Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Вегера“ нов газда на управната зграда на „Жито лукс“

Грчкиoт газдa „Елбиско“ тврди дека овој чекор не значи и повлекување од Македонија

Соња Маџовска

Популарната пекарница „Вегера“, која поседува синџир од неколку продавници за бели печива низ Скопје, е нов сопственик на управната зграда на „Жито лукс“ во населбата Капиштец, каде што со години беше сместен менаџментот на компанијата. Грчките газди „Елбиско“, односно управата на компанијата, веќе се селат во фабриката на „Жито лукс“ во Шуто Оризари. Продажбата на деловниот објект во Капиштец ја поврзуваат со глобалната криза и намалување на трошоците на компанијата.

„Имајќи предвид дека глобалната економска ситуација се менува на полошо, со високи каматни стапки, рецесија и многу неизвесности, ’Жито лукс‘ одлучи да реинвестира од непродуктивен имот, со цел да ги намали оперативните трошоци. Поради тоа, компанијата ја продаде административната зграда на локална компанија, а приходот од продажбата е искористен за отплаќање на банкарските кредити и за нови производствени инвестиции. Вработените од амнистрацијата ќе се преселат до крајот на овој месец во фабриката во Шуто Оризари“, велат од „Жито лукс“.

Грчките газди негираат дека продажбата на дел од имотот ќе значи и нивно целосно повлекување од „Жито лукс“ и од Македонија. „’Елбиско‘ е мнозински акционер на ’Жито Лукс‘ од 2001 година, кога го купи мнозинскиот пакет акции и како таков останува“, објаснува менаџментот.

По нивниот влез во 2001 новите газди на „Жито лукс“ започнаа со продажба на дел од имотот на компанијата. Прво се отуѓи дистрибуцијата, со тоа што сите возачи станаа независни дистрибутери. Потоа започна и продажбата на сите дуќани на „Жито лукс“ според сличен принцип - дел од вработените кои си заминаа од фирмата имаа можност и да земат дуќан под кирија, за што добиваа почетен капитал за негово реновирање. Тие што ги најмија продавниците една година не плаќаа кирија, но тој рок истекува до крајот на годинава. Од наредната година ќе мора да ги купат.

Од 20 декември скопската фирма „Вегера“ која произведува бели печива ќе стопанисува со деловниот објект на „Жито лукс“ во Капиштец, откако ќе се изврши примопредавање на објектот. Инаку, оваа фима, покрај управната зграда чија површина изнесува 4.091 квадратен метар, од грчките газди на „Жито лукс“ купиле и атрактивен дуќан во Градскиот трговски центар. Сопственикот на „Вегера“, Јован Јанакиевски, најавува проширување на бизнисот во повеќе градови, но и надвор од земјава.

„Целата на купувањето на овој деловен објект е да обезбедиме подобри услови за работа, особено што од нас се бара да го имплементираме и ХАЦЦП- системот. Наместо да градиме објект надвор од Скопје, се решивме да ја купиме деловната зграда на „Жито лукс“. Во неа ќе биде сместен целиот производствен процес, како и администрацијата. Според плановите, предвидуваме проширување на производството, од сегашното кое е присутно само во Скопје, да се насочиме и кон другите градови во земјава, а ако има можности и надвор од државава. Во тој контекст е целата оваа инвестиција“, вели Јакимовски. Според него, иако првично било предвидено со производство во новиот објект да се стартува од 1 јануари идната година, поради пролонгирање на примената на ХАЦЦП- системот, најверојатно производството, а и целата преселба ќе биде одложена за првите месеци од 2009 година. Газдата на „Вегера“ не открива колку тежи инвестицијата за купување на управната зграда и дуќанот од „Жито лукс“.


Статијата е прочитана 727 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 05.12.2008 01:51:24
bravo nasi investitori ,,isterajte gi vekje od gradov poleke edna po edna grcka firma--
Од: ucenik
Датум: 05.12.2008 08:25:44
Pa 90% od shkolskite kujni vo SKP gi drzi Vegera. Neznam zoshto im se dukkani. A ova shto gi izbrkale Grchishtata edno golemo BRAVOOOOO. Ajde sega makedonci site vo Luk Oil, Tinex etc. Nemamve sila da mu se sprotivstavime na Cosmofon pa ete gospod malku ni pomogna. Chij i da e ne e vekke grcki
Од: maja_tetovo
Датум: 05.12.2008 09:02:03
da se otvorat vo tetovo Vegera prodavnici ke mu cveta biznisot na sopstvenikot, garantirano.
Од: gragjanin
Датум: 05.12.2008 10:14:17
uste edna zdelka pozadi koja stoi vledeeckata garnitura
Од: gv
Датум: 05.12.2008 10:58:49
Grcite ne go priznavaat po ustavnoto ime a nie ponatamu i prodavame nasite pretprijatija nie so leb a tie so kamen.Kade ste patrioti>apsurd.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Дополнителни субвенции за земјоделците
Откази за 300 вработени на „Фени“ и „ИГМ трејд“
Лозари од Тиквешко се закануваат со штрајк
„Ту би“ и „Т-хоум“ потпишаа договор за партнерство
„Бовин“ на германскиот пазар
НЛБ Тутунска ја доби наградата на „Банкер“
Ќе се избира најпретприемач
Бран намалувања на каматните стапки
Славески- Мерките на СДСМ се неиздржани
Хрватска, сепак, со повисоки плати