. Се користат најразлични начини за да се внесат мобилните, некои дури ги ставаат и во вагината. Надзорниците вршат претреси, но тој што наумил, ќе смисли неверојатен начин за да ги протне телефоните“, коментираат вработени во затворите.

За осудениците што се во отвореното или во полуотвореното одделение, очигледно, полесно е да дојдат во контакт со виртуелноста, но додека се во притвор, надлежните тврдат дека им се ускратени сите можности за контакт со надворешниот свет.

„Имавме сознанија за неколку лажни профили и за некои од нив веќе сме контактирале и сме ја известиле и полицијата. Со лажно претставување, некој може само да им наштети на затворениците, кои се примерни и го почитуваат куќниот ред во затворот“, велат надлежните во затворите.


#
Статијата е прочитана 2172 пати.

Испрати коментар

Од: Mari
Датум: 09.12.2010 16:15:24
Moze i ministerot Manevski e virtuelen prijatel so nekoj od gorenavedenite zatvorenici!
Од: hhhhh
Датум: 09.12.2010 21:35:40
pa dosadno gi na lugeto sto da pravat drugo...... ako ste gi zatvorile barem neka imaat komunikacija kako vremeto da gi proadja
Од: Трпе
Датум: 10.12.2010 10:33:19
ne e vo red... kolku znam tie treba da se izoliraat, bez mobilni i internet, posebno tie kade sto ima istraga i moze da vlijaat na svedoci pa i sudii

Најди! во Утрински
Насловна
Можни ли се избори во февруари?
Гошев меѓу политиката и уште еден гувернерски мандат?
Тиквешански
Три во едно за гласачката машина
Не сакаше да биде мртов идол
Jа видоа Германија и се вратија назад
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
Верувале или не
Бранковци облекоа жолто, Груевци ја соблекоа портокаловата
И нашите се запалија по романтични венчавки
Кои се „жртвите“ на Џулијан Асанж?
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Нема шанси за динамичен раст
ХА ХА ХА!
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Карикатура
Лигата на шампионите заврши со групите
Стил
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach